носта iет политично-механичен процес, то имаат се сите нужни условиiа за оддел'уаiн'е на Македониiа во самостоiна етнографцка област: македонците имаат обшча таткоина, последната постепено со реформи се оддел'уат во самостоiна политична целина, во неiа се имаат неколко колца од iужно-словенцката iазична верига, тиiе колца много лесно се обiединуваат со обшчото признааiн'е стредното од ниф за обшчо орадiе во искажуаi'н'ето на литературната реч за сите интелегентни л'уг'е во Македониiа и за во книгите и сколиiите. И така, сите условиiа за националното возродуаiн'е на Македониiа се имат на лице, па и тоа возродуiн'е и од гледишче на втората историiцка теориiа за образуаiн'е на Балканцкиiот полуостров на малите етнографцки iединици од iедна по голема iет совршено логично.
Тоа можит да се забележит на тиiе, шчо вел'ат да никога немало македонцка народност. — Немало, ама iе имат сега и ке бидит за однапред.
⁂
Сега да се попитаме друго: али ке бидит точно, да се кажуат да имат во Македониiа две народности и ако имат iедна, то али таiа народност можит да бидит наречена србцка или бугарцка?
Во Македониiа, како и во секоiа друга земiа, имат многу наречиiа, блиски iедно до друго. Таiа блискост од iедно наречиiе се проiавуат, од iедна страна до сите друзи македонцки наречиiа во обшчи фонетични или звуковни, морфологични или формени и лексични или речнични особини; од друга страна секоiе наречиiе iет наi блиско до негоите соседни наречиiа, имаiки со ниф обшчи особини, коiи се немаат во по оддалечените од него друзи наречиiа, и то западниiот дел од наречиiето iет по блиско до негоиiот западен сасед и со него, туку речи, се сливат, источниiот до источниiот и пр., и така,