Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/122

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
112
 

цкото или шопцкото наречиiе, да не беше мало распространено и со многоброiни оригинални особини, коiе се немаат во друзите наречиiа во Бугариiа, Тракиiа и Македониiа. Наi после за сочувуаiн'е на националната целост мег'у Бугариiа и Македониiа, првата не ке се согласит, за обшч литературен iазик на македонците и бугарите да се изберит македонцкото централно наречие, на место источнобугарцкото. Ето зашчо прашаiн'ето: коiе наречиiе требит да бидит обшч литературен iазик за македонците и бугарите, ако првите и за однапред ке се вел'ат бугари, — коiе, прашаiн'е, сега не се постаат на дневен ред, зашчо умоите на сите македонци сега сет зафатени со револ'уционото движеiн'е iеден ден неминуемо ке поведит и без друзи причини кон iедно расцепуаiне мег'у Бугариiа и Македониiа, со создааiн'ето от последната своi литературен iазик.

А создааiн'ето, редом со србцкиiот и бугарцки, одделен македонцки литературен iазик, не iет ли рамносил'но со одел'уаiн'ето на македонците во оддел'на ни србцка ни бугарцка, ами македонцка словенцка народност? Бугарите, можит, ке речат, оти ноата словенцка народност со своi литературен iазик ке бидит пак бугарцка, само со друго име. Ниiе македонците, се разбират, да не ке имаме нишчо, не само против бугарите, ако не признаат нас за бугари, но и против србо-хрватите, ако последните не признаваат нас за чисти срби или хрвати.

И така централното македонцко наречиiе iет iеднакво далеко и от србохрватцкиiот и бугарцкиiот литературен iазици и можит да се разгледуат, како нешчо оддел'но од ниф. Ке се речит, наiдофме iедно неутрално колце на веригата од наречиiа. Сега остаат да се решит, дали тоа неутрално колце стоит осамотено со оддел'на од друзите колца боiа, или имат и друзи колца со истата или по блиска до неiа, од колко до друзите боiа? Ако стокмиме наречиiата от краиiшчата на Маке-