Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?[1]
Долгоприготвуаното и многоочекуаното востааiн'е напоследок излезе на iава. Нашите земiаци си покажаа сета iунашчина и готовност да се пожртвуат за интересите на своiата таткоина. Борбата беше и iет отчаiана. Сиiот европеiцки свет обрна своите возгледи на неiа. Новините се преполниiа со известiа от театрото на возстааiн'ето. Редом со известiата за борбата мег'у четите и турците, во ноините се печатаат и известiа за турцките зверства над мирни жители. Европеiците се потресоа и ужасиiа от тиiа известiа и зафатиiа да окажуат нужното влиiаiн'е на своите праителства за да се пресечит колеiн'ето на мирното населеiн'е и да се помогнит на нестрек'ното македонцко жителство. Во Бирмингем Ворстерцкиiо владика напраи во црквата молебен за спасеiн'ето на македонцките рисiани. Кентербериiцкиiо архиiепископ се обрна кон англиiцкиiо министер-президент Бал'фур со молба од името на англиканцката црква, да се поможит на македонците. Европеiцкото обшчество зафаiк'ат да наредуат помоки за македонцките страдал'ци. На патуаiн'ето на Германцкиiо император се придаат политично значеiн'е, мег'у другото и за македонцките работи. Турциiа, како шчо се видит, како да се наiде на тесно, и предложи на Бугариiа да се доiдит мег'у ниф до iедно согласуаiн'е за македонцкото прашаiн'е. Разни праителства праат офицiални декларацiи по нашите работи. От Стамбул телеграфируат во разни европеiцки ноини (Standard)
- ↑ Прочетено на 21-ви Септември таіа година во 1-та седница на Петроград. Македон. Научно-литературно Другарство „Св. Климент“.