речиiа на iужно-словенцката етнографцка верига и и крстиiа со нивното име. Возлите си имаа, као своi центр носител'от на националното име; со увеличеiн'ето или умалеiн'ето на политичното могушчество на носител'от на националното име и последното се рашируат или се умал'аат. Така станали имиiн'ата србин и хрватин народни от племени; така се присоiединиле до нивните носители механически соседните племиiн'а со своiите наречиiа и состаиле со ниф iеден народ, постепено асимилируаiки се со своiите покорители или присоiединители.
Ако образуаiн'ето на iужнословенцките народности iет механичнополитичен процес, то истиiот не iет нешчо невозможно и во сегашно време. Во iужно-словенцката iазична верига имат неколку колца надвор от србцкиiот и бугарцкиiот политични возли: тоа сет македонцките наречиiа, И вистина, тиiе колца, бидеiки по мег'у себе наi блиски, имаат некоiи режки на исток блиски со бугарцките и на север со србцките колца. Тиiе колца во разни времиiн'а беа со разни имишча боiадисани, до кога, во 4-та четвртина на поминатиiот XIX век, боiите не зафатиiа да се клаат iедна врз друга и не парализуваа iедна друга. И iедната и другата боiа не се држеше iако за колцата, и малу по малу боiите зафатиiа да се рушат и под ниф зафати да сиiат природната им боiа „словенцка" со одблеск „македонцки" од географцката област, во коiа сет распределени. Носителите на тиiе колца — наречиiа некога се викале „словени", а после, то бугари, то срби, до кога конкуренциiата на тиiа двата имиiн'а не и напраи боiите туг'и за македонцките словени, и они не зафатиiа да се именуваат со старото географцко име на своiата таткоина. Името македонец прво се употребуаше од македонцките словени, како географцки термин за покажуаiн'е на своiот происход. Тоа име iет обшчо известно на македонците словени и сите со него се именуваат. Іедно iет така, и iедно образуаiн'ето на народ-