мег'у бугарите и србите, особено прашаiн'ето, со какво населеiн'е беа заселени стредновековните: Мораа, Кучео и Браничео, или, со друзи зборои, денешната кралеина Србиiа? За ниф велит Шафарик, на осноаiн'е на византиiцките историци, особено Константин Порфирородни, да беа они заселени со бугарцки словени, шчо бидоа посрбени во XIII и XIV в. в. Ако се допушчит за верна таiа теориiа ке бидит iасно, оти iеден народ не секога можит да устоит против натискот от туг'и, соседни народи, а губи iеден своi дел во корист на по силниiот сасед, и друго, од неiа се видит, оти народите можат да се состаат од два блиски народи, слиени во iедно, као последица на историiцка необходност.
Шчо имат бидено во стредните векои, зашчо да не можит да бидит и сега? Бугарцкиiот народ iет изгубил готоо цела денешна Србиiа во корист на србите, и се примирил со мисл'ата за таiа загуба, и не броiеiки iе за таква. Зашчо он не можит да се примирит и со мислата за загубуаiн'ето на Македониiа, кога тоа загубуаiн'е iет исто таква неминуана необходност, како шчо беше неминуана необходност и загубуаiн'ето на Србиiа? Историiцките прилики неминуано водеа до изгубуаiн'ето на Србиiа за Бугариiа во корист на Неманичите и на србството, прво во политичен, а после и во национален однос; а историiцките прилики, создадени од Берлинцкиiот трактат, напраiа, Македониiа да бидит загубена за бугарите.