Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/115

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
105
 

Истото iет и ке бидит и со Македониiа. Македониiа напраи опит наi напред да се ослободит от Турцко, но за сожал'уаiн'е излезе опитот неудачен. Можит по ослободуаiн'ето ке се мислеше и за соединуаiн'е со Бугариiа. Но таiа година ни покажа, оти историiцките прилики никоi пат не ке дозвол'ат да се соiединит цела Македониiа со Бугариiа; сега за македонците и бугарите, остаат iедно од двете: или делеiн'е на Македониiа мег'у Балканцките држаици и со тоа изгубуаiн'е за бугарите и македонците 23 од Македониiа, или полно пресечуаiн'е врските со бугарите и постауаiн'е на македонцкото прашаiн'е на совршено неутрална, чисто македонцка осноа. Кога така го постауат необходноста прашаiн'ето, то iасно iет, оти секоi пат и от секого ке бидит предпочетено второто. И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа? Зар имат по голема близост мег'у iеден македонец од источна Македониiа и iеден Рушчуклиiа или iеден македонец од источна и западна или северна и iужна Македониiа? Кога историiцката необходност категориiцки ни заiавуат: македонци, или се соiединуаiте мег'у себе и отчекнеiте се од друзите балканцки народи, или готвеiте се за дележ на таткоината ви! — сите искрени патриiоти македонци ке приимат првото. Па тоа го налагат на македонците и чоешчината: зар iет чоечко сегашното стаiн'е, во коiе iа имаат доведено Македониiа пропагандите? Во iедна кук'а таткото iет од iедна народност, iедеiн'от син од друга, друг'от от трек'а народност, и iеден Господ знаит, до кога ке се продолжит да бидит така! Чоешчината го барат од нас да се искоренит во таткоината наша тоа ненормално стаiн'е, и да се примират брат со брат, татко и деца. Такво обiединеiн'е iет необходност, а не ни iет