Прејди на содржината

Четврта книга Мојсеева/ 3 глава

Од Wikisource

2 глава Четврта книга Мојсеева
3 глава
од Мојсеј
4 глава


  1 Ова е Ароновото и Мојсеевото родословие од времето кога Господ му зборуваше на Мојсеја на Синајската Гора.
  2 Ова беа имињата на Ароновите синови: првороденец Надав, потоа Авиуд, Елеазар и Итамар.
  3 Тоа се имињата на Ароновите синови, на свештениците помазани, за свештенство на посветените.
  4 Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога во Синајската Пустина, принесуваа непосветен оган пред Господа. Бидејќи немаа синови, затоа Елеазар и Итамар служеа како свештеници во присуство на татка си Арона.
  5 Господ му рече на Мојсеја:
  6 „Повикај го Левиевото племе, нека застане пред свештеникот Арона. Нека му прислужуваат;
  7 нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.
  8 Нека се грижат за сиот намештај во Шаторот на средбата, за должноста на Израелевите синови, и нека ја исполнуваат службата во Шаторот.
  9 Дај им ги левитите на Арона и на неговите синови. Израелците нека му ги подарат целосно.
10 Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”
11 Господ му рече на Мојсеја:
12 „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!
13 Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”
14 Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:
15 „Изврши попис на Левиевите синови по нивните семејства и родови; изброј ги сите машки од еден месец и повеќе.”
16 Мојсеј ги изброја според Божјата заповед, како што му беше наредено.
17 Овие беа Левиеви синови по име: Гирсон, Каат и Мерариј.
18 А ова се имињата на Гирсоновите синови по нивните родови: Ливниј и Семеј.
19 А Каатови синови сè по своите родови: Амрам, Исар, Хеврон и Озиил.
20 Мерарови синови сè по своите родови: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите родови по нивните семејства.
21 Родот Ливниев и родот Семеев влечат лоза од Гирсона. Тоа се родови на Гирсоновците.
22 Од нив во пописот на сите машки од еден месец нагоре беа избројани седум илјади и пет стотини.
23 Родовите на Гирсоновците да ги поставуваат шаторите зад Шаторот кон запад.
24 Елисаф, синот Лаилов, беше глава на семејството на Гирсоновците.
25 Гирсоновците се грижеа, во Шаторот на средбата, за Шаторот и за неговиот покрив, за завесата на влезот во Шаторот на средбата;
26 потоа за завесите во дворот, за завесата на влезот во дворот што е околу Шаторот и жртвеникот, за нивните јажиња и за сè друго што спаѓа во таа служба.
27 Од Каат произлегуваат: Амрамовиот род, Исаровиот род, Хевроновиот род и Озииловиот род. Тоа се родовите на Каатовците.
28 Кога беа избројани сите машки од еден месец нагоре, ги имаше осум илјади и шест стотини. Тие се грижеа за Светилиштето.
29 Каатовите родови поставуваа логор од јужната страна на Шаторот.
30 Елисафан, синот Озиилов, беше глава на родовите во Каатовиот дом.
31 Тие се грижеа за Ковчегот, за столот, за светилникот, за жртвениците и за светиот прибор со кој се служеа и, конечно, за завесата и за сè што и припаѓаше.
32 Елеазар, синот на Арона свештеникот, беше врвен главатар на левитите, Тој вршеше надгледување над оние кои се грижеа за Светилиштето.
33 Од Мерариј произлегуваа Малиевиот род и Мусиевиот род. Тоа се Мерариеви родови.
34 Од нив, при пописот на сите машки од еден месец и повеќе, беа избројани шест илјади и две стотини.
35 Сурил, синот Авихаилов, беше глава на родовите во Мерариевиот дом. Тие поставуваа логор на северната страна од Шаторот.
36 Мерариевите синови се грижеа за даските на Шаторот, за неговите лостови, за столбовите и за неговите подножја, за сиот негов прибор и за сè што спаѓа во неговата служба.
37 Освен тоа, за столбовите околу дворот, за нивните подножја, за колчињата и за јажињата.
38 А оние што ќе ги поставуваат шаторите на предната страна, пред Шаторот на средбата на источната страна, да бидат Мојсеј, Арон и нивните синови, на кои им беше доверена служба во Светилиштето во име на Израелевите синови. Странец кој би се доближил, ќе биде погубен.
39 Сите избројани од левитите од еден месец нагоре, кои Мојсеј и Арон ги избројаа, по Господова заповед, по нивните родови, беа дваесет и две илјади.
40 Господ му рече на Мојсеја: „Преброј ги сите машки израелски првороденци од еден месец нагоре па изврши попис на нивните имиња.
41 И левитите додели Ми ги Мене - Јас Сум Господ - место сите израелски првенци, а левитскиот добиток место сите првородени на добитокот на Израелевите синови.”
42 Така Мојсеј ги изброја сите израелски првороденци, како што му заповеда Господ.
43 Во пописот имаше дваесет и две илјади и две стотини и седумдесет и три имиња на сите машки првенци од еден месец нагоре.
44 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:
45 „Земи ги левитите место сите израелски првороденци, а левитскиот добиток место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас Сум Господ.
46 А за откупнина на двеста седумдесет и три израелски првороденци, што ги има повеќе од левитите,
47 земи по пет шекели на глава, земи ги според храмскиот шекел: дваесет гери - еден шекел.
48 Тогаш предај им ги тие сребреници на Арона и на неговите синови за откуп на оние што се отповеќе.”
49 Така Мојсеј ги прими сребрениците како откупнина за првенците што го надминуваа бројот на оние кои беа откупени од левитите.
50 Прими од Израелевите првороденци во сребро илјада триста шеесет и пет шекели според храмската мерка.
51 По Господов налог Мојсеј им го предаде среброто за откуп на Арона и на неговите синови, како што Господ му нареди на Мојсеја.

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse