Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/123

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
113
 

дониiа, од iедна страна со централното македонцко наречиiе, од друга со источно-бугарцкото наречиiе или србцкиiот iазик каi Вук Караджич, ке видиме, оти сите македонцки наречиiа сет по блиски до централното македонцко, а не до централните наречиiа на друзите iужни словени.

Значит, во Македониiа имат сплошно словенцко ни србцко, ни бугарцко населеiн'е.

Тоа го признаваат и србцката и бугарцката пропаганда, и ако за надворешниiот свет и iедната и другата зборуваат, оти во Македониiа имало г'оа две народности: србцка и бугарцка.

Србцката пропаганда iет р'аширена низ цела Македониiа без Костурцко, Сереско, Петричко, Драмцко т. е. без краiниiот iуг и краiниот исток. Во Костурцко србите немаат пропаганда, не зашчо не сет костурци срби, ами, дрбровол'но отстапуат на грцката пропаганда. Истокот на Македониiа србите великодушно го отстапуат на Бугариiа.

Бугариiа iет не по малу великодушна во македонцкото прашаiн'е кон Србиiа: и Бугариiа признаат срби на с.-з. от Шар планина; сета друга Македониiа iет бугарцка, според бугарите.

Значит, двете пропаганди не спорат само за земiите на с.-з. од Шар планина и тиiе части от серцкиiот санджак, шчо сет краi бугарцката граница. Во првата живеiат iедногласно срби, а во другата — пак iедногласно — бугари. Но великодушиiето на србите iет само за тоа, да покажат умереноста на своiот апетит и справедлиоста на нивните бараiн'а: ето не сакаме тоа, шчо не iет наше. Истото iет причината на бугарцкото великодушие спроти србите. Бугарите дори излезоа по толерантни: страната зад Шар, iе признаа за Стара Србиiа.

Но от како шчо се искл'учат тиiе две краiини, сета друга Македониiа србите iе крстат србцка, бугарите — бугарцка.