Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/54

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
44
 

Ако тоiа долг се сознаит, ако обiединуаiн'ето на нашата интелегенциiа со бугарцко, србцко и грцко образуаiн'е се достигнит, ако се парализуат работеiн'ето на пропагандите и се успеит, тиiа сосим да се отстранат од Македониiа, ако се устаноат добри односи кон сите македонцки народности и се подобрит политичното и материiалното состоiаiн'е на македонците, то, при сите дадени жртви, ке можиме краi другото да бидиме доолни од iедно: востааiн'ето ни отвори очите на грешниiот пат, по коi до сега врвифме, по коi ке врвифме и за однапред, и без востааiн'ето сами ке подготвифме почва за дележ; оно ни отвори очите на много наши нужди, коiи шчо и не и предполагафме по напред.

Даi, Боже, сегашното востааiн'е да ни послужит како iеден урок на нашиiот народ; урок за сите нас македонците, без разлика каде сме се образуале и како сме се до сега викале. Даi, Боже, сега пролиената крв да послужит како завет мег'у живите, коiи сет должни пред таiа крв да се заклнат за iедна обшча културна работа, на полза и стрек'а на нашата обшча много патена таткоина - Македониiа.