Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/121

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
111
 

Сега да допушчиме да сет и македонците бугари, и да сет особините на македонцкото централно наречиiе исто толку бугарцки, колку и источно-бугарцките. И во таков случаi не можит да се зборуат за етнографцка целост мег'у Бугариiа и Македониiа. И да iет имало некога таква целост, она можит од одот на историiцките прилики да се нарушит. Во секоi случаi обшчите интереси можат да се поддржаат со взаимно согласуаiн'е мег'у членоите на целината. Интересите на целината требит да сет iеднакво скапи за сите членои, шчо iе состауваат: од неiа требит да имаат сите iеднакви згоди, и во неiна полза сите требит да праат iеднакви жртви. Ако тоа се немат, и ако од неiа, iедни имаат голема полза, не праеiки никакви жртви, а друзите праат големи бесполезни жртви, целината се раздел'уат. Националната бугарцка целина, во коiа се односуваа: Бугариiа, Тракиiа и Македониiа, не можит да се сочуат, зашчо немат таков етнографцки центр, шчо можит прочно да соiединит тиiе три страни, као шчо сет соiединени србцко-хрватцките земiи, немат постредин на тиiе земiи iедно наi распространено, и iеднакво оддалечено от сите нивни краiишча наречиiе, коiе да притегл'уат около себе периферичните наречиiа и да распространуат обшчо национално самосознаiне мег'у сите, шчо зборуваат на тиiа наречиiа. Во таков случаi секоi ке сознааше, оти не само македонците, ами и бугарите од Бугариiа и Тракиiа праат iеднаква со ниф отстапка во полза на центрот.

Сега пак случаiот издигнал за литературен iазик на бугарите источното бугарцко наречиiе, коiе се наог'ат на краiната протиоположна страна од Македониiа. Оно не можит да служит за обшч литературен iазик на бугарите и македонците, зашчо не можит дуовно да обiединит на iеднакви праа сите три припаметени области. Тоi задаток би можело да исполнит западно-бугар-