нужно фамил'но неприател'ство за некакво обiединеiн'е со Бугариiа, шчо никоi пат не ке бидит допушчено, ни од малите балканцки, ни од големите држаи.
Значит во сегашните политични прилики имат, не по малу осноаiн'е за загубуаІн'е од бугарите Македониiа, од осноаiн'ата за загубуаiн'ето нивно во стредните векои денешна Србиiа. И као шчо загубуаiн'ето на Србиiа во политичен однос повлече по себе загубуаiн'ето неiно и во национален однос, исто така раздробуаiн'ето на С. Стефанцка Бугариiа во политичен однос ке повлечит и раздробуаiн'ето неiно во етнографцки однос. Приликите создаат културна и национална близост мег'у л'уг'ето, и приликите и разрознуваат роднинцките елементи.
Такво сопостауаiн'е можит да бидит мег'у првата, т. е. теориiата за заселеi'н'ето на Балканцкиiот полуостров од iужни словени, сформируани во две народно'сти, строго разграничени во етнографцки и географцки однос и постепеното изменеiн'е на етнографцката карта на Балканцкиiот полуостров од iедна страна, и процесот на современото национално обособуаiн'е на Македониiа од друга.
Сега да видиме, дали од гледишче на другата, т. е. Іагичiевата теориiа за образуаiн'е на iужнословенцките народности, можит да се обiаснит постааi'н'ето, при сегашните политични прилики, на iедна ноа македонцка словенцка народност?
Іагич ни велит, iужно-словенцките iазици да сет и да биле верига од наречиiа; исто така, сите iужни словени, до образуаiн'ето на бугарцката, србцката, хрватцката и словенцката држаа, да се велеле со iедно име - словени. На, протежеiн'ето на таiа верига од iужно-словенцки племиiн'а и наречиiа, као да се образуале 4 iаки возли, ке се речит, 4 држаи со разни имиiн'а, т. е.: словинцка, хрватцка, србцка и бугарцка држаа. Тиiе возли, т. е. држаи, спроти силата, шчо iе имаа, кога се оброзуваа, си и разделиiа мег'у себе сите колца -племиiн'а, и на-