Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/53

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
43
 

Наi после културното работеiн'е iет разумно. Интелегенциiата со него разiаснуат наi важните за себе и за народот прашаiн'а. А наi важни сет тиiа прашаiн'а, шчо сет врзани со народното самосознааiн'е.

Во последно време ниiе истапифме со бараiн'е политична слободиiа, без да се запитаме, али сме ниiе дозрели до неiа, и али сега тоа ни iет наiнужното? Нашите последни бараiн'а до колку сет праилни, или не, не земам да решаам. За мене iет по важно прашаiн'ето за нашето национално-религиозно и економцко возродуаiн'е; а тоа можит да станит само со изучааiн'ето на своiот народ, прво како одделна iединица, после во врска со друзите македонцки и балканцки народи, и наi после како член на словенцката фамилиiа народности. Такво изучааiн'е ке внесит разумност во нашите односи кон сите упоменати народи.

Ето приближно какво можит да бидит наi главното работен'е на македонцката интелегенциiа за да се попраат сите грешки напраени со последното востааiн'е. И така работеiн'ето наше ке требит да бидит на почва на народното просветеiн'е: мирно, легално, евол'уциiно; оно ке имат за цел'а, интелегенциiата да бидит истинцка служанка на народот, а не на опаку. Но за да бидит таiа служба благодатна, нам ке ни требит да создадиме народни служители, народна интелегенциiа, коiа ке си посветит сите своiи сили на народното благо. Ни требит интелегенциiа со iасно сознааiн'е на моралниiот долг на чоека пред негоата таткоина и негоiот народ. Ни требит интелегенгциiа морално и умствено совршена.

Сегашната наша интелегенциiа требит да посветит сето своiо работеiн'е над моралното и умствено усовршуаiн'е на своiот народ и создааiн'е на iедна идеална македонцка интелегенциiа.