Прејди на содржината

Четврта книга Мојсеева/ 13 глава

Од Wikisource

12 глава Четврта книга Мојсеева
13 глава
од Мојсеј
14 глава


   1 Господ му рече на Мојсеја:
  2 „Испрати луѓе, по еден човек од секое прадедовско племе, за да ја извидат Ханаанската Земја, што им ја давам на Израелевите синови. Испратете ги сите нивни главатари!”
  3 По Господова заповед Мојсеј ги испрати од Фаранската Пустина. Сите тие луѓе беа главатари на Израелците.
  4 А ова се нивните имиња: Самоил, син Захуров, од Рувимовото племе;
  5 Сафат, син Хориев, од Симеоновото племе;
  6 Халев, син Ефониев, од Јудиното племе;
  7 Игал, син Јосифов, од Исахаровото племе;
  8 Осиј, син Навинов, од Ефремовото племе;
  9 Фалтиј, син Рафуев, од Венијаминовото племе;
10 Гадиил, син Содиев, од Завулоновото племе;
11 Гадиј, син Сусиев, од Јосифовото племе, од Манасиевото племе;
12 Амил, син Гамалиев, од Дановото племе;
13 Сетур, син Михаилов од Асировото племе;
14 Навиј, син Вопсиев, од Нефталимовото племе;
15 Гуел, син Макхиев, од Гадовото племе.
16 Тоа се имињата на луѓето кои ги испрати Мојсеј за да ја извидат земјата.
17 Мојсеј ги испрати да ја согледаат Ханаанската Земја па им рече: „Одете горе во Негев, и искачете се на гората.
18 Разгледајте ја каква е земјата. Дали народот, што живее во неа, е силен или слаб, дали е малуброен или е многуброен?
19 Каква е земјата во која живее: добра или лоша? Какви се градовите во кои престојува: отворени или утврдени?
20 Каква е почвата: плодна или посна? Има ли дрва по неа или нема? Бидете слободни и земете од плодовите на таа земја.” Туку што беше време на раното грозје.
21 Тие отидоа горе да ја извидат земјата од пустината Син до Реова, што е на влезот во Емат.
22 Се искачија на Негев и дојдоа до Хеврон, каде се наоѓаа Ахиман, Сесиј и Телиман, Енакови синови. Хеврон е основан седум години порано отколку Зоан во Египет.
23 Кога стигнаа во долината Есхол, отсекоа таму лоза со грозд и го понесоа, двајца, на стап; зедоа и калинки и смокви.
24 Тоа место беше наречено Долина Есхол, заради гроздот што Израелците го отсекоа таму.
25 По четириесет денови се вратија од земјата што ја согледуваа.
26 Отидоа при Мојсеја и Арона и при целото Израелско општество во Кадис, во Фаранската Пустина. Им поднесоа извештај ним и на целата заедница, а тогаш им ги покажаа плодовите на земјата.
27 И тие го известија: „Отидовме во земјата во која што нè испрати. Навистина низ неа течат мед и млеко. Еве ги нејзините плодови.
28 Но силен е народот што живее во земјата, градовите се утврдени и многу се големи. А видовме таму и Енакови потомци.
29 Амаликците живеат во Негевскиот крај; Хетејците, Евусејците и Аморејците живеат на планината, а Ханаанците се наоѓаат покрај морето и вдолж на Јордан.”
30 Халев го замолчи народот околу Мојсеја и проговори: „Да тргнеме не двоумејќи се и да ја заземеме, зашто можеме да ја покориме!”
31 Но луѓето кои одеа со него одговорија: „Не можеме да одиме против оној народ, зашто е посилен од нас.”
32 И почнаа да ја прикажуваат лошо, пред Израелците, земјата што ја согледуваа: „Земјата низ која поминавме за да ја извидиме е земја што ги голта своите жители. Сиот народ што го видовме во неа се луѓе со крупен раст.
33 Видовме и дивови таму - Енаковото потомство од дивови. Ни се чинеше дека сме како скакулци спрема нив.”

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse