Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/55

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.

Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?[1]


Идеiата за образуан'ето на нашето другарство беше − полно оддел'уан'е на нашите интереси од бугарцките. Со него ниiе сакафме да покажиме на русите, оти у нас во Македониiа немат национален антагонизм и iет возможно задружно работеiн'е от сите македонцки народности на културна почва. Ушче поеке, ниiе сакафме да докажиме на русите да немат во Македониiа неколку словенцки народности а имат само iедна; да македонцките словени можат сами да разрушат таiа преграда, шчо iет постаена мег'у ниф од пропагандите и од нивното образуаiн'е во Бугариiа, Србиiа или Грциiа. Ниiе сакафме да покажиме, оти на прекор на нашето образуаiн'е и воспитааiн'е во разни држаи или пропаганди, ниiе предпочитаме сите да напраиме отстапки от своiа страна за обшчемакедонцките интереси, за да не бидиме орадиiе во рацате на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соедеiн'е, ни со Бугариiа, ни со Србиiа, ни со Грциiа.

Но се наiдоа мег'у ланските членои лица, коiи наог'аат за излишно сашчествуаiн'ето на таквоа другарство, зашчо немало оддел'на македонцка народност во Македониiа, а имало тамо србцка и бугарцка, и пошчо во Петроград имало бугарцко и србцко студентцко другарства, то немало нужда от македонцко.

Пред вид на таiа критика за нуждата и целесообразноста на нашето овдешно другарство, ниiе сме должни да си дадиме точен отчет за причините шчо

  1. Прочетено на II-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 28-и Септ. 1903 г.