Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/64

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
54
 

во Македониiа, како шчо го произведоа во Ермениiа англичаните, и со тоа изгуби своiето влиiаiн'е во Македониiа. Но тоа влиiаiн'е му iет нужно, ето зашчо, од iедна страна не увераваат, оти до кога имат слободна Бугариiа, македонцкото прашаiн'е не iет закопано, од друга страна, за да оправдат своiето егоистичио поведеiн'е, сета вина за нестреките каi нас обрнуат на Русиiа.

Браiк'а! зар не iет нелепост, да се мислит, оти Русиiа се боiела од голема Бугариiа и не сакала нашето ослободуаiн'е, и оти по тиiе причини не сакала нашето ослободуаiн'е, и помагала да се ракоположит Фирмил'ан?

Прво да видиме, коi iет крив во сегашното востаiн'е, а на кого паг'ат за него наi голема одгоорност?

Не iеднаш Русиiа ни имат речено, оти она не ке пролиiет, нито iедна капка крв, и не ке ни даит, ни наi мала материiална помок', ако ниiе македонците подигниме востааiн'е. Русиiа по македонцкото прашаiн'е толку пати iет публикуала праител'ствени сообшчуаiна, толку пати сет праени предстауаiн'а на бугарцкото и турцко праител'ства по нашето прашаiн'е. Во сите ниф напрао ни се велеше: седете си мирно, оти, ако напраите брканица, не можам, и не сакам да ви поможам. Со друзи зборои, она си изми раците от сите нестреки од iедно востааiн'е во Македониiа. Можиме ли ниiе после тоа да обвинуаме Русиiа во неискреност и поддупуаiн'е? Зашчо тогаi да се л'утиме на Русиiа?

Ако не се лажам, комитето и организациiата очекуваа помок', не од Русиiа, а од Бугариiа, зашчо во Македониiа во пон'атiата нивни и на екзархиiата бугарцка живеiат бугари. Руси тамо немат. Значит Бугариiа требеше да поможит, или наi категорично да речит: не чекаiте од мене нишчо. Но Бугариiа не напраи ни iедното, ни другото: не напраи првото, зашчо бугарите сет есапчиiи, и сет готои да земат Македониiа, ако им