Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/124

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
114
 

Каде iет причината на тоа? И шчо можит да закл'учит чоек од двоiните претенциiи за Македониiа?

Причините на претенциiите на србите и бугарите сет, се разбират, чисто политични, но осим ниф имат ушче iедна: македонцките наречиiа iедно до друго стоiат така блиско, iедно во друго се сливаат толку незабележено, да, ако се признаит iедно од ниф за србцко или бугарцко, ке требит да се признат за такви iедно по друго и сите саседни со него. Закл'учок от тоа iет — да самите пропаганди признаваат, да во Македониiа имат само iедна словенцка народност; значит, утврдуадн'ето, да Македониiа не предстауала етнографцка целина, противоречит на нивните постапоци.

И после, се горереченото, ке се наiдат мнозина коiи ке речат: можит, вистина iет, да, ако немало до сега македонцка словенцка народност, она можит да бидит создадена од времето, особено от сегашните историiцки прилики; вистина iет, оти македонците по iазико своi не можат со прао да бидат наречени, ни бугари, ни срби, ами сет нешчо оддел'но, т. е. состауваат оддел'на етнографцка iединица но пак, како ниiе сега можиме да се велиме македонци и да создааме оддел'на македонцка народност, кога: ниiе, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се велеле бугари? Ниiе не можиме да се откажиме от тоа, зашчо тоа име ни iет свето као и верата.

Да видиме, дали iет тоа така.

Ниiе се велеме бугари, како шчо iеден чоек се велит со iедно име, да речиме Петр. Се прашат, коi ни го клал името, шчо сакал да означит тоi со него, кога не крстил и шчо разбираме ниiе под името бугарин, кога се велиме со него? На тиiе прашаiн'а ке ни одгоорит крстуаiн'ето на чоека и значеiн'ето на негоото име за друзите и за самиiот него.