Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/119

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
109
 

наречиiата као да сет врзани iедно со друго, како колцата во iедна верига.

Сега се питат: коiи колца од, нашата верига наречиiа ке се наречат србцки, а коiи бугарцки и на коiа осноа?

При решеiн'ето на тоа прашаiн'е не требит да се забораат и следните прашаiн'а: коiи наречиiа от србцкиiо и бугарцкиiо iазици се признаат за наi типични за тиiе iазици и коiи нивни особности се признаваат за наi характерни за iедните и другите iазици? Дали тиiе наi характерни црти се имаат во сите македонцки наречиiа!? Дали македонцките наречиiа имаат своiи обшчи характерни особности, коiи се немаат, ни во србцкиiот, ни во бугарцкиiот iазици? Дали во македонцките наречиiа по оддел'но преовладаваат македонизмите пред србизмите, или бугаризмите, или наопаку? Наi после да ли особините на краiните или перифериiцките македонцки наречиiа и гоори ни дозвол'уваат да и сочитаме за по блиски до стредното и наi типично македонцко наречиiе Велешко-Прилепцко-Битолцкото или до централните наречиiа на србцкиiот и бугарцкиiот iазик?

Као наi типичен и раширен србцки диiалект се iавуат Босниiцко-Ерцеговинцкото или iужното србцко наречиiе, коi шчо iет од времето на Вук Караджич литературен iазик на србо-хрватите. Централното или Велешко-Прилепцкото македонцко наречиiе никоi пат не можит да бидит по своiите особини однесено кон србцкиiот iазик, зашчо мег'у него и централното србцко-хрватцко наречиiе или сегашниiот србцко-хрватцки iазик имат исто таква разлика, како и мег'у чешкиiот и пол'цкиiот iазици. Ке се речит, во стредината на Македониiа срби немат. От сегашното признаiн'е на сашчествуаiн'е на Балканцкиiо полуостров само три словенцки народи: словинци, србо-хрвати и бугари, со одричаiн'ето во центрот на Македониiа срби, као да се признаат косвено имаiн'е тамо бугари. Но дали денешното гледишче iет праил'но?