Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/113

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
103
 

подобен на процесот на образуаiн'ето на бугарцкиiо и србцко-хрватцкиiот народ од некогашните iужни словени.

Да срамниме тиiе два процеса.

Іедни историци и филолози тврдат, оти iужните словени, ушче до доiдуаiн'ето нивно на Балканцкиiо полуостров, се разликуале по мег'у себе, т. е. состауле два оддел'ни народи: словени (бугари и словинци) и србо-хрвати. Така тврдиiа Копитар, Миклошич и Шафарик. Друзи историци, особено лингвисти (iазикознаiци) тврдат, оти сите iужни словени, во време на своiето пресел'уаiн'е на Балканцкиiо полуо'стров, зборуале на разни диiалекти (наречиiа) од iеден iазик, сите се велеле со iедно обшчо име: словени. Словени се велеле и србо-хрватите. Имиiн'ата: срби и хрвати се носиле од малечки iужно-словенцки групи и биле племенни, а се сториле народни само, кога нивните носители, т. е. племиiн'ата срби и хрвати, образуале големи држаи. Сите словени, подаiници на србцката држаа, се велеле на место словени -срби, а на хрватцката држаа- хрвати. Така учит проф. Іагич, а заiедно со него и негоите ученици. Тоi и на сегашните iужнословенцки iазици не гледат, како на три целини, точно разграничени, а како на верига дробни наречиiа, коiи шчо се сливаат iедно во друго, како шчо влизаат колцата во веригата, од iедна страна во iедното саседно, а од друга - во другото саседно колце.

Ако се довериме на првата теориiа, т. е. бугарите и србо-хрватите да се преселиiа на Балканцкиiо полуостров како готови оддел'ни целини, то се питат, до каде се простираа тиiе народности во време на преселеiн'ето, и дали сите доiдени бугарцки словени останаа и досега таквиiе или некоi дел од ниф се посрби? и дали сите доiдени србо-хрвати останаа као такви, или дел и од ниф се побугари? При допушчаiн'ето, да се доселиiа готои iужнословенцките народности на Балканцкиiот полуостров, совршено неосветено остаат прашаiн'ето за границите