Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/56

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
46
 

предизвикаа образуаiн'ето негоо. Тоа можит да се напраит, пошчо се одгоорит на главните возразуаiн'а на нашите противници, со коiи они се мачат да покажат да немат нужда од оддел'но македонцко другарство, и да iет негоото оформируаiн'е не своiевремено.

Нашите противници вел'ат, оти сега не му било времето да се подигаат национални прашаiн'а во Македониiа, кога iет зборот за iедно сносно сашчествуаiн'е на сите народности. Сега не iет времето да се оддел'уаме од Бугариiа, кога она напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраит ушче за однапред. Неуместно и неразумно iет да оддел'аме своiите интереси од обшчебугарцкете кога во соiединеiн'ето, а не во расцепеiн'ето iет силата. Ако се подигнит сега прашаiн'ето за националноста на македонците, то ниiе ке требит да се врниме назад на 30 и поеке години. Зар и возможно ли iет сега националното обiединуаiа'е на македонците, кога во Македониiа имат многу, а не iедна националност, и кога немат iедна оддел'на македонцка словенцка нациiа?

Наi напред требит да се речит, да не iет истина тоа шчо велат, да сега не му било времето да се подигат прашаiн'ето за народноста на македонците? Со игнорираiн'ето на тоа прашаiн'е, ние не праиме ни iедна стапка напред, зашчо, ако го игнорираме ниiе, то не го игнорираат сите, и мали, и големи држаи, осим Бугариiа. Ниiе значит, просто си затвараме очите пред неприiатната за нас деiствител'ност. Ако, значит, разгледаме тоа прашаiн'е, нiе не се враiк'аме назад, а одиме напред, сознааiки негоата важност. Вистина со националното прашаiн'е ниiе ке се занимааме 20—30 години, но кривината за тоа лежит во нашите предшественици, коiи не сознаа сета негоа важност, а не го кладоа да здреiит. Да беа тоа напраиле, немаше зашчо ниiе сега да се занимааме со него. Ако прашаiн'ето