Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/57

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
47
 

за народноста на македонците имат првостепено значеiн'е за бугарите, србите и грците, и секоiа от тиiе народности го третираат по своему, то зашчо и ниiе тоа прашаiн'е да не земиме во своiи раци, и да го разгледаме сестрано, и од бугарцко, и од србцко, и грцко гледишче, и критикуаiки сите ниф, да не изработиме македонцко гледишче на нашата народност, а се удовлетворуаме спроти местото, каде сме се училе, или со србцкото, или со бугарцкото, или со грцкото гледишче? Да не си изработиме своiе, македонцко гледишче за нашата народност, убедител'но и спраедлио за сите македонци, значит, да ниiе не сме во состоiаiн'е самостално, без туг'о влиiаiн'е да изучиме сами себе. Iас не можам да допушчам последното и го броiам оскрбно за мене, ето зашчо и не се откажуам на прво место да си изработам своi самостоiен возглед на прашаiн'ето за моiата народност и таiа на моiите сонародници. Значит, од моiе гледишче нашето другарство во прашан'ето за нашата народност не напраи никаква нетактност, и само укажа извесна услуга на дуовните интереси на македонците.

Сега ке требит да одгоориме на возразуаiн'ето, да не iет уместно и iет не своiевремено да оддел'уаме нашите интереси од обшчебугарците, зашчо од iедна страна, силата била во соiединеiн'ето, и од друга, Бугариiа напраила толку жртви за нашето ослободуаiн'е и ке напраела и за однапред.

Тоа возразуаiн'е iет многу сложно, затоа ке требит да се одгоарат на секоi дел по оддел'но.

Прво нешчо, шчо можит да се речит, тоа iет, да ниiе не сега се оддел'уаме од Бугариiа, и со тоа раздробуаме iедно создадено цело, но сме одделени и живиме веке оддел'но поеке од 25 години. Друзи не разделиiа и создадоа од нас и бугарите различен жиот, разни потребности, нерамен положаi. Друзи и не ни