Немат срби, значит имат бугари, Но немаiн'ето срби дали вистина значит да имат бугари?
Во централното македонцко наречиiе, мег'у другото се имаат таквиiа фонетични особини: старо-македонцките гласои ъ и ь, во тиiе места, каi шчо се имаат сочуано, преминуваат во о и е, напр. денот, от старо-македонцкото дьньтъ ; преку дьньт; сонот, от сънът; на место старото тi и дi имаме к' и г' или iк' и iг' , напр. вреiк'а и туг'а; на место нъ имаме iн' напр. коiн' на место конi, на место ѫ - а, напр. рака и др. Сите тиiе особини не сет србцки, но не сет ни бугарцки. Они се немаат во главното бугарцко наречиiе - источно-бугарцкото коiе служит и за литературен бугарцки iазик.
Ако источно-бугарцкото наречиiе се признаат за наi типично, то многу iет iасно, оти самата географцка далекост на македонцкиiот центр од него iет доста да покажит, оти последниiот не можит да бидит бугарцки.
На источно-бугарцкото наречиiе сега се гледат, како на наi типично и наi чисто от туг' уплив, бугарцко наречиiе. Оно iет сравнител'но со западно-бугарцкото по распространено. Во последното се имат голема разлика од источното наречиiе, но се признаат во него, осим оригиналноста негоа, србцки уплив. Македонцките наречиiа имаат пак своiи оригинални особини, а зашчо се наог'аат по саседство со србите, се признаваат пак за не чисти от србизми. Осим тоа тиiе сет на краiниiот запад. По сите тиiе причини, а наi главно по тоа, шчо македонците, за своiето ослободуаiн'е од грцкиiот патрик и от Турцко, работеа до последната руско турцка воiна заiедно со бугарите под името бугари, а местата за таiа борба беа около Бугариiа, т. е. во Стамбул, Влашко, южнозападна Русиiа и Србиiа, коiи (места) помагаа во ослободител'ната работа наi многу да бидат застапени бугарите, поможаа да се обiаит источното бугарцко наречиiе за литературен iазик на бугарите и македонците.