Устав на Народна Република Македонија (1946)

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Содржина

УСТАВ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]

УСТАВ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]

        (Прв Устав на Македонија, единствен како народна Република во составот на Федеративна Народна Република Југославија, вон сила, со важност од 31 декември 1946 година до 12 април 1963 година, освен главите VI, VII, VIII, IX и XII, како и неговите одреби што се во спротивност со одредбите на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија со важност од 31 декември 1946 година до 2 февруари 1953 година, со назив Устав на Народна Република Македонија)

ПРЕЗИДИУМОТ НА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  1.

РЕШЕНИЕ
НА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЗА ПРОГЛАСУЕНИЕТО НА
УСТАВОТ
НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

        Уставотворното собрание на Народна Република Македонија како врховен претставител на народниот суверенитет и израз на еднодушната воља на народот на Народна Република Македонија

РЕШИ

        Уставот на Народна Република Македонија, усвојен од Уставотворното собрание на Народна Република Македонија, да се прогласи и објави на народот на Народна Република Македонија.

УСТАВ
НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

ПРВ ДЕЛ
ОСНОВНИ НАЧЕЛА
[уреди]

Глава I
НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
Член 1
[уреди]

        Народна Република Македонија е народна држава со републикански облик.

Член 2
[уреди]

        Остварувајќи ја во својата ослободителна борба, и во заедничката борба на сите народи на Југославија својата народна држава Народна Република Македонија и изразувајќи ја врз основа правото на секој народ на самоопределување, вклучително правото на отцепување и на соединување со други народи, својата слободна воља, македонскиот народ се соединува врз основа на начелото на рамноправноста со останатите народи на Југославија и нивните народни републики: Народна Република Србија, Народна Република Црна Гора, Народна Република Босна и Херцеговина, Народна Република Хрватска, Народна Република Словенија, во заедничка сојузна држава - Федеративна Народна Република Југославија.

Член 3
[уреди]

        Државниот грб на Народна Република Маледонија претставуе поле окружено со житни класја, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, кои што се поврзани на дното со лента прошарена со народни мотиви. Меѓу врвоите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртуе планина, во подножјето на која што тече река. Зад планината изгрева сонце.

Член 4
[уреди]

        Државното знаме на Народна Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Ѕвездата е црвена со златен (жолт) раб и има правилна петокрака форма. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
        Кога ќе се подели знамето на четири правоаголници, тогаш средишната точка на знамето се поклопуе со точката во која што се сечат диагоналите на горниот правоаголник што е до прицврстениот дел на знамето. Горниот крак на ѕвездата е управен спрема горната линија од должината на знамето, а долните краци се управени спрема долната линија од должината на знамето. Полупречникот на ѕвездата е еднаков со една шестина од широчината на знамето.

Член 5
[уреди]

        Главниот град на Народна Република Македонија е Скопје.

Глава II
НАРОДНА ВЛАСТ
[уреди]
Член 6
[уреди]

        Во Народна Република Македонија сета власт произлегуе од народот и му припаѓа на народот.
        Народот ја остваруе својата власт преку слободно избрани претставнички органи на државната власт, народните одбори, кои што, од месните народни одбори до Народното собрание на НРМ, настанаа и се ревизија во народноослободителната борба против фашизмот и реакцијата и кои што се основна придобивка на таа борба.

Член 7
[уреди]

        Сите претставнички органи на државната власт ги избираат граѓаните врз основа на општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање.
        Народните претставници во сите органи на државната власт им се одговорни на своите избирачи.
        Секој народен претставник може да биде одзван од страна на мнозинството на избирачите од изборната единица на која што е избран и пред истекот на срокот за кој што е избран.
        Со закон ќе се пропише во кои случаи, под кои услови и на кој начин избирачите можат да ги одзоват своите народни претставници и пред истекот на срокот за кој што се избрани.

Член 8
[уреди]

        Органите на државната власт на Народна Република Македонија ја вршат власта врз основа Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, законите на ФНРЈ, законите на НРМ и општите прописи на повисоките органи на државната власт.
        Сите акти на органите на државната управа и на органите на правосудието мораат да бидат основани на закон.

Глава III
ОСНОВНИ ПРАВА НА НРОДОТ И НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
Член 9
[уреди]

        Народна Република Македонија ја врши државната власт суверено, пренесувајќи ги на Федеративна Народна Република Југославија само оние права што се утврдени со уставот на ФНРЈ.
        Суверените права на Народна Република Македонија, нејзината безбедност како и општественото и политичкото уредуење стоат под заштита и одбрана на Федеративна Народна Република Југославија.

Член 10
[уреди]

        Противен му е на Уставот на Народна Република Македонија секој акт, што на нејзината територија е управен против сувереноста, рамноправноста и националната слобода на македонскиот народ и на Народна Република Македонија, како и на останатите народи и на останатите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија.

Член 11
[уреди]

        Границите на Народна Република Македонија не можат да се менуат без согласие на Народна Република Македонија.

Член 12
[уреди]

        Националните малцинства во Народна Република Македонија уживаат право и заштита на својот културен развиток и на слободна употреба на својот јазик.

Глава IV
ОПШТЕСТВЕНО ЕКОНОМСКО УРЕДУЕЊЕ
[уреди]
Член 13
[уреди]

        Средствата за производството во Народна Република Македонија се или општонароден имот, то ест имот во рацете на државата, или имот на народните кооперативни организации, или имот на приватни физички и правни лица.
        Сите рудни и други богатства во употребата на земјата, водите, вклучувајќи ги минералните и лековитите, изворите на природната сила, средствата на железничките и воздужните соопштенија, поштата, телеграфот, телефонот и радиото се општонароден имот.
        Средствата за производство во рацете на државата ги исползуе државата сама или ги дава на друг за исползуење.
        Надворешната трговија е под контрола на државата.

Член 14
[уреди]

        Со цел да ги заштити животните интереси на народот, да ја подигне народната благосостојба и правилно да ги искористуе сите стопански можности и сили, државата му дава правец на стопанскиот живот и развиток со општ стопански план потпирајќи се врз државниот и кооперативниот стопански сектор, а остваруејќи ја општата контрола над приватниот сектор на стопанството.
        Во остваруењето на општиот стопански план и на стопанската контрола, државата се потпира врз соработуачката на синдикалните организации на работниците и намештениците и на другите организации на работниот народ.

Член 15
[уреди]

        Општонародниот имот е главно опориште на државата во развитокот на народното стопанство. Општонародниот имот стоји под социјална заштита на државата.
        Управувањето и располагањето со општонародниот имот се определуе со закон.

Член 16
[уреди]

        Државата им посветуе особено внимание и им дава помош и олеснуење на народните кооперативни организации.

Член 17
[уреди]

        Се гарантира приватната сопственост и приватната превземливост во стопанството.
        Се гарантира наследуењето на приватната сопственост. Правото на наследство се уредуе со закон.
        Никој не може да го употребуе правото на приватната сопственост во штета на народната заедница.
        Се забрануе постоењето на приватни монополистички организации, како што се: картели, синдикати, трустови и слични организации создадени со цел за диктирање на цените, монополизирање на пазариштето и оштетуење интересите на народното стопанство.
        Приватната сопственост може да се ограничи или да се експропира, ако тоа го бара општиот интерес, но само врз основа на законот. Со закон ќе се одреди во кој случај и во која висина ќе му се даде накнада на сопственикот.
        Под истите услови можат со закон да се национализираат одделни стопански гранки или претпријатија, ако тоа го бара општиот интерес.

Член 18
[уреди]

        Земјата им припаѓа на оние што ја обработуат. Законот определуе може ли и колку земја да има установа и лице што не е земјоделец.
        Не може да има големи земјишни поседи во приватни раце врз каква и да е основа.
        Максимумот на приватниот земјиштен посед се определуе со закон.
        Државата особено го заштитуе и помага сиромашниот и средниот селанец со својата општа стопанска политика, со ефтин кредит и со даночниот систем.

Член 19
[уреди]

        Со стопански и други мерки државата го помага работниот народ да се здружуе и организира со цел да се одбрани од стопанска експлоатација.
        Државата ги заштитуе лицата во наемниот работен однос, особено со обезбедуење правото на здружуење, со ограничуење работниот ден, со обезбедуење правото на платен годишен одмор, со контрола на работните услови, со грижа за жилишните околности и со социјално осигуруење.
        Малолетните лица во работниот однос уживаат особена заштита на државата.

Глава V
ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ГРАЃАНИТЕ
[уреди]
Член 20
[уреди]

        Сите граѓани на Народна Република Македонија се еднакви пред законот и се рамноправни без оглед на народност, раса и вероисповест.
        Не се признаваат никакви привилегии во раѓањето, положбата, имотната состојба и степенот на образованието.
        Противен му е на Уставот и подложи на казна секој акт со кој што на граѓаните им се даваат привилегии или им се ограничуат правата врз основа на разликата во народноста, расата и вероисповеста како и секое проповедање на национална, расна или верска омраза и раздор.

Член 21
[уреди]

        Граѓаните на Народна Република Македонија се должни да се придржуат за Уставот на ФНРЈ, за Уставот на НРМ и за законите.

Член 22
[уреди]

        Сите граѓани на Народна Република Македонија, без разлика на пол, народност, раса, вероисповест, степен на образование и место на живеење, што навршиле 18 години старост, имаат право да избираат и да бидат избрани во сите органи на државната власт.
        Граѓаните на Народна Република Македонија што се наоѓаат во редовите на Југословенската армија, имаат право да избираат и да бидат избрани, како и останатите граѓани.
        Избирачкото право е општо, еднакво и непосредно и се врши со тајно гласање.
        Не уживаат избирачко право лицата под старателство, лицата што со судска пресуда се лишени од избирачко право за време дури трае дејствието на пресудата, и лицата што врз основа на Сојузниот закон го изгубат избирачкото право.

Член 23
[уреди]

        Жените се рамноправни со мажите во сите области на државниот, стопанскиот и општествено-политичкиот живот.
        За еднаква работа жените имаат право на еднаква плата како и мажите и уживаат особена заштита во работниот однос.
        Државата особено ги заштитуе интересите на мајката и детето со создавање породилишта, детски домови и детски дневни домови, и со право на мајката на платена отпуска пред и по раѓањето.

Член 24
[уреди]

        На граѓаните на Народна Република Македонија им е гарантирана слобода на свеста и слобода на вероисповеста.
        Црквата е одделена од државата.
        Верските заедници, чието учење не се противи на Уставот, се слободни во своите верски работи и во вршењето на верските обреди. Верските училишта за подготвуење на свештеници се слободни, а стоат под општ надзор на државата.
        Забранета е злоупотребата на црквата и верата во политички цели и постоењето на политички организации на верска основа.
        Државата може материално да ги помага верските заедници.

Член 25
[уреди]

        Бракот и фамилијата се под заштита на државата. Државата со закон ги уредуе правните односи на бракот и фамилијата.
        Полноважен е само бракот заклучен пред надлежните државни органи. По заклучуењето на бракот граѓаните можат да извршат и венчање по верските прописи.
        Сите брачни спорови припаѓаат во надлежност на народните судови.
        Евиденцијата на родените, венчаните и умрените е во надлежност на државата.
        Родителите имаат спрема вонбрачните деца исти обврски и должности како и спрема брачните деца. Положбата на вонбрачните деца се уредуе со закон.
        Малолетните лица стоат под особена заштита на државата.

Член 26
[уреди]

        На граѓаните им се гарантира слободата на печатот, говорот, здружуењето, собирите, јавните збирања и манифестациите.

Член 27
[уреди]

        Загарантирана е неприкосновеноста на личноста на граѓаните.
        Никој не може да биде задржан во притвор подолгу од три дена без писмено и образложено решение на судот или јавниот обвинител. Најдолгиот срок на притворот се определуе со закон.
        Никој не може да биде казнет за кривично дело без решение на надлежниот суд донесено врз основа на законот со кој што е определена надлежноста на судот и кривичното дело.
        Казните можат да се установат и изречуат само врз основа на законот.
        Никој, ако им е достапен на државните органи, не може да биде суден а да не е по законот ислушан и на прописен начин повикан да се брани.
        Казните за прекршуење на правните прописи можат органите на државната управа да ги изречуат само во границите што се одредени со закон.
        Само во случај пропишани со закон може граѓанинот да биде изгонет од своето живеалиште.
        Државјанинот на Народна Република Македонија што врз основа на сојузниот закон ќе го изгуби државјанството на Федеративна Народна Република Југославија го губи и државјанството на Народна Република Македонија. На државјанинот на Народна Република Македонија не може да му се одземе државјанството на Народна Република Македонија додека го има државјанството на ФНРЈ.

Член 28
[уреди]

        Жилиштето е неповредливо.
        Никој не може да влезе во туѓо жилиште или простории, ниту да врши претрес против волјата на нивниот држител без решение предвидено со закон.
        Претресот може да се врши само во присаствие на двајца сведоци. На претресот има право да присуствуе и лицето чие жилиште или простории се претресуат.

Член 29
[уреди]

        Неповредлива е тајната на писмата и другите средства за општење, освен во случај на кривична истрага, мобилизација и воена состојба.

Член 30
[уреди]

        Во Народна Република Македонија уживаат право на прибежиште туѓи државјани прогонети заради залагањето на демократски начела, национално ослободуење, права на работниот народ и слобода на научната и културната работа.

Член 31
[уреди]

        Секој граѓанин е должен да работи според своите способности; кој не и дава на заедницата не може од неа ни да прима.

Член 32
[уреди]

        На сите граѓани на Федеративна Народна Република Југославија еднакво им се достапни под законски услови сите јавни служби.
        Должност им е на граѓаните свесно да ги извршуат јавните должности за кои што се избрани или што им се поверени.

Член 33
[уреди]

        Одбраната на татковината е нависока должност и чест на секој граѓанин.
        Предавството на татковината е најголемо злосторства спрема народот.
        Воената обврска на граѓаните е општа.

Член 34
[уреди]

        Државата им обезбедуе на воените инвалиди достоен живот и бесплатно оспособуење за работа.
        Децата на паднатите борци и на жртвите од војната се под особена грижа на државата.

Член 35
[уреди]

        Државата се грижи за подигне здравјето на народот со организација и контрола на здравствената служба, на болниците, апотеките, санаториумите, лечилиштата и поправалиштата и другите здравствени установи.
        Државата ја има грижата за физичкото воспитуење на народот, особено на младината, заради подигањето на здравјето и работната способност на народот како и ојакнуењето на одбранбената сила на државата.

Член 36
[уреди]

        Се осигуруе слободата на научната и уметничката работа.
        Државата ја помага науката и уметноста со цел да ја развива народната култура и народната благосостојба.
        Авторското право е заштитено со закон.

Член 37
[уреди]

        Со цел за подигање на општата култура на народот, државата осигуруе училиштата и другите просветни и културни установи да им бидат достапни на сите слоеви на народот.
        Државата и посветуе особено внимание на младината и го заштитуе нејзиното воспитуење.
        Училиштата се државни. Само со закон може да се допушти отворање на приватни училишта а нивната работа е под контрола на државата.
        Основната настава е задолжителна и бесплатна.
        Училиштето е одделено од црквата.

Член 38
[уреди]

        Граѓаните имаа право на молба и петиција до органите на државната власт.
        Против решенијата на органите на државната управа и неправилните постапки на службените лица, граѓаните имаат право на жалба.
        Со закон ќе се пропише постапката за поднесуење на жалба.

Член 39
[уреди]

        Секој граѓанин има право да ги тужи на надлежниот суд службените лица за кривични дела направени во службената работа.

Член 40
[уреди]

        Граѓаните имаат, под законски услови, право да бараат од држава и службените лица накнада за штетата што им е направена со незаконито и неправилно вршење на службата.

Член 41
[уреди]

        Даночната обврзка на граѓаните е општа и сразмерна на нивната стопанска сила.
        Јавните давачки и ослободуењето од нив се установуат само со закон.

Член 42
[уреди]

        Поради заштита на граѓанските слободи и демокатското устројство на Народна Република Македонија и на Федеративна Народна Република Југославија утврдено со Уставот на ФНРЈ односно со овој Устав, незаконито и казниво е да се употребуат граѓанските права за промена и нарушуење на уставното устројство во противдемократска цел.

ВТОР ДЕЛ
ДРЖАВНО УРЕДУЕЊЕ
[уреди]

Глава VI
НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ФЕДЕРАТИВНА НАРОДНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА
[уреди]
Член 43
[уреди]

        Народна Република Македонија ги врши самостојно сите права утврдени со овој Устав.
        Со цел да се оствари економско и политички взаимна помош и соработка, како и заедничка одбрана на националната слобода и независност, Народна Република Македонија ги пренесе на Федеративна Народна Република Југославија определените работи содржани во член 44 од Уставот на ФНРЈ.

Член 44
[уреди]

        Во надлежност на Народна Република Македонија, во лицето на нејзините највисоки органи на државната власт и на државната управа, припаѓа:
        1) донесуење, изменуење и дополнуење Уставот на Народна Република Македонија и грижи за неговото извршуење;
        2) решавање за согласие за изменуење границите на Народна Република Македонија;
        3) административно-територијална поделба на Народна Република Македонија;
        4) заштита на државното уредуење и правата на граѓаните; јавен ред и сигурност;
        5) донесуење на стопанскиот план на Народна Република Македонија;
        6) управуење на стопанството од републиканско значење и раководење на стопанството од локано значење;
        7) донесуење на државниот буџет на Народна Република Македонија; остваруење и контрола над извршуењето на буџетот на Народна Република Македонија и одобруење на свршената сметка на Народна Република Македонија; раководење во остваруењето буџетот на народните одбори;
        8) државјанство на Народна Република Македонија;
        9) раководење на судовите на Народна Република Македонија; амнестија и помилување спрема прописите на законот;
        10) финансиски, индустриски, рударски, градежни, трговски, шумски и поледелски претпријатија од републиканско значење;
        11) патишта, реки, канали и пристаништа од републиканско значење;
        12) транспорт и соопштенија од републиканско значење;
        13) заклучуење заеми на Народна Република Македонија и одобруење на заклучените заеми на народните одбори во границите на законот;
        14) утврдуење и одобруење, во согласност со сојузните закони, на републикански и локални давачки; утврдуење и одобруење давачките на народните одбори;
        15) контрола на состојбата на претпријатијата и установите од општодржавно значење на територијата на Народна Република Македонија;
        16) утврдуење ребубликанското и локалното значење на стопанските претпријатија и установи од надлежноста на Народна Република Македонија;
        17) раководство на жилишните и комуналните работи; жилишна изградба, изградба и уредуење на градовите и местата;
        18) законодавство и раководство, врз основа на општите и начелни прописи на ФНРЈ, во областа:
                а) на индустријата, рударството, трговијата, поледелството, шумарството, ловот и водните сили;
                б) на градежите, стопанското работење и политиката на цените;
                в) на заштитата на народното здравје, социалните грижи и физичката култура;
                г) на основната, средната и високата настава, просветните, културните и научните установи и организации од републиканско значење;
                д) на организацијата на државната власт.
        Доколку општите начела на ФНРЈ не се донесени, Народна Република Македонија ги донесуе своите прописи сама.
        19) дополнително законодавство во рамките на основните закони на ФНРЈ.

Член 45
[уреди]

        Територијата на Народна Република Македонија заедно со териториите на другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија чинат единствено државно и стопанско подрачје.

Член 46
[уреди]

        Сојузните закони се задолжителни на територијата на Народна Република Македонија.
        Во случај на несогласност меѓу сојузните закони и законите на Народна Република Македонија се применуат сојузните закони.

Член 47
[уреди]

        Прометот на стоки меѓу Народна Република Македонија и другите народни републики на ФНРЈ е слободен и не може да се ограничи со закон на НРМ.

Член 48
[уреди]

        Актите и исправите од органите на државната управа и од органите на правосудието на другите народни републики на ФНРЈ имаат во Народна Република Македонија еднаква возможност како и актите и исправите од органите на државната управа и од органите на правосудието на НРМ.

Член 49
[уреди]

        Граѓаните на народните републики на Федеративна Народна Република Југославија уживаат на тетиторијата на Народна Република Македонија еднаква права како и нејзините граѓани.

Член 50
[уреди]

        Секој државјанин на Народна Република Македонија истовремено е државјанин на Федеративна Народна Република Југославија.

Глава VII
НАЈВИСОКИ ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
а) Народно собрание на Народна Република Македонија
[уреди]
Член 51
[уреди]

        Народното собрание на НРМ е претставник на народниот суверенитет на Народна Република Македонија.

Член 52
[уреди]

        Народното собрание на Народна Република Македонија е врховен орган на државната власт на Народна Република Македонија и ги врши врз основа Уставот на Народна Република Македонија сите права што и припаѓаат на Народна Република Македонија, доколку со Уставот не се пренесени во надлежност на Президиумот на Народното собрание и на Владата на Народна Република Македонија.

Член 53
[уреди]

        Народното собрание на НРМ го избираат граѓаните на Народна Република Македонија.
        На колку жители се избира еден народен пратеник пропишуе законот на Републиката.

Член 54
[уреди]

        Народното собрание на НРМ се избира на четири години.

Член 55
[уреди]

        Законодавната власт во Народна Република Македонија ја врши исклучително Народното собрание на НРМ.

Член 56
[уреди]

        Заседанијата на Народното собрание на НРМ се редовни и вонредни и се свикуат со указ од Президиумот на Народното собрание на НРМ.
        Редовните заседанија се свикуат два пати годишно, и тоа најдоцна до 1 јуни и најдоцна до 1 декември. Ако Народното собрание не биде свикано во овие срокови, тоа може да се собере и само без Указ на Президиумот.
        Вонредните заседанија се свикуа кога Президиумот на Народното собрание на НРМ ќе најде дека е потребно или кога тоа го побара една третина од народните пратеници.

Член 57
[уреди]

        Народното собрание на Народна Република Македонија избира од својата средина претседател, еден или повеќе потпретседатели и до три секретари.
        Претседателот ги раководи седниците на Народното собрание и неговата работа врз основа на правилникот за работа.

Член 58
[уреди]

        Народното собрание на НРМ прописуе правилник за својата работа.
        Седниците на Народното собрание по правило се јавни.

Член 59
[уреди]

        Народното собрание на НРМ донесуе решенија со мнозинство на гласовите.
        За донесуење решенија потребно е присуствението на мнозинството на пратениците.

Член 60
[уреди]

        Право за поднесуење на законски предлози до Народното собрание на Народна Република Македонија имаат Владата на НРМ, членовите на Владата на НРМ и народните пратеници на Народното собрание на НРМ.

Член 61
[уреди]

        Народното собрание на НРМ со закон го утврдуе годишниот државен буџет на Народната Република.
        Владата го составуе државниот буџет на Народна Република Македонија и го поднесуе на Народното собрание.
        Народното собрание на НРМ ја одобруе свршената сметка за извршуење на државниот буџет на НРМ.

Член 62
[уреди]

        Законот влегуе во сила осмиот ден по објавуењето во „Службениот весник“ на Народна Република Македонија, ако со самиот закон не е инаку определено.

Член 63
[уреди]

        Народното собрание на НРМ избира посебни одбори на кои што им поверуе определени работи.
        Народното собрание на НРМ на првото збирање избира верификационен одбор што ги испитуе пратеничките полномошни.
        Народно собрание на НРМ на предлог од верификациониот одбор ги потврдуе или поништуе полномошните на пратениците.

Член 64
[уреди]

        По верификацијата на пратеничките полноможни пратениците ја полагат следната клетва:
        „Се колнам со својата чест и со честа на својот народ дека како народен пратеник секој пат ќе ги застапуам и бранам демократските права и слободата на народот на Народна Република Македонија; дека вредно ќе го чувам братството, единството и слободата на народите на нашата заедничка татковина Федеративна Народна Република Југославија и дека неуморно ќе ги бранам и зајакнуам придобивките од Народноослободителната борба; дека ќе го вложат сиот свој труд и знание за изградбата на народната наша држава и за подигање на благосостојбата на работниот народ и дека својата пратеничка должност ќе ја исполнуам совесно и неуморно“.

Член 65
[уреди]

        Народното собрание на НРМ може да врши анкети по прашања од општо значење за Народна Република Македонија преку свои анкетни одбори.
        Сите државни органи и скужбени лица се должни да ги исполнуат барањата на анкетните одбори во поглед утврдуењето на фактите и собирањето на доказите.

Член 66
[уреди]

        Народните пратеници имаат право да поставуат прашања до Претседателот на Владата на НРМ и до членовите на Владата.
        Претседателот и членовите на Владата се должни да дадат одговор усмено во срок од три дена или писмено во срок од пет дена. Ако е потребно прибирање на сведенија членот на Владата може да побара предлог срок што му е нужен за одговор, но не подолг од 30 дена.

Член 67
[уреди]

        Секој народен пратеник има право да упатуе интерпелации до Прецедателот и до членовите на Владата на НРМ преку Претседателот на Народното собрание. Собранието се известуе за поднесените интерпелации на првата седница.
        Народното собрание решава без претрес да ли интерпелацијата ќе се стави на дневен ред, а во случај да се прифати интерпелацијата, се определуе ден за расправање по неа.

Член 68
[уреди]

        Пратениците на Народното собрание на НРМ уживаат имунитет.
        Пратениците на Народното собрание на НРМ не можат да бидат лишени од слобода ниту против нив може да се поведе кривична постапка без одобрение од Народното собрание на НРМ, или ако ова не заседава без одобрение од неговиот Президиум, осем на случај да бидат заварени на дело на злосторството, за кое што мора веднаш да се извести Президиумот на Народното собрание на НРМ.
        Народните пратеници на останатите народни републики во ФНРЈ уживаат имунитет по правилата на Уставот на нивната народна република.

Член 69
[уреди]

        Народното собрание на НРМ може во случај на војна и слични извонредни околности да го продолжи траењето на својот мандат дури таа состојба трае.
        Народното собрание на НРМ може да реши да се распушти и пред истекот на периодот за кој што е избран.

Член 70
[уреди]

        Изборите за ново Народно собрание на НРМ мораат да бидат распишани пред истекот на последниот ден од периодот за кој што е избрано.
        Од денот на распуштањето на Народното собрание на НРМ до денот на изборот на новото Народно собрание на НРМ не може да помине повеќе од три месеци, ни помалку од два месеца.
        Новоизбраното Народно собрание на НРМ мора да биде свикано на свое прво заседание најдоцна еден месец по извршените избори.

Член 71
[уреди]

        Народното собрание на НРМ врши изменуење и дополнуење на Уставот на НРМ.
        Предлог за изменуење и дополнуење на Уставот може да поднесе: Президиумот на Народното собрание на НРМ, Владата на НРМ или една третина од пратениците на Народното собрание на НРМ.
        Предлог да се пристапи кон решавањето за изменуење или дополнуење на Уставот треба да биде примен со мнозинство на гласовите.
        Предложеното изменуење или дополнуење на Уставот е усвоено ако за него гласа апсолутно мнозинство од целокупниот број на пратениците на Народното собрание.
        Применото изменуење или дополнуење на Уставот го прогласуе Народното собрание на Народна Република Македонија и го објавуе со Указ Президиумот на Народното собрание.

б) Президумот на Народното собрание на Народна Република Македонија
[уреди]
Член 72
[уреди]

        Народното собрание на НРМ избира Президиум на Народното собрание на НРМ.
        Президиумот на Народното собрание се состои од претседател, три потпретседатели, еден секретар и најмногу 15 члена.

Член 73
[уреди]

        Президиумот на Народното собрание на НРМ ги врши овие работи:
        1) ги свикуе заседанијата на Народното собрание на НРМ;
        2) распишуе избори за Народното собрание на НРМ;
        3) дава задолжителни толкуења на републичките закони;
        4) ги прогласуе изгласаните закони; издава укази;
        5) врши право на помилуење спрема прописите на законот;
        6) доделуе признанија и почесни званија од Народна Република Македонија спрема прописите на законот;
        7) поставуе и разрешуе, по предлог од Претседателот на Владата на НРМ, одделни членови на Владата во времето меѓу две заседанија на Народното собрание на НРМ при накнадна подврда од Народното собрание на НРМ;
        8) им одредуе застапници на членовите на Владата по предлог од Претседателот на Владата на НРМ;
        9) по предлог од Претседателот на Владата на НРМ ги сменуе, соединуе и укинуе постоекјите министерства и комисии во времето меѓу заседанијата на Народното собрание на НРМ и при негова накнадна потврда;
        10) определуе по предлог од Владата на НРМ кои претпријатија и установи имаат републиканско значење;
        11) распишуе народен референдум за прашања од надлежноста на Народна Република Македонија врз основа на решение од Народното собрание на НРМ или по предлог од Владата на НРМ;
        12) решава по прашањата и мерките за кои што ќе го овласти Народното собрание на НРМ.
        Указите од Президумот на Народното собрание на НРМ ги потпишуат Претседателот и Секретарот.

Член 74
[уреди]

        Президиумот на Народното собрание на НРМ се избира за исто време за кое што е избрано Народното собрание.
        Во случај на распуштање на Народното собрание на НРМ, Президиумот ги врши должностите се до изборот на нов Президиум на Народното собрание на НРМ.

Член 75
[уреди]

        Президиумот на Народното собрание на НРМ за својата работа одговара пред Народното собрание на НРМ. Народното собрание на НРМ може, да го одзове Президиумот и да избере нов, како и да разреши од должност одделни членови и да избере нови и пред истекот на времето за кои што се избрани.

Глава VIII
ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
Член 76
[уреди]

        Највисокиот извршен и управен орган на државната власт на Народна Република Македонија е Владата на НРМ.
        Владата на НРМ ја именуе и разрешуе Народното собрание на НРМ.

Член 77
[уреди]

        Владата на НРМ е одговорна пред Народното собрание на НРМ на кое што му полага сметка за својата работа.
        Во времето меѓу две заседанија на Народното собрание, Владата на НРМ одговара и полага сметка за својата работа пред Президиумот на Народното собрание на НРМ.

Член 78
[уреди]

        Владата на НРМ работи врз основа Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, сојузните закони, законите на НРМ и врз основа уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ.
        Владата на Народна Република Македонија донесуе уредби врз основа и за применуење на законите на ФНРЈ и на законите на НРМ, на уредбите, напатствијата и наредбите од Сојузната влада, како и напатствијата, уредбите и решенијата за извршуење на законите на ФНРЈ и на законите на НРМ, на уредбите напатствијата и наредбите од Сојузната влада и на своите уредби, и се грижи за нвното спроведуење.
        Владата на НРМ може да донесуе врз основа на законско овластуење уредби со законска сила.
        Актите од Владата на НРМ ги потпишуе Претседателот на Владата и надлежниот член на Владата, односно еден член кого Владата ќе го одреди.

Член 79
[уреди]

        Владата на НРМ ја управуе и согласуе работата на своите министерства, комисии и комитети.
        Владата на НРМ се грижи за подготвуење и остваруење на општествениот и републиканскиот стопански план и буџет. Ги зема сите потребни мерки за осигуруење и заштитата на уставниот и општествениот поредок, заштита на државните интереси и на граѓанските права. Ја помага Сојузната влада во остваруењето на општодржавните задачи; решава за законските предлози од одделни членови на Владата кои што предлози му се поднесуат на Народното собрание на НРМ, го пропишуе внатрешното устројство на министерствата и подредените установи; создава во случај на потреба специални комисии, комитети и установи при Владата на НРМ со цел за спроведуење стопански, културни и други работи на НРМ; претседателите на овие комисии и комитети не влагаат во составот на Владата на НРМ, а ќе бидат под раководство на Претседателот на Владата.

Член 80
[уреди]

        Владата на НРМ ја сочинуат: претседателот, еден или повеќе потпретседатели, министрите, претседателот на републиканската Планска комисија и претседателот на републиканската Контролна комисија.
        Владата на НРМ може да има и министри без ресор.
        Општосојузните министерства можат за извршуење на работите од својата надлежност да поставуат ополномокјеници при Владата на НРМ.
        Ополномокјениците ги именуе Владата на ФНРЈ во согласие со Владата на НРМ.

Член 81
[уреди]

        Членовите на Владата на НРМ полагаат пред стапуењето на должност, клетва пред Президиумот на Народното собрание на НРМ.

Член 82
[уреди]

        Претседателот на владата на НРМ ја претставуе Владата, претседава со седниците и ја раководи работата на Владата. Тој се грижи за согласуење работата на сите органи на Владата и ја раководи во името на Владата работата на комитетите, одделните комисии и установи при Владата.

Член 83
[уреди]

        Членовите на Владата на НРМ раководат одделни гранки од државната управа од републиканска надлежност и непосредно одговараат пред Владата на Народна Република Македонија за правилното остваруење на поверените им работи, како и за правилното остваруење политиката на Владата.
        Членовите на Владата имаат право да издаваат правилници, наредби и напатствија врз основа и заради извршуењето на сојузните закони, на законите на НРМ, како и на уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ.
        Членовите на Владата на НРМ се грижат за правилното извршуење на сојузните закони, на законите на НРМ, како и на уредбите, напатствијата и наредбите од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ и одговараат за нивното приложуење во гранката на државната управа што ја раководат.

Член 84
[уреди]

        Членовите на Владата на НРМ се кривично одговорни за повредите на Уставот на ФНРЈ, на Уставот на НРМ, на сојузните закони и на законите на НРМ при вршењето на службената должност.
        Членовите на Владата одговараат за штетата што ќе ја направат на држава со незаконита работа.
        Поблиски одредби за одговорноста на членовите на Владата на НРМ ќе се пропишат со закон на НРМ.

Член 85
[уреди]

        Министерствата на Народна Република Македонија се: сојузно-републикански или републикански.
        Сојузно-републикански министерства се: Министерството на финансиите, Министерството на внатрешните работи, Министерството на правосудието, Министерството на индустријата и рударството, Министерството на трговијата и снабдуењето, Министерството на земјоделието и шумарството, Министерството на трудот и Министерството на градежите.
        Републикански министерства се: Министерството на просветата, Министерството на социалните грижи, Министерството на народното здравје и Министерството на комуналните работи.

Член 86
[уреди]

        Сојузно-републиканските министерства на Народна Република Македонија раководат определена гранка од државната управа и ги вршат покрај работите од сопствената надлежност и работите од сојузно-републиканските министерства на Владата на ФНРЈ, врз основа на нивните правилници, напатствија наредби и решенија.

Член 87
[уреди]

        Републиканските министерства раководат самостојно определена гранка на државната управа од надлежноста на Народна Република Македонија и одговараат само пред Владата на Народната Република.

Член 88
[уреди]

        Ополномокјениците на општосојузните министерства при Владата на Народна Република Македонија, можат да присаствуат со советодавен глас на седниците на Владата на НРМ на кои што се претресуат работи за кои што се ополномокјени.

Глава IX
ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ НА АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНИТЕ ЕДИНИЦИ
[уреди]
Член 89
[уреди]

        Органи на државната власт на административно-териториалните единици се народните одбори.
        Преку народните одбори народот ја врши својата власт во административно-територијалните единици во местата (селата и помалите градови, градовите и градските реони и околиите).

Член 90
[уреди]

        Народните одбори се претставнички органи избрани врз основа на општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање.
        Народните одбори на местата и на градските населби ги избираат граѓаните на две години, а народните одбори на околиите, градските реони во ранг на околии и градовите ги избираат граѓаните на три години.
        Изборите за нови народни одбори има да се одржат најдоцна месец дена по истекот на срокот за кој што народните одбори се избрани.

Член 91
[уреди]

        Народните одбори се највисоки органи на државната власт во односите од локално значење на својата територија.
        Народните одбори остваруат на својата територија и задачи од општо значење.

Член 92
[уреди]

        Народните одбори ја раководат работата на подрачните органи на управата и стпоанската и културната изградба во својот делокруг; ја обезбедуат заштитата на јавниот ред, исполнуењето на законите и чувањето на правата на граѓаните; го утврдуат својот буџет и стопански план; ги упавуат општонародните имоти, претпријатијата и установите од локално значење.

Член 93
[уреди]

        Народните одбори ја вршат државната власт самостојно во рамките на својата надлежност во локалните работи, донесувајќи прописи (решенија) врз основа на Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, сојузните закони, законите на НРМ и општите прописи од повисоките органи на државната власт и државната управа.
        Решенијата и наредбите на народните одбори се објавуат со потпис од претседателот и секретарот на извршниот одбор.

Член 94
[уреди]

        Секој народен одбор има свој сопствен буџет.
        Буџетот го утврдуе народниот одбор со решение во рамките на буџетот на повисокиот орган на државната власт.

Член 95
[уреди]

        Народните одбори донесуат статути за своето внатрешно уствојство и работење, што го потврдуе повисокиот народен одбор, односно Президиумот на Народното собрание на НРМ.

Член 96
[уреди]

        Народните одбори се должни да се потпираат во изведуењето на општите или месни задачи врз иницијативата и широкиот удел на народните маси и на организациите на работниот народ.

Член 97
[уреди]

        Народните одбори ги вршат правата што им се дадени како на највисоки органи на државната власт во административно-територијалната единица непосредно на собранието на своите одборници или преку своите извршни управни органи.
        Народните одбори не можат да ги пренесат на своите извршни и управни органи оние работи што ги дава законот изрично во надлежност на одборот како целост.

Член 98
[уреди]

        Заседанијата на народните одбори се редовни или вонредни. Во редовни заседанија се свикуат народните одбори во срокови определени од статутот, и тоа околиските народни одбори најмалку еднаш во два месеци, а градските, реонските и месните најмалку еднаш во месецот.
        Вонредните заседанија ги свикуе извршниот одбор по своја иницијатива под услови во законот предвидени или кога тоа го бара една третина од одборниците или по барање од повисокиот орган на државната власт.

Член 99
[уреди]

        Народниот одбор може да донесуе полноважни заклученија ако на седницата е присутно мнозинството од одборниците.
        Народниот одбор ги донесуе своите заклученија со мнозинство на гласовите од присутните одборници.

Член 100
[уреди]

        Месниот народен одбор во селата и помалите градови свикуе во сроковите предвидени во законот и под условите определени со закон, месни собири на избирачите, на кои што им полага сметка за својата работа.
        Собирите на избирачите се свикуат со цел за разгледуење прашањата што се однесуат до животот на селото односно местото и до работата на месниот народен одбор. Покрај тоа може на собирите на избирачите да се расправаат прашања од интерес и значење за животот на околијата на Народна Република Македонија и на Федеративна Народна Република Југославија.

Член 101
[уреди]

        Извршни и управни органи на народните одбори, освен во помалите села, се извршните одбори. Извршниот одбор го сочинуат: претседателот, по потреба потпретседателот, секретарот и другите членови.
        Извршниот орган на народниот одбор во помалите села го сочинуат претседателот и секретарот.
        Народните одбори од својата средина избираат извршни одбори и ги разрешуваат сите или одделните нивни членови.
        Бројот на членовите на извршниот одбор се определуе според нормата што ја пропишуе законот на НРМ, земајќи го предвид бројниот состав на народниот одбор, обемот и сложеноста на работите што ги врши.

Член 102
[уреди]

        Извршните одбори се одговорни за својата работа и му полагаат сметка на својот извршен одбор.
        Извршните и управните органи на народните одбори му се потчинети како на својот народен одбор, така и на извршните и управните органи од повисоките органи на државната власт.

Член 103
[уреди]

        Извршниот одбор ги извршуе решенијата, наредбите и напатствијата од својот народен одбор, како и уредбите, правилниците, напатствијата, наредбите и решенијата од повисоките органи на државната управа.
        Извршниот одбор донесуе задолжителни наредби од општо значење, напатствија и решенија. Наредбите се донесуат со цел да се спроведат решенијата на народните одбори како и врз основа на законско овластуење на други општи прописи од повисоките државни органи и на овластуење на народниот одбор.

Член 104
[уреди]

        Сите задачи и работи што му се дадени во надлежност како на извршен и управен орган извршниот одбор ги врши како целост и колективно ги раководи сите гранки на државната управа.
        Градските и поголемите околиски извршни одбори имаат одделенија односно отсеци за непосредно раководење на одделни гранки на управата.
        Одделенијата и отсеците му се потчинети во својата работа на извршниот одбор, а истовремено на соответната одделение на повисокиот народен одбор и на надлежното министерство на НРМ.
        На чело на одделението односно на отсекот стоат членовите на извршниот одбор како повереници за одделни гранки на управата.

Член 105
[уреди]

        Со закон на Народна Република Македонија се донесуат поблиски одредби за внатрешната организација на извршниот одбор.

Член 106
[уреди]

        Владата на НРМ и министерствата на НРМ по правило го остваруат раководството на сите гранки на државната управа на подрачјето на народните одбори преку извршните одбори на народните одбори, со исклучение на претпријатијата и установите од републиканско значење кои што непосредно се управуат од Владата и министерствата на НРМ.
        Само со закон на Републиката можат да се основаат при извршните одбори одделенија односно отсеци што непосредно ќе одговараат пред министерствата на Народна Република Македонија.

Глава  X
НАРОДНИ СУДОВИ
[уреди]
Член 107
[уреди]

        Органи на правосудието во Народна Република Македонија се: Врховниот суд на НРМ, окружните и околиските судови.
        Со закон можат да се создаваат специални судови за определени видови спорови.

Член 108
[уреди]

        Во изречуењето на правдата, судовите се независни и судат по законот.
        Судовите се одделни од управата во сите степени.
        Повисоките судови имаат во границите на законот право на надзор над пониските судови.

Член 109
[уреди]

        Судовите ја изречуат правдата во името на народот.

Член 110
[уреди]

        Расправањето пред судовите се врши по правило јавно.
        Решенијата на еден суд може да ги измени само надлежниот повисок суд.
        На обвинетиот му е обезбедено правото на одбрана пред судот.

Член 111
[уреди]

        Сите судови судат во совет, освен во случај кога законот допушта да суди судија поединец.
        Советите на околискиот и окружниот суд, кога судат во прва степен, се состоат од судии и судии-поротници кои што во судењето се рамноправни.

Член 112
[уреди]

        Постапката пред судовите во Народна Република Македонија се води на македонски јазик. Граѓаните што не го знаат македонскиот јазик можат да се служат со својот јазик. На тие граѓани им се обезбедуе правото да се запознаат со целокупниот материал и да ја следат работата на судот преку преводач.

Член 113
[уреди]

        Претседателот, потпретседателот и судиите на Врховниот суд на НРМ ги избира и разрешуе Народното собрание на НРМ.
        Претседателот, судиите и судиите-поротници на окружниот суд ги избираат и разрешуат околиските и гратските народни одбори од подрачјето на окружниот суд.
        Претседателот, судиите и судиите-поротници на околискиот суд ги избира и разрешуе народнот одбор на околијата или градот со ранг на околија.

Член 114
[уреди]

        Врховниот суд на НРМ е највисок орган на правосудието на Народна Република Македонија.
        Со закон се определуе во кои случаи Врховниот суд на НРМ суди во прва, а во кои во втора степен.

Член 115
[уреди]

        Врховниот суд на НРМ ја преценуе законитоста на правосилните решенија од сите судови во Народна Република Македонија, до колку тоа по одредбите на законот во однос на применуењето на сојузните закони не го врши Врховниот суд на ФНРЈ.

Глава XI
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
[уреди]
Член 116
[уреди]

        Надзорот над правилното исполнуење на законите од страна на сите министерста на НРМ и на ним подчинетите управни органи и установи, како и на одделни службени лица и сите граѓани на територијата на Народна Република Македонија го врши Јавниот обвинител на ФНРЈ непосредно или преку Јавниот обвинител на НРМ.

Член 117
[уреди]

        Јавниот обвинител на Народна Република Македонија и неговите заменици ги заменуе и разрешуе Јавниот обвинител на ФНРЈ.
        Окружните и околиските јавни обвинители ги именуе и разрешуе Јавниот обвинител на НРМ при потврда на Јавниот обвинител на ФНРЈ.

Член 118
[уреди]

        Јавните обвинители се независни во својата работа и се подчинети само на Јавниот обвинител на ФНРЈ и на повисоките јавни обвинители.

Член 119
[уреди]

        Јавните обвинители имаат по одредбите на законот право да подигаат тужба и жалба, право на законска интервенција во текот на судската и управната постапка, право на кривично гонење, како и право да подигаат барање за заштита на законитоста против правносилните решенија на судовите и на управните органи.

(Глава XII
ОДНОСИ МЕЃУ ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ И ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА)
[уреди]
Член 120
[уреди]

        Меѓусобните односи меѓу органите на државната власт и органите на државната управа на Народна Република Македонија се осниваат врз правата и должностите одредени со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ, со законите и другите општи прописи.

Член 121
[уреди]

        Народното собрание на НРМ односно неговиот Президиум и повисоките народни одбори даваат општи смерници, им укажуат помош на пониските народни одбори во својот делокруг и вршат општ надзор над нивната работа.
        Владата на Народна Република Македонија и повисоките извршни одбори даваат правец на управната политика, им укажуат помош и вршат надзор над работата на пониските извршни одбори.

Член 122
[уреди]

        Президиумот на Народното собрание на НРМ има право да ги поништи или укине уредбите, напатствијата, наредбите и решенијата од Владата на НРМ, ако не се во согласност со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ, со сојузните закони и со законите на НРМ.
        Владата на НРМ има право да ги поништи или укине правилниците, наредбите, напатсвијата и решенијата од членовите на Владата на НРМ, ако не се во согласност со сојузниот закон, со Уставот на НРМ, со сојузните закони, со законите на НРМ или со уредбите, напатствијата, наредбите и решенијата од Владата на ФНРЈ и од Владата на НРМ.

Член 123
[уреди]

        Президиумот на Народното собрание на НРМ и повисоките народни одбори имаат право да ги поништуат или укинуат незаконитите или неправилните акти на пониските народни одбори.
        Владата на НРМ и одделните нејзини членови во рамките на својата надлежност, имаат право да ги поништуат или укинуат незаконитите или неправилните акти на извршните одбори.
        Народниот одбор има право да ги поништуе или укинуе незаконитите или неправилните акти на својот извршен одбор или на одделен негов член.
        Народниот одбор односно извршниот одбор, чиј акт е понишен или укинат, има право на жалба до повисокиот орган на државната власт односно на државната управа.

Член 124
[уреди]

        Владата на НРМ и повисоките извршни одбори имаат право да ги запрат од извршуење незаконитите и неправилните акти на понискиот народен одбор и да му предложат на Президиумот на Народното собрание на НРМ односно на својот народен одбор да ги поништи или укине.
        Поверениците на повисокиот извршен одбор имаат право во рамките на својата надлежност, да ги запрат од извршуење незаконитите или неправилните акти на пониските извршни одбори, односно, ако овој има отсеци, на соодветниот негов отсек, и да му ги поднесат на својот извршен одбор да ги поништи или укине.

Член 125
[уреди]

        Президиумот на Народното собрание на НРМ односно повисокиот народен одбор има право, по прописот на законот, да распушти секој понизок народен одбор ако неговата работа е во противност со Уставот на ФНРЈ, Уставот на НРМ, со сојузните и републичките закони и да распише избори за нов народен одбор.
        Президиумот на Народното собрание на НРМ односно повисокиот народен одбор има право да го разреши извршниот одбор на секој понизок народен одбор и да го свика народниот одбор на вонредно заседание за избор на нов извршен одбор.

Член 126
[уреди]

        Право за поведуење постапка за поништуење, укинуење или запирање незаконитите и неправилните наредби, напатствија и решенија го имаат органите што се надлежни за поништуење, укинуење и запирање, повисоките државни органи и граѓаните на Народна Република Македонија.

Член 127
[уреди]

        Сукобите за надлежноста меѓу два народни одбора од иста степен ги решава непосредно повисокиот народен одбор односно Президиумот на Народното собрание на НРМ.
        Сукобите за надлежноста меѓу извршните одбори од иста степен ги решава нивниот непосредно повисок извршен одбор, односно Владата на Народна Република Македонија.

ТРЕТ ДЕЛ
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
[уреди]

Член 128
[уреди]

        Со денот на влегуењето во сила на Уставот се укинуат сите закони и други правни прописи што му се противни на Уставот.
        Законите и решенијата потврдени со Решението на Уставотворното собрание на НРМ од 4 ноември 1946 година остануат во важност до донесуењето на конечно решение за нив.
        Се овластуе Народното собрание на НРМ, во срок од една година од денот на влегуењето во сила на Уставот да ги испита сите закони и решенија потврдени со Решението на Уставотворното собрание на НРМ од 4 ноември 1946 година и да ги доведе во согласност со Уставот на ФНРЈ, со Уставот на НРМ и со сојузните закони и да донесе закони за тоа кои од тие закони и решенија остануат во важност без измени односно да донесе закони за изменуење и дополнуење на тие закони и решенија.
        Предлозите за сообразуење со Уставот на законите и решенијата ќе ги достави благовремено Претседателот на Владата на НРМ до Народното собрание на НРМ.

Член 129
[уреди]

        Уставот влегуе во сила со прогласуењето на седницата на Уставотворното собрание на Народна Република Македонија.
        Донесено во Скопје-главниот град на Народна Република Македонија.
        31 декември 1946 година.

ПРЕЗИДИУМОТ НА УСТАВОТВОРНОТО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

                   Секретар,                                                Претседател,
       Борко Темелковски, с.р.                              Богоја Фотев, с.р.

Потпретседатели,
Павел Шатев, с.р.
Абдураман Мемет, с.р.

         Членови: Лазар Колишевски, с.р.; Александар Мартулков, с.р.; Вера Ацева, с.р.; Страхил Гигов, с.р.; Стерио Боздов, с.р.; Димче Зогравски с.р.

УСТАВЕН ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]

УСТАВЕН ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]

УСТАВЕН ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  11.

ОДЛУКА
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ
ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО
И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И
ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

        На основа член 71 од Уставот на НРМ од 31 декември 1946 година, Народното собрание на Народна Република Македонија, на седницата одржана на 2 февруари 1953 година, донесе

ОДЛУКА

        Се прогласува и влегува во сила Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија, усвоен од Народното собрание на седницата од 2 февруари 1953 година:
        За да се доведе уставниот систем на Народна Република Македонија во склад со Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројсто на Федеративна Народна Република Југославија и сојузните органи на власта Народното собрание донесува

УСТАВЕН ЗАКОН
ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И
ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ
НА ВЛАСТА НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
I. ОСНОВНИ НАЧЕЛА
[уреди]
1) Народна Република Македонија
[уреди]
Член 1
[уреди]

        Народна Република Македонија е социјалистичка демократска држава на работниот народ на Македонија доброволно соединет со работниот народ од другите народни републики во Федеративна Народна Република Југославија како сојузна држава на суверени и рамноправни народи.

Член 2
[уреди]

        Секоја власт во Народна Република Македонија му припаѓа на работниот народ.
        Работниот народ ја врши власта и управува со општествените работи преку свои претставници во народните одбори и Народното собрание, во работничките совети и во другите самоуправни органи, како и непосредно преку избирање, отповикување, референдум, собири на избирачите, совети на граѓаните, учество на граѓаните во управата и правосудството и преку други форми на непосредно управување.

Член 3
[уреди]

        Општествената сопственост на средствата за производство, самоуправувањето на производителите во стопанството и самоуправувањето на работниот народ во општината, градот и околијата се основа на општественото и политичкото устројство на земјата.
        Загарантирано е самоуправувањето на работниот народ во областа на просветата, културата и социјалните служби.
        Самоуправувањето на производителите и работниот народ се остварува во согласност со општите општествени интереси изразени во закон и други одлуки на претставничките тела на работниот народ - Сојузната народна скупштина, Народното собрание и народните одбори.

Член 4
[уреди]

        Загарантирани се:
        слободното здружување на работниот народ за остварување на демократски политички, економски, социјални, научни, културни, уметнички, стручни, спортски и други заеднички интереси;
        личните слободи и другите основни права на човекот и граѓанинот;
        правото на работа.

Член 5
[уреди]

        Самоуправувањето на производителите во стопанството се состои особено:
        во правото на работните колективи да управуваат со стопанските организации непосредно и преку работничките совети, собранијата на земјоделските задруги и преку други претставнички органи што сами ги избираат и отповикуваат;
        во правото на производителите да бидат избирани во претставничките тела во стопанските организации;
        во правото на стопанската организација самостојно да ги утврдува своите стопански планови; во правото на стопанската организација, по извршување на општествените обврски, самостојно да располага со доходот на организацијата; при што на организацијата ѝ се гарантира минимумот определен со закон; во правото на стопанската организација во границите на својот доход да им ги определува заработките на трудбениците, при што на трудбениците во стопанските претпријатија со закон им се гарантираат минималните заработки од општествените средства;
        во правото на производителите преку свои претставници во соборите на производителите да ги утврдуваат материјалните средства што се одделуваат за подмирување на општествените потреби и да одлучуваат за употребата на тие средства.
        Производителите ги остваруваат самоуправните права врз основа на Сојузниот устав, Уставот на НРМ и законите, а во рамките на општествените планови.
        Работните колективи се здобиваат со самоуправните права со самото основање на стопанската организација.

Член 6
[уреди]

        Самоуправувањето на работниот народ во областа на просветата, науката и културата и социјалните служби се остварува преку самоуправни установи, преку учество на претставници на професионалните и другите општествени организации и граѓаните во органите на управата од тие области, како и преку други форми на општествено управување.

Член 7
[уреди]

        Народните одбори, како органи на народното самоуправување, се основни органи на власта на работниот народ од Републиката и највисоки органи на власта на општината, градот и околијата.
        Народниот одбор на околија го сочинуваат околиски собор и собор на производителите а народниот одбор на град го сочинуваат градски собор и собор на производителите.
        Одборниците на народниот одбор на општина, градскиот и околискиот собор ги избираат како свои претставници и ги отповикуваат граѓаните на општината, градот односно околијата, а одборниците на соборот на производителите на народниот одбор на град односно околија ги избираат и отповикуваат производителите од градот и околијата.
        Народниот одбор на град и околија избира судии и судии-поротници на околиски и окружен суд.
        Работниот народ власта во општината, градот и околијата ја врши и непосредно преку референдум и собири на избирачите, преку учество на граѓаните во правосудството како судии-поротници, преку советите на народните одбори, совети и комисии на граѓаните, селски одбори, преку учество на граѓаните во органите на самоуправните установи во општината, градот и околијата, како и преку други форми на непосредно управување.

Член 8
[уреди]

        Работниот народ на Републиката остварувајќи го правото на самоуправување избира републички органи на власта и преку нив ги врши работите од општ интерес за републичката општествена заедница.
        Правата и должностите на републичките органи на власта се утврдуваат со Уставот на НРМ.
        Само со закон може во општината, градот и околијата да се образуваат управни органи за вршење на работи од надлежноста на републичките органи на власта непосредно подредено на републичките органи на управата.

Член 9
[уреди]

        Републичките органи на власта имаат следни права и должности:
        обезбедуваат плански развиток на стопанството во Републиката во рамките на единствениот стопански систем и општествениот план на Федеративна Народна Република Југославија;
        се грижат за остварување и заштита на самоуправните права на производителите во стопанството и самоуправните права на работниот народ во општината, градот и околијата и во установите;
        ги уредуваат прашањата од општ интерес за заедницата во областа на просветата, науката, културата, народното здравје и социјалната политика и обезбедуваат основни услови за развиток на просветата, науката и културата и за заштита на народното здравје; обезбедуваат единство на школскиот систем и наставата; се грижат за вршењето на социјалните служби;
        се грижат за остварување и заштита на слободата и демократските права на граѓаните и нивната рамноправност без обѕир на народност, раса и вероисповед; ги штитат правата на националните малцинства во Републиката и го осигуруваат нивното рамноправно учество во општествениот живот;
        обезбедуваат единство на правниот поредок на Републиката, законитост и единствено применување на законите;
        се грижат за организирање и функционирање на органите на власта и ја ускладуаат работата на народните одбори во рамките на единствениот систем на власта;
        го организираат правосудството на Републиката;
        го обезбедуваат и штитат јавниот поредок на територијата на Републиката;
        учествуваат во извршувањето на работите од исклуивата надлежност на Федерацијата во областа на заштитата на општественото и политичкото устројство и извршуваат други работи што им се определени со сојузни закони и други прописи.
        Овие права и должности републичките органи на власта ги остваруваат спрема надлежноста што им е уредена со овој закон.

Член 10
[уреди]

        Вон правата што со Сојузниот устав и Уставот на НРМ се утврдени за сојузните и републичките органи на власта, народните одбори ги вршат самостојно сите работи од општ интерес за заедницата во областа на стопанскиот, комуналниот, културниот и созијалниот живот и развиток на општината, градот и околијата.
        Народните одбори, на основа и во рамките на овластувањата што им се дадени со закон и општи прописи од повисоките државни органи, донесуваат дополнителни прописи за уредување на работите од својата надлежност, а во работите од непосреден интерес за стопанскиот, комуналниот, културниот и социјалниот развиток на општината, градот односно околијата што не се уредени со закон самостојно донесуваат прописи и други акти.
        Народните одбори непосредно ги извршуваат сојузните и републичките закони донесувајќи управни акти и преземајќи други управни дејства, доколку тоа со Сојузниот устав и Уставот на НРМ или закон не е ставено во надлежност на сојузните и републичките органи на власта.
        Народниот одбор на општина ги врши сите работи од непосреден интерес за стопанскиот, комуналниот, културниот и социјалниот развиток на општината, доколку за одделни работи не е определена надлежност на народниот одбор на околијата.

Член 11
[уреди]

        Народниот одбор ја врши власта на основа и во рамките на Сојузниот устав и Уставот на НРМ и законите.
        Народниот одбор со статут ја пропишува својата организација и работење.
        Во вршењето на работите од својата надлежност народниот одбор се опира на стопанските организации, самоуправните установи, здруженијата и иницијативата на граѓаните и спрема тие организации и установи врши само права определени со закон.

Член 12
[уреди]

        Народниот одбор самостојно располага со делот на доходот што стопанските организации, задржувајќи го оној дел што како гарантиран минимум им припаѓа, го одделуваат за општината, гарадот и околијата согласно сојузниот и републичкиот општествен план и има право на процент од данокот утврден со закон и право на воведување локален данок, а народниот одбор на општина и град и право на воведување местен самопридонес.
        Народниот одбор самостојно го донесува буџетот на општината, гарадот и околијата, а народните одбори на град и околија самостојно го донесуваат и општествениот план на градот и околијата.
        Народниот одбор врши надзор над управувањето на општонародниот имот, а народните одбори на општина и град вршат и право на управување со сета земја и згради што се општонароден имот, доколку тоа право не им припаѓа на други државни органи, стопански организации, установи и заедници.

Член 13
[уреди]

        Републичките органи на власта имаат спрема народните одбори само права утврдени со закон.
        Републичките органи на власта имаат право на надзор во поглед законитоста на работата на народните одбори, а народниот одбор на околија, во границите на закон, има право на надзор во поглед законитоста на работата на народниот одбор на општина.
        Народниот одбор има право да му поднесува на Извршниот совет односно Собранието приговори за заштита на самоуправните права, ако смета дека со пропис или акт на повисок државен орган му е повредено некое право утврдено со закон.

2) Народна Република Македонија и Федеративна Народна Република Југославија
[уреди]
Член 14
[уреди]

        Освен правата утврдени со Сојузниот устав што работниот народ ѝ ги доверил на Федерацијата, Народна Република Македонија власта ја врши самостојно.

Член 15
[уреди]

        Територијата на Народна Република Македонија е составен дел од територијата на Федеративна Народна Република Југославија и нејзиното единствено државно и стопанско подрачје.
        Прометот на стоката во Народна Република Македонија како и прометот на стоката помеѓу Народна Република Македонија и другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија е слободен и не може да се ограничи со акт на републичките органи ниту со акт на народните одбори.

Член 16
[уреди]

        Сојузните закони и другите акти на сојузните органи се задолжителни на територијата на Народна Република Македонија.
        Во случај разијдување помеѓу сојузен закон и закон на Народна Република Македонија се прилага сојузниот закон.

Член 17
[уреди]

        Управните и сојузните акти и исправите на државните органи од другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија имаат иста важност во Народна Република Македонија како и во народната република во која се издадени.

Член 18
[уреди]

        Државјаните од другите народни републики на Федеративна Народна Република Југославија уживаат исти права на територијата на Народна Република Македонија како и државјаните на Народна Република Македонија.

II. РЕПУБЛИЧКИ ОРГАНИ НА ВЛАСТА
[уреди]
А. НАРОДНО СОБРАНИЕ
[уреди]
1) Права на Народното собрание
[уреди]
Член 19
[уреди]

        Народното собрание е претставник на народниот суверенитет и највисок орган на власта на Народна Република Македонија.
        Народното собрание своите права и должности ги врши на основа и во рамките на Сојузниот устав, Уставот на НРМ и сојузните закони.

Член 20
[уреди]

        Правата што им припаѓаат на републичките органи на власта ги врши Народното собрание непосредно и преку Извршниот совет како свој извршен орган. Определени извршни работи вржат републичките органи на управата по смерници и под надзор на Извршниот совет.
        Правата што им припаѓаат на републичките органи на власта во областа на правосудството ги врши Врховниот суд на Народна Република Македонија на основа законите.

Член 21
[уреди]

        Во исклучива надлежност на Народното собрание спаѓа:
        1) измена на Уставот;
        2) избирање и разрешување претседател и членови на Извршниот совет;
        3) избирање и отповикување со Сојузниот устав определен број народни пратеници за Сојузниот собор на Сојузната народна скупштина;
        4) избирање и разрешување судии на Врховниот суд на Народна Република Македонија;
        5) донесување на републички закони; донесување на републичкиот општествен план и републичкиот буџет; потврда на завршниот биланс за извршување на републичкиот општествен план и потврда на републичката завршна сметка за извршување на републичкиот буџет;
        6) одлучува за измена на границите помеѓу Народна Република Македонија и другите народни републики со потврда на Сојузната народна скупштина;
        7) одлучува за правецот на работата на Извршниот совет и републичките органи на управата во рамките на правата на републичките органи на власта;
        8) основање на самоуправни установи од интерес за целата Република и основање на високи школи и виши специјализовани школи;
        9) амнестија за кривични дела определени со закон на Народна Република Македонија;
        10) одлучување за продолжување траењето на мандатот на народните одбори на општините, градовите и околиите најмногу за една година, како и за распишување на општи избори за народните одбори пред да истече времето за кое се избрани; решавање по приговорите на народните одбори за заштита на самоуправните права против актите на Извршниот совет.
        Собранието донесува декларации и резолуции по прашањата од надлежноста на републичките органи на власта и по други прашања од општ интерес за Републиката.
        Собранието дава препораки за работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации.

Член 22
[уреди]

        Народното собрание донесува закони самостојно.
        Во областите во кои се донесени сојузни општи закони Народното собрание донесува закони во склад со начелата утврдени со сојузниот закон.
        Во областите во кои се донесени сојузни основни закони Народното собрание донесува доплнителни закони.
        Во областа од исклучивото сојузно законодавство Народното собрание донесува закони само ако и доколку е затоа посебно овластено со сојузниот закон.
        Народното собрание може да донесува закони по прашањата од областа на сојузното општо или основно законодавство и кога не е донесен сојузен закон. Со донесување на сојузен основен закон престануваат да важат одредбите на републичкиот закон што се однесуваат на прашањата уредени со сојузниот основен закон.

Член 23
[уреди]

        Само со закон можат да се утврдуваат прашањата од областа на: организацијата на власта и јавните служби од општо значење; републичкото државјанство; поделбата на територијата на Републиката на општини, гарадови и околии; изборот и отповикувањето на народните претставници; здруженијата, собирот и договорот; амнестијата и помилувањето; планското управување на стопанството; стопанските организации; сообраќајот, врските и патиштата и добрата во општа употреба; буџетот и општествениот придонес, даноците и другите давачки; искористувањето на народните богатства и сили; универзитетите и високите школи; школите за општо образование, стручните и основните школи; трудот; фамилијата, бракот и старателството; сузбивањето на заразните болести; службениците на државната администрација и другите прашања од исклучива надлежност на републичките органи на власта. По овие прашања народните одбори можат да донесуваат прописи само ако се и доколку се за тоа посебно овластени со законот.
        Народното собрание утврдува со закон само општи начела за прописите на народните одбори или со закон ги утврдува основните прашања во работите од непосреден интерес за стопанскиот, културниот, комуналниот и социјалниот развиток на општината, градот односно околијата, ако тоа бара општиот интерес на Републиката. По овие работи народните одбори донесуваат свои прописи во рамките на општите начела утврдени со републичкиот закон, односно со своите прописи ги дополнуваат соодветните одредби на републичкиот закон. Ако вакви закони нема народните одбори можат самостојно и по своја иницијатива да донесуваат свои прописи. Со донесување на републички закон престануваат да важат прописите на народните одбори што се однесуваат на основните прашања утврдени со републичкиот закон.
        Во случај разијдување помеѓу прописите на народните одбори и републичките закони се прилага републичкиот закон.

Член 24
[уреди]

        Со републичкиот општествен план за републичките органи на власта се определуваат само оние финансиски средства утврдени со закон што служат за извршување на работи од нивната надлежност, за помош на градовите и околиите и за помош на установите и стопанските организации од општ интерес за целата Република.
        Со републичкиот буџет се утврдуваат и распоредуваат финансиски средства за извршување на работи од републичката надлежност и за работата на републичките органи и установи.

Член 25
[уреди]

        Народното собрание може да одлучи законскот предлог, пред или по неговото усвојување, или некое друго прашање од надлежноста на републичките органи на власта да се изнесе пред избирачкото тело на одлучување (референдум).
        Референдум можат да предложат една петина членови од еден дом и Извршниот совет.
        Одлуката на избирачкото тело е задолжителна. Две години по извршениот референдум не може да се донесе закон или друг акт противен со одлукта на избирачкото тело.
        За референдумот ќе се донесе посебен закон.

Член 26
[уреди]

        Законите се објавуваат во службен весник и влегуваат во сила осмиот ден по објавувањето, ако со самиот закон не е инаку определено.

Член 27
[уреди]

        Законите не можат да имаат повратно дејство, освен ако тоа со законот изрично е предвидено.
        Закон што установува казна може да има повратно дејство само ако е поблаг за сторителот.

Член 28
[уреди]

        Народното собрание се избира на четири години.
        Собранието може во случај на војна или други вонредни прилики да го продолжи траењето на својот мандат за времето додека таа состојба трае.
        Собранието може да одлучи да се распушти и пред да истече времето за кое е избрано.

Член 29
[уреди]

        Избори за ново Народно собрание мора да се распишат пред да истече последниот ден од периодот за кој Собранието е избрано. Ако мандатот на Собранието е продолжен, изборите мора да се распишат штом престанат околностите поради кои мандатот е продолжен.
        Од денот на распуштањето на Народното собрание до денот на изборите не смее да измине повеќе од три ни помалку од два месеци.

Член 30
[уреди]

        Предлог за измена на Уставот можат да поднесат 20 члена на еден дом и Извршниот совет.
        Собранието во секој дом претходно одлучува со мнозинство гласови за тоа дали ќе се пристапи кон решавање по предлогот за измена на Уставот.
        Измената на Уставот е усвоена ако за неа гласаат три петини членови на секој дом.

2) Устројство на Народното Собрание
[уреди]
а) Домови на Собранието
[уреди]
Член 31
[уреди]

        Народното собрание го сочинуваат два дома: Републички собор и Собор на производителите.

Член 32
[уреди]

        Републичкиот собор го сочинуваат народни пратеници што ги избираат граѓаните во околиите и градовите на основа општо, еднакво и непосредно избирачко право. Еден пратеник се избира на 12.000 жители.

Член 33
[уреди]

        Соборот на производителите го сочинуваат народни пратеници што ги избираат производителите на работа во производството, транспортот и трговијата сразмерно со учеството на стопанските области во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија.
        Пратениците на Соборот на производителите, како претставници на своите стопански организации, ги избираат работниците и службениците на стопанските претпријатија и членовите на земјоделските задруги, како и занаетчиите и занаетчиските работници. Еден пратеник се избира на 15.000 производително население.

Член 34
[уреди]

        Пратеници за Соборот на производителите избираат индустриските, селско-стопанските и занаетчиските производители одделно секој во својата производителна група.
        Индустриската група ги опфаќа работниците и службениците на работа во индустријата, рударството, шумарството, градежништвото, транспортот, трговијата, угостителството и комуналната дејност.
        Селско-стопанската група ги опфаќа земјоделците членови на земјоделските задруги и работниците и службениците на селско-стопанските добра.
        Занаетчиската група ги опфаќа трудбениците на работа во занаетчиството.
        Право да избираат пратеници за Соборот на производителите имаат производителите што уживаат општо избирачко право.
        Во секоја производителна група се избира оној број пратеници за Соборот на производителите што му е сразмерен на учеството на групата во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија утврден во текуштиот републички општествен план.
        Во рамките на секоја производителна група пратениците се избираат по норма: еден пратеник на еднаков број производително население.

Член 35
[уреди]

        За член на Републичкиот собор може да биде избран секој граѓанин што ужива општо избирачко право.
        За член на Соборот на производителите може да биде избран секој производител што ужива општо избирачко право и припаѓа на производителната група од која се избира пратеникот. За член на Соборот на производителите може да биде избран и синдикален функционер што како таков е избран од страна на производителите.
        На пратеник што трајно ќе престане да биде производител или ја мени производителната група во која е избран му престанува мандатот.

Член 36
[уреди]

        Народните пратеници избрани во Републичкиот собор се здобиваат со право на одборник на околискоит односно градскиот собор на народниот одбор на околијата односно градот на чие подрачје се избрани.
        Народните пратеници избрани во Соборот на производителите се здобиваат со право на одборник на соборот на производителите на народниот одбор на околијата односно градот на чие подрачје се избрани.

Член 37
[уреди]

        Избирачите имаат право да го отповикаат народниот пратеник.

Член 38
[уреди]

        Изборот и отповикувањето на народниот пратеник се врши со тајно гласање.

Член 39
[уреди]

        Републичкиот собор и Соборот на производителите рамноправно учествуваат:
        1) во одлучувањето за измена на Уставот;
        2) во утврдувањето на републичкиот општествен план и републичкиот буџет; во потврдувањето на завршниот биланс за извршување на републичкиот општествен план и завршната сметка за извршување на републичкиот буџет;
        3) во донесувањето на закони од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
        4) во одлучувањето за продолжување мандатот на Собранието; во утврдувањето дека престанале околностите поради кои бил продолжен мандатот на Собранието; во одлучувањето за распуштање на Собранието;
        5) во одлучувањето за распишување референдум по прашања од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
        6) во решавањето по приговорите на народните одбори за заштита на нивните самоуправни права во областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
        7) во добесувањето на декларации и резолуции по прашања од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување;
        8) во одлучувањето на наградите на народните пратеници и принадлежностите на претседателот, потпретседателите и секретарот на Народното собрание и претседателот и членовите на Извешниот совет.

Член 40
[уреди]

        Републичкиот собор и Соборот на производителите заседаваат одделно.
        Законскиот предлог во чие донесување рамноправно учествуваат двата дома може да биде поднесен на едниот или другиот дом.
        Домовите може да одлучат да претресат на заедничка седница одделни законски предлози или други прашања во чие решавање учествуваат двата дома, но гласањето за законските предлози се врши одделно на седница на секој дом.

Член 41
[уреди]

        Народното собрание на заедничка седница на обата дома врши следни работи:
        1) избира и разрешува претседател, потпретседатели и секретар на Народното собрание;
        2) избира и разрешува претседател и членови на Извршниот совет;
        3) избира и разрешува судии на Врховниот суд на НРМ;
        4) избира и разрешува членови на одборите и комисиите на Собранието;
        5) ја прогласува измената на Уставот.

Член 42
[уреди]

        Сите работи од надлежноста на Народното собрание во чие решавање рамноправно или заеднички не учествуваат обата дома, или по кои не расправа сам Соборот на произвводителите, ги врши Републичкиот собор.
        Членовите на Соборот на производителите имаат право да му предлагаат на Републичкиот собор измени во законските предлози по кои решава Републичкиот собор, како и да поднесуваат предлози за измена на законите што важат, а што ги донел Републичкиот собор.

Член 43
[уреди]

        Предлог на закон или друг акт во чие донесување рамноправно учествуваат обата дома е усвоен ако во двата дома е изгласан во истоветен текст.
        Секој дом има право да предложи измени во предлог на закон или друг акт што веќе е изгласан во другиот дом. Вака изменетиот предлог му се враќа за согласност на домот од којшто потекнал.
        Ако домовите не се сложат со текстот за законот ќе определат заедничка комисија составена од еднаков број членови на двата дома, за да се постигне согласност.
        Ако во комисијата не се постигне согласност од мнозинството претставници на секој дом или домовите не го одобрат текстот што го предложила комисијата, претресот по спорното прашање се одложува за седум дена.
        По истекот на овој рок на седниците одново се претресуваат прашањата по кои не е постигната согласност и ако ни по два претреса едноподруго не се постигне согласност, Народното собрание се распушта и се распишуваат избори за ново Собрание.

Член 44
[уреди]

        Споровите за надлежност помеѓу домовите ги решава Народното собрание на заедничка седница на двата дома.

Член 45
[уреди]

        Соборот на производителите може да дава препораки на стопанските организации за нивната работа и на државните органи и самоуправните установи по прашањата од областа на стопанството, трудот и социјалното осигурување.
        Соборот на производителите, во рамките на правата определени со закон, може да донесува одлуки за работата на стопанските организации, државните органи и самоуправните установи.

Член 46
[уреди]

        Секој дом сам решава за верификацијата на мандатите на своите членови.

Член 47
[уреди]

        Секој дом може да одлучи да се распушти пред да истече времето за кое е избрано Собранието, но останува на должност за времето додека не се избере нов дом. Новоизбраниот дом се распушта кога ќе истече времето за кое Собранието е избрано.

Член 48
[уреди]

        Секој дом донесува свој правилник за работа, а обата дома заедно донесуваат правилник за работа за заедничките седници.

б. Претседател на Собранието и претседатели на домовите
[уреди]
Член 49
[уреди]

        Народното собрание избира од редот на пратениците претседател на Собранието, еден или повеќе потпретседатели и еден секретар.
        Претседателот, потпретседателите и секретарот се избираат за времето за кое Собранието е избрано, но остануваат на должност и по распуштањето на Собранието до нов избор на претседател, потпретседатели и секретар.
        Претседателот на Собранието го претстставува Собранието, ги потпишува покрај Претседателот на Извршниот совет, указите за прогласување на законите, претседава на заедничките седници на обата дома, се грижи за прилагање на правилникот за работа и за извршување на одлуките на Собранието и неговите домови.
        Потпретседателите на Собранието го заменуваат претседателот кога тој е спречен да ја врши претседничката должност.
        Претседателот односно потпретседателите на Собранието кога претседаваат на седницата не можат да учествуваат во претресот и да гласаат.
        Секретарот на Собранието се грижи за администрацијата на Собранието.

Член 50
[уреди]

        Домовите избираат на една година од редот на своите членови по еден претседател, потпретседател и по тројца запосничари.
        Претседателот на домот претседава на седниците на домот и се грижи за прилагање на правилникот за работа.
        Претседателот односно потпретседателот на домот кога претседава на седницата не може да учествува во претресот и да гласа.

3) Права и должности на народните пратеници
[уреди]
Член 51
[уреди]

        Секој пратеник има право да му поднесува на домот чиј е член предлози на закони, одлуки, препораки, декларации и резолуции. Пратениците имаат право да поднесуваат и предлози на одлуки, препораки, декларации и резолуции за чие донесување е надлежно Народното собрание на заедничка седница на обата дома.
        Пратениците што не се членови на одборите имаат право да учествуваат во работата на секој одбор на оној дом чии се членови, но без право на одлучување.

Член 52
[уреди]

        Секој пратеник има право да упатува прашања до Извршниот совет, на кои Извршниот совет одговара на седница на домот, или на заедничка седница на обата дома, или писмено.
        Пратеникот што поставил прашање има право да му предложи на домот односно Собранието да се отвори дискусија по прашањато што го поставил.
        Секој пратеник има право преку домот чиј е член да бара известија од државните секретари. Државниот секретар е должен да ги даде бараните известија писмено, освен ако домот или Собранието не одлучи државниот секретар да ги соопшти лично на седница.

Член 53
[уреди]

        Членовите на Републичкиот собор се должни да ги известуваат избирачите за својата работа, за работата на Републичкиот собор и Собранието, непосредно или преку околискиот односно градскиот собор на народниот одбор во кои имаат право на одборник.
        Околискиот односно градскиот собор на народниот одбор во кој народниот пратеник има право на одборник, има право да бара од пратеникот да го извести Републичкиот собор односно Собранието за неговиот предлог или мислење, ако се однесува на прашања од надлежноста на Републичкиот собор односно Собранието. Народниот пратеник е должен да го изложи таквиот предлог или мислење.

Член 54
[уреди]

        Членовите на Соборот на производителите се должни да ги известуваат избирачите за својата работа, за работата на Соборот на производителите и Собранието, непосредно или преку соборот на производителите на народниот одбор во кој имаат право на одборник.
        Соборот на производителите на народниот одбор во кој народниот пратеник има право на одборник може да бара од пратеникот да го извести Соборот на производителите односно Собранието за неговиот предлог или мислење, ако се однесува на прашања од надлежноста на Соборот на производителите односно Собранието. Народниот пратеник е должен да го изложи таквиот предлог или мислење.

Член 55
[уреди]

        Членовите на Републичкиот собор имаат право на постојана месечна награда.
        Членовите на Соборот на производителите својата должност ја вршат почесно и имаат право на накнада на трошковите причинети со вршењето на својата пратеничка должност, како и право на накнада на загубената заработка за време додека ја вршат таа должност.

Член 56
[уреди]

        Народниот пратеник не може да биде повикан на одговорност, лишен од слобода ни казнет за изразеното мислење или дадениот глас во Собранието.
        Пратеникот не може да биде лишен од слобода, ниту против него може да се започне кривична постапка без одобрение од домот кому припаѓа, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна строг затвор во траење подолго од пет години. Во таков случај државниот орган што го лишил пратеникот од слобода или против него започнал кривична постапка, е должен за тоа веднаш да го извести Претседателот на Народното собрание, кој го изнесува прашањето пред соодветниот дом на одлучување дали постапката ќе се продолжи односно дали лишувањето од слобода ќе остане во сила.
        Кога домот не е собран, за давање на одобрение за лишување од слобода и за започнување односно продолжување на кривична постапка против пратеник одлучува мандатно-имунитетниот одбор на соодветниот дом, со дополнителна потврда од домот.

Член 57
[уреди]

        Народен пратеник не може да биде истовремено службеник во државната управа ниту судија.

4) Седници
[уреди]
Член 58
[уреди]

        Народното собрание е во постојано заседание во текот на времето за кое е избрано (свикување) и работи во посебни седници на домовите, во заеднички седници на обата дома, во постојаните и други одбори и комисии.
        Новоизбраното Собрание се состанува најдоцна на триесетиот ден од денот на изборите.

Член 59
[уреди]

        Седниците на одделните домови ги свикува претседателот на Народното собрание на основа одлука од самиот дом, по предлог од претседателот на домот, од одбор, од една петина членови на домот, од Извршниот совет, по сопствена иницијатива, како и кога тоа е определено со овој закон.
        Заедничка седница на двата дома свикува Претседателот на Народното собрание на основа одлука од Собранието, по предлог од еден дом, од одбор, од Извршниот совет, по сопствена иницијатива, како и кога тоа е определено со овој закон.
        Ако Претседателот на Собранието не свика седница или не ја свика кога тоа е определено или предложено, Собранието односно неговиот дом ќе се состане по покана на дваесет пратеници односно Извршниот совет.

Член 60
[уреди]

        Домовите на Собранието донесуваат полноважни одлуки со мнозинство гласови на седница на која присуствува мнозинството од нивните членови.
        Народното собрание на заедничка седница на двата дома донесува полноважни одлуки со мнозинство гласови. За донесување на одлуки е потребно присуство на мнозинството членови и на едниот и на другиот дом.

5) Одбори и комисии
[уреди]
Член 61
[уреди]

        Републичкиот собор и Соборот на производителите имаат како постојани одбори законодавен одбор и мандатно-имунитетен одбор.
        Секој дом може да образува постојани одбори и за други прашања од својата надлежност, како и анкетни одбори и комисии за вршење на посебни задачи.
        Народното собрание има постојана комисија за толкување на законите и постојана комисија за народни одбори.
        По потреба можат да се образуваат одбори како и други комисии на Народното собрание.

Член 62
[уреди]

        Членовите на Извршниот совет не можат да бидат членови на одбори или комисии ниту можат да бидат избрани на други постојани должности во домот или Собранието.
        Претседателот на Собранието не може да биде член на одбор или комисија.

Член 63
[уреди]

        Одборите ги проучуваат законските предлози, ги претресуваат прашањата што ќе ги отворат членовите на одборите и сите други прашања од надлежноста на домот и му поднесуваат на домот свои извештаии и предлози.
        Секој законски предлог пред да му се поднесе на домот на претрес мора да биде расправан во соодветните одбори на домот, освен ако домот одлучи предлогот да се претресува по итна постапка.
        Секој член на одбор има право да предлага да се стават на дневен ред на одборот или при претресувањето во одборот да ги изнесува, во рамките на делокругот на одборот, сите прашања што се однесуваат до примената на закони, до работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации, или до други прашања од општ интерес за Републиката или од интерес за изборната единица во која е избран.
        Пратеник што не е член на одбор има право пред одборот на домот чиј е член да отвори прашање од делокругот на одборот. Одборот одлучува дали таквото прашање ќе го стави на дневен ред.

Член 64
[уреди]

        Одборите може да донесуваат резолуции и во рамките на својот делокруг да донесуваат препораки за работата на државните органи, самоуправните установи и стопанските организации.

Член 65
[уреди]

        Одборите може да бараат од Извршниот совет да им одговори на прашања и да им дава известија за својата работа.
        Членовите на Извршниот совет можат да присуствуваат на седницата на одборите и да учествуваат во претресувањето, но без право на одлучување.
        Извршниот совет може да предложи да се стават на дненевен ред на седница на одбор одделни прашања и да се свика одборот за да се изнесе ставот на Извршниот совет по тие прашања. Одборот може да ги претресува тие прашања, да донесува резолуции и да дава препораки.
        Одборите можат да повикуваат државни секретари, потсекретари, директори и други службеници и стручњаци усно или писмено да им одговораат на прашања и да им дадат известија и објасненија.
        Одборите можат да плвикуваат народен пратеник да ги извести за состојбата во изборната единица односно во стопанските организации што го избрале.

Член 66
[уреди]

        Одборите можат да вршат анкети и сослушувања и поради тоа да бараат од сите државни органи, самоуправни установи и стопански организации да им поднесуваат потребни податоци, списи и документи.

Член 67
[уреди]

        Комисијата за толкување на законите има право да дава задолжителни толкувања на републичките закони.
        Предлог за толкување на законите можат да поднесат: секој народен пратеник, одбор на дом, Извршниот совет и Врховниот суд на Народна Република Македонија.
        Комисијата им ги поднесува задолжителните толкувања на дополнителна потврда на надлежните домови.
        Комисијата за толкување на законите има девет членови што Собранието ги избира од редот на народните пратеници на заедничка седница на двата дома.
        Комисијата за толкување на законите останува на должност и по распуштањето на Собранието до избирање на нова комисија.

Член 68
[уреди]

        Комисијата за народни одбори решава по споровите помеѓу околискиот односно градскиот собор и соборот на производителите на народен одбор на околија односно град.
        Комисијата за народни одбори ги проучува приговорите на народните одбори за заштита на нивните самоуправни права поднесени против актите на Извршниот совет и ги разгледува прашањата од областа на организацијата и работата на народните одбори за кои е надлежно Народното собрание и им поднесува на домовите односно Народното собрание предлози за нивното решавање.

Член 69
[уреди]

        Секој одбор и постојана комисија работи по правилник за работа што сам го донесува а го потврдува домот односно Народното собрание.
        Секој одбор и постојана комисија има свој претседател и секретар што сам ги избира.
        Одборите на еден дом и одборите на двата дома како и комисиите по потреба можат да одржуваат и заеднички седници.

Б. ИЗВРШЕН СОВЕТ
[уреди]
Член 70
[уреди]

        Народното собрание му го доверува на Извршниот совет претставувањето на Народна Република Македонија, грижата за спроведување на законите, надзорот над работата на републичката управа, надзорот во поглед законитоста на работата на народните одбори и определени самоуправни установи и другите извршни работи од надлежноста на републичките органи на власта.

Член 71
[уреди]

        Извршниот совет:
        1) се грижи за извршување на сојузните и републичките закони; се грижи за извршување на републичкиот општествен план, републичкиот буџет и другите акти на Народното собрание, како и за извршување актите на Сојузниот извршен совет и Сојузната народна скупштина и донесува прописи и презема мерки за нивното извршување; презема мерки за извршување на работите од надлежноста на републичките органи на власта; врши општ надзор над примената на законите;
        2) ги утврдува предлозите на републичкиот општествен план и републичкиот буџет и ги поднесува на Собранието; составува и поднесува предлози на закони;
        3) утврдува смерници за работата на републичките органи на управата како и за работата на народните одбори во управните работи од надлежноста на републичките органи на власта чиешто извршување е пренесено врз народните одбори;
        4) основа републички органи на управата, освен државни секретаријати и совети; ја пропишува организацијата на републичките органи на управата; пропишува начела за организацијата на органите на управата на народните одбори; презема мерки за подобрување на администрацијата на републичките органи на управата и народните одбори; се грижи за спроведување на службеничкиот систем;
        5) ги поништува и укинува актите на републичките органи на управата донесени вон управната постапка ако се во спротивност со сојузен и републички закон или прописи на сојузниот или републичкиот извршен совет како и прописи на сојузните органи на управата; решава во управната постапка во границите на закон;
        6) врши, во границите на закон, надзор во поглед законитоста на работата на народните одбори; ги потврдува статутите на народните одбори на околиите, градовите и градските општини; решава во границите на закон по приговорите за заштита на самоуправните права на народните одбори;
        7) основа претпријатија, го пропишува делокругот и основите на организацијата на самоуправните установи што ги основало Народното собрание;
        8) располага со буџетските резерви на Републиката;
        9) назначува и разрешува државни секретари, секретари на советите, потсекретари, јавен правобранител на Републиката и други виши службеници за кои тоа е определено со закон;
        10) донесува акт за распуштање на Народното собрание во случај несогласност на домовите; распишува избори за Народното собрание;
        11) ги прогласува законите со указ; се грижи за објавување на републичките закони и другите прописи;
        12) врши помилување согласно посебен закон;
        13) решава по жалбите на народните одбори на општините против одликите на народните одбори на околиите односно градовите со кои е поништен или укинат акт на народниот одбор на општината;
        14) врши работи утврдени со закон.
        Извршниот совет може да го изнесе секое прашање од својата надлежност пред Народното собрание и да предложи претрес и донесување на одлука по него.

Член 72
[уреди]

        Во вршењето на надзор над работата на народните одбори Извршниот совет има право да ги поништи или укине незаконитите акти на народните одбори на околии и градови, а во работите што не се уредени со закон или општ пропис на сојузните или републичките органи има право да ги поништи или укине и актите на народниот одбор со кој е повреден општиот интерес.
        Народниот одбор чиј акт е поништен или укинат има право против решението на Извршниот совет да поднесе жалба до Народното собрание.

Член 73
[уреди]

        Извршниот совет може да распушти секој народен одбор односно само околиски или градски собор или собор на производителите ако нивната работа очигледно е во спротивност со Сојузниот устав и Уставот на НРМ или со закон.
        Членовите на распуштениот одбор имаат право на приговор до Народното собрание.

Член 74
[уреди]

        Извршниот совет ги врши работите на основа и во рамките на Сојузниот устав и сојузните закони, Уставот на НРМ и републичките закони, како и уредбите на Сојузниот извршен совет.

Член 75
[уреди]

        Извршниот совет може да донесува уредби за извршување на републичките закони, а за вршење на други работи од својата надлежност може да донесува одлуки, упатства и решенија.
        Извршниот совет може да донесува уредби за извршување на сојузните закони и сојузните уредби како и републичките општи закони само ако за тоа е овластен со законот или уредбата.
        Извршниот совет донесува уредба за својата организација и работа, која ја поднесува на потврда на Народното собрание.

Член 76
[уреди]

        Во Извршниот совет се избираат петнаесет до дваесет и пет народни пратеници од редот на членовите на Републичкиот собор.
        Новоизбраното Народно собрание на првата заедничка седница на двата дома го избира претседателот и другите членови на Извршниот совет.
        Кандидати за претседател и членови на Извршниот совет можат да предложат 20 народни пратеници.

Член 77
[уреди]

        Извршниот совет се избира за времето за кое е избрано Народното собрание, но Собранието може да го разреши целиот Совет или одделни негови членови и пред да истече тоа време.
        Извршниот совет останува на должност и по распуштањето на Собранието, до избирање на нов Совет.

Член 78
[уреди]

        На чело на Извршниот совет се наоѓа претседател.
        Претседателот на Извршниот совет го претставува Советот, претседава на неговите седници, во името на Советот му поднесува извештај на Народното собрание за работата на Советот и ги потпишува указите за прогласување на законите и уредбите.
        Претседателот на Извршниот совет има право да задржи од извршување акт на Извршниот совет со кој не се сложува, со обврска спорното прашање веднаш да го изнесе пред Народното собрание за донесување на одлука. Во тој случај претседателот на Народното собрание е должен веднаш да свика седница на Собранието.
        Претседателот на Извршниот совет во случај на отсутност или подолготрајна болест го заменува еден од потпретседателите што ќе го определи Извршниот совет.

Член 79
[уреди]

        Извршниот совет има еден или повеќе потпретседатели.
        Потпретседателите ги избира Извршниот совет од редот на своите членови, кои и ги разрешува.

Член 80
[уреди]

        Извршниот совет за својата работа му одговара на Народното собрание.
        Извршниот совет е должен да го известува Народното собрание за својата работа.
        Собранието во секое време може да бара од Извршниот совет да му пиднесе извештај за својата работа или за одделни прашања од својата надлежност.
        Народното собрание води претрес по извештаите на Извршниот совет и на основа претресот може да донесе резолуции и да даде препораки.
        Ако Собранието во текот на претресот установи дека некој акт на Извршниот совет не е во согласност со закон, може да го укине.
        Овие права Собранието може да ги врши на заедничка седница на двата дома или на седница само на еден дом, ако за соодветните прашања исклучиво е надлежен тој дом.

Член 81
[уреди]

        Работите од својата надлежност Извршниот совет ги решава на седница.
        Извршниот совет решава со мнозинство гласови.

Член 82
[уреди]

        Извршниот совет од редот на своите членови може да образува одбори и комисии за проучување на одделни прашања и подготвување предлози на закони, уредби и други свои акти, како и за донесување решенија во определени работи од надлежноста на Советот.

Член 83
[уреди]

        Извршниот совет избира секретар од редот на своите членови.
        Секретарот се грижи за администрацијата на Извршниот совет и врши други работи за кои ќе го овласти Извршниот совет.

В. РЕПУБЛИЧКА УПРАВА
[уреди]
Член 84
[уреди]

        За непосредно вршење определени извршни работи од надлежноста на републичките органи на власта се образуваат државни секретаријати, самостојни управи, управни установи и други самостојни органи на управата.
        За вршење работи на општествено управување од општ интерес во областа на просветата, науката, културата, народното здравје и социјалната заштита и за вршење управни работи од надлежноста на републичките органи на власта во овие области се образуваат совети.

Член 85
[уреди]

        Републичките органи на управата непосредно ги извршуваат законите и другите акти на Народното собрание, уредбите и другите акти на Извршниот совет кога нивното извршување е ставено во надлежност за тие органи со Уставот на НРМ и републички закони.
        Републичките органи на управата непосредно ги извршуваат законите на Сојузната народна скупштина како и прописите на Сојузниот извршен совет и сојузните органи на управата кога нивното извршување е ставено во надлежност на тие органи со сојузен закон или сојузна уредба.
        Непосредното извршување на републички закон со кој се утврдуваат општи начела за прописите на народните одбори или се утврдуваат основни прашања за работите од непосреден интерес за животот и развитокот на општината, градот и околијата може да се стави во надлежност на републичките органи на управата само кога извршувањето е од општ интерес за Републиката.
        Во непосредното извршување на законите републичките органи на управата донесуваат управни акти, преземаат управни дејства и донесуваат прописи за кои се овластени.
        Освен прописите чиешто извршување е ставено во надлежност на сојузните или републичките органи на управата, сојузните и републичките закони и другите прописи непосредно ги извршуваат народните одбори.

Член 86
[уреди]

        Републичките органи на управата работите од својата надлежност ги вршат на освова и во рамките на сојузните и републичките закони, прописите на сојузниот и републичкиот извршен совет, како и прописите на сојузните органи на управата донесени во рамките од надлежноста на Федерацијата, а во согласност со смерниците на Извршниот совет.
        Републичките органи на управата ги вршат овие работи самостојно во рамките на дадените им овластенија.

Член 87
[уреди]

        Државни секретаријати се основаат за вршење работи од една или повеќе гранки на управата од надлежноста на републичките органи на власта.
        Државни секретаријати се: Државен секретаријат за внатрешни работи, Државен секретаријат за правосудна управа, Државен секретаријат за работи на стопанството, Државен секретаријат за работи на буџетот и државната администрација.
        Државните секретаријати се основаат, спојуваат и укинуваат со закон.

Член 88
[уреди]

        На чело на државните секретаријати стојат државни секретари кои самостојно ги вршат овластувањата дадени на државните секретаријати со закон, прописи на Сојузниот извршен совет и прописи на Извршниот совет.
        Државниот секретар за својата работа му одговара на Извршниот совет.
        Државните секретари полагаат заклетва пред Претседателот на Извршниот совет. Текстот на заклетвата го утврдува Извршниот совет.

Член 89
[уреди]

        Државниот секретар има право да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на уредбите и другите прописи на Извршниот совет. Државниот секретар може да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на закони и сојузни уредби само ако со законот односно сојузната уредба на тоа е овластен.
        Со закон или уредба можат да се одредат обврски за државниот секретар одделни правилници и наредби да му ги поднесе на претходна согласност на Извршниот совет.

Член 90
[уреди]

        Државните секретари, во рамките на својата надлежност, а во границите на закон, имаат право на надзор во поглед законитоста на работата на органите на управата на народните одбори, самоуправните установи што ги основаат републичките органи на власта како и оние установи и стопански организации за кои тоа ќе се определи со закон или уредба. Во вршењето на овој надзор државниот секретар има право да ги поништи или укине нивните незаконити акти.
        Органот на управата на народниот одбор, установата и стопанската организација чиј акт го поништил или укинал државниот секретар има право на жалба до Извршниот совет согласно одредбите на закон.
        Државниот секретар може да поништи, укине или задржи од извршување акт донесен во управната постапка само под услови предвидени со прописите односно начелата на управната постапка.

Член 91
[уреди]

        Државниот секретар има право да ги задржи од извршување незаконитите акти на народните одбори на околии и градови и да му предложи на Извршниот совет да ги поништи или укине.
        По работите што не се уредени со закон или други прописи на државните органи државниот секретар има право и должност да му укажува на Извршниот совет на актите на народните одбори со кои е повреден општиот интерес и да му предложува да преземе соодветни мерки за кој Советот е овластен.

Член 92
[уреди]

        Во државниот секретаријат можат да се назначуваат еден или повеќе потсекретари.
        Државниот секретар може да пренесе на потсекретарите одделни свои овластенија со согласност на Извршниот совет.

Член 93
[уреди]

        Совети се: Совет за просвета и Совет за народно здравје и социјална заштита.
        Советите се образуваат, спојуваат и укинуваат со закон.

Член 94
[уреди]

        Советите се колегијални тела и се составени од претставници на самоуправни установи, стручни и општествени организации како и граѓани што се истакнуваат со својата работа во бластите од надлежноста на советот.
        Советите за својата работа одговараат пред Извршниот совет.

Член 95
[уреди]

        Во вршењето на управните работи од надлежност на републичките органи на власта советот може да донесува правилници, наредби и упатства за извршување на уредбите, а овие акти може да ги донесува за извршување на законите и сојузните уредби само ако со тие прописи на тоа е овластен. Овие работи советот ги врши согласно смерниците што ги утврдува Извршниот совет.
        Советот донесува препораки за работа на самоуправните установи, а задолжителни одлуки може да донесува согласно правата утврдени со посебен закон.

Член 96
[уреди]

        На чело на советот се наоѓа претседател.
        Претседателот ги подготвува седниците на советот и раководи со нив, ги потпишува правилниците, наредбите и упатствата што ги донесува советот и врши други работи што му се ставени во надлежност со закон или уредба.

Член 97
[уреди]

        Претседателот и членовите на советот од редот на граѓаните ги именува Извршниот совет, а другите членови на советот ги делегираат установите и организациите.
        Извршниот совет може да го разреши секој член на советот. Ако разрешениот член на советот е претставник на установа или организација Извршниот совет ќе побара од установата односно организацијата да делегира друг претставник.
        Установата односно организацијата може да го отповика својот делегиран член на советот и наместо него да делегира друг член.

Член 98
[уреди]

        Советот има секретар кој раководи со работите на администрацијата и ги извршува одлуките и заклучоците на советот. Секретарот е државен службеник и во областа на управата може да има овластенија што му се определени со закон или прописи на Извршниот совет.
        Секретарот има право да учествува во работите на советот но не учествува во донесувањето на одлуките и заклучоците.
        За сите прашања од надлежноста на советот секретарот одговара на советот, а за вршење работи за кој посебно е овластен одговара и пред Извршниот совет.

Член 99
[уреди]

        Самостојни управи, управни установи и други самостојни републички органи на управата се основаат за вршење на определени управни работи од надлежноста на републичките органи на власта.
        Самостојните управи, управните установи и другите сакостојни републички органи на управата се основаат со  уредба.

Член 100
[уреди]

        На чело на самоуправните управи, управните установи и другите републички органи на управата можат да се назначуваат директори и други службеници што самостојно ги вршат овластенијата дадени на тие органи.
        Овие органи на управата во вршењето на правото на надзор во поглед законитоста на работата на органите на управата на народните одбори имаат исти права коко и државните секретари, а во поглед незаконитите акти на народните одбори имаат право и должност да му укажуваат на Извршниот совет на таквите акти и да му предлагаат да преземе соодветни мерки за кој Советот е овластен.
        Извршниот совет може да пренесува на овие раководни службеници одделни овластенија дадени на државните секретари само кога со закон е овластен за тоа.

Член 101
[уреди]

        Со закон и со прописи на Извршниот совет раководните службеници во државните секретаријати, советите и другите републички органи на управата можат да се овластат да донесуваат решенија во определени работи.

Член 102
[уреди]

        Извршниот совет е должен да ги поднесува на согласност на надлежните одбори на домовите нацртите од своите прописи за основање и организациони измени на органите на управата што повлекуваат издатоци кои не се предвидени со буџетот или треба да се вршат од буџетските резерви.

Член 103
[уреди]

        Против актите на државните секретари, советите и другите самостојни републички органи на управата може, согласно одредбите на посебен закон, да се започне управен спор пред надлежниот суд.
        Против актите на државните секретари, советите и другите самостојни републички органи на управата донесени во прв степен по работи во кои е исклучен управен спор може да се подаде жалба до Извршниот совет, ако со закон или уредба не е определено жалбата да се поднесува на друг државен орган.

Член 104
[уреди]

        Службениците на републичките органи на управата одговаараат за штетата што со својата незаконита работа ќе ѝ ја сторат на државата.
        Државата одговара за штетата што службениците со својата незаконита работа ќе ја сторат на граѓаните или правните лица. Државата има право на накнада од службеникот што ја сторил штетата со својата незаконита работа.
        Одредбите од претходните ставови важат и во поглед одговорноста на претседателот и членовите на Извршниот совет.

III. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
[уреди]
Член 105
[уреди]

        Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат главите VI, VII, VIII, IX и XII од Уставот на Народна Република Македонија од 31 декември 1946 година, како и одредбите од Уставот, законите и другите прописи што се во спротивност со одредбите на овој закон.
        Овој закон влегува во сила кога Народното собрание ќе го прогласи, а неговото спроведување ќе се врши по одредби на посебен закон.
        Во Скопје, 2 февруари 1953 година.

Народно собрание
на Народна Репблика Македонија

                           Секретар,                                       Претседател,
         Александар Мартиновски, с.р.      Димче Стојанов-Мире, с.р.

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  106.

ОДЛУКА
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ
НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНИВАЊЕ НА УСТАВНИОТ
ЗАКОН ЗА ОПШТЕСТВЕНОТО
И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ
НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

        На основа на член 41 точка 5 од Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија, Народното собрание на Народна Република Македонија на седницата одржана на 15 септември 1953 година донесе

ОДЛУКА

        Се прогласува и влегува во сила Законот за изменување на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројсто и органите на власта на Народна Република Македонија усвоен од Народното собрание на седнцата од 15 септември 1953 година.
        Во Скопје, 15 септември 1953 година.

Народно собрание
на Народна Република Македонија

                         Секретар,                                 Претседател,
                   Фируз Назим, с.р.            Димче Стојанов-Мире, с.р.

ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ЗАКОН
ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО
И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И
ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
[уреди]

        Член 34 од Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија се изменува и гласи:
        „Народните пратеници за Соборот на производителите ги избираат производителите одделно секој во својата производителна група
        Производителните групи се:
        1) Групата на индустријата, трговијата и занаетчиството, која ги опфаќа работниците и службениците запослени во индустријата, рударството, шумарството, градежништвото, транспортот, поштенско-телегравско-телефонската служба, трговијата, угостителството, комуналната делатност, занаетчиите и занаетчиските работници;
        2) Групата на селското стопанство, која ги опфаќа земјоделците што се членови на земјоделските задруги и членови на нивните домаќинства што се бават со земјоделството, работниците и службениците на селско-стопанските добра, селско-стопанските работници и службениците на земјоделските задруги.
        Право да избираат пратеници за собор на производителите имаат производителите што уживаат општо избирачко право.
        Во секоја производителна група се избира оној број пратеници за соборот на производителите што му е сразмерен на учеството на групата во вкупниот општествен производ на Народна Република Македонија во текуштиот републички општествен план.
        Во рамките на секоја производителна група пратениците се избираат по норма: еден пратеник на еднаков број производително население“.

Член 2
[уреди]

        Овој закон влегува во сила кога ќе го прогласи Народното собрание.

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАВ 1 ОД ЧЛЕН 76 НА УСТАВНИОТ ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]
НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  41.

ОДЛУКА
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ
НА СТАВ 1 ОД ЧЛЕН 76 НА УСТАВНИОТ
ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО
И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ
НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

        На основа на член 41 точка 5 од Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија, Народното собрание на Народна Република Македонија на заедничката седница на Републичкиот собор и Соборот на производителите одржана на 24 - III - 1954 година ја донесе следната

ОДЛУКА

        Се прогласува и влегува во сила Законот за изменување на став 1 од член 76 на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија усвоен од Републичкиот собор на седницата одржана на 24 - III - 1954 година и од Соборот на производителите на седницата одржана на 24 - III - 1954 година.

Број 254
Скопје, 24 март 1954 година

                                                                             Претседател
                                                                    на Народното собрание
                                                                      Лазар Колишевски, с.р.

ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА СТАВ 1 ОД ЧЛЕН 76 НА УСТАВНИОТ
ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО
И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И
ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Член 1
[уреди]

        Став 1 на член 76 од Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија се изменува и гласи:
        „Членовите на Извршниот совет се избираат од редот на членовите на Републичкиот собор. Бројот на членовите на Извршниот совет го определува Собранието при изборот, но овој број не може да биде помал од девет“.

Член 2
[уреди]

        Овој закон влегува во сила со денот на неговото прогласување на заедничката седница на обата дома на Народното собрание на Народна Република Македонија.

ЗАКОН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]

ЗАКОН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ЗАКОН ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
[уреди]

НАРОДНО СОБРАНИЕ НА НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  12.

ОДЛУКА
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА
СПРОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ЗАКОН
ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО И
ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТО И ОРГАНИТЕ
НА ВЛАСТА НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

        На основа член 71 од Уставот на НРМ од 31 декември 1946 година, Народното собрание на Народна Република Македонија, на седницата одржана на 2 февруари 1953 година, донесе

ОДЛУКА

        Се прогласува и влегува во сила Законот за спроведување на Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројство и органите на власта на Народна Република Македонија усвоен на седницата на Народното собрание на 2 февруари 1953 година:

ЗАКОН
ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНИОТ ЗАКОН
ЗА ОСНОВИТЕ НА ОПШТЕСТВЕНОТО
И ПОЛИТИЧКОТО УСТРОЈСТВО И
ОРГАНИТЕ НА ВЛАСТА НА НАРОДНА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРВ ДЕЛ
[уреди]
Член 1
[уреди]

        Уставниот закон за основите на општественото и политичкото устројсто и органите на власта на Народна Република Македонија прогласен на седницата на Народното собрание на НРМ на 2 февруари 1953 година ќе се спроведува според одредбите на овој закон.

Член 2
[уреди]

        Народното собрание ќе продолжи со работата во досегашниот состав и ќе ги изврши работите определени со овој закон.
        Постојаните одбори на Народното собрание, освен Одборот за народна власт, ќе работат во својот досегашаен состав до распуштањето на Собранието.

Член 3
[уреди]

        Народното собрание ќе донесе закон за избор на народните пратеници на Народното собрание (Републичкиот собор и Соборот на производителите).

Член 4
[уреди]

        Народното собрание ќе ја избере постојаната Комисија за толкување на законите и постојаната Комисија за народни одбори, предвидени со член 61 од Уставниот закон.

Член 5
[уреди]

        По влегувањето во сила на овој закон Народното собрание ќе изврши избор на претседател и членови на Извршниот совет по посебен работен ред што ќе го донесе Собранието.
        Со избирањето на Извршниот совет престанува со работа Президиумот на Народното собрание на НРМ и Владата на НРМ.
        Извршниот совет ќе ги врши своите должности додека Народното собрание, што ќе биде избрано согласно одредбите на Уставниот закон, не изврши нов избор на Извршниот совет.

Член 6
[уреди]

        Извршниот совет ќе ги образува, согласно одредбите од Уставниот закон, државните секретаријати и советите и ќе ги именува државните секретари и секретарите на советите. Извршниот совет ќе го определи и денот кога државните секретаријати и советите ќе почнат со работа.
        Со денот кога државните секретаријати и советите ќе почнат да работат престануваат со работа досегашните министерства и совети, како и другите органи на Владата на НРМ, освен тие што според одредбите на овој закон продолжуваат со работа.

Член 7
[уреди]

        Сите републички органи и установи што не се во состав на укинатите министерства и совети на Владата на НРМ како и установите во состав на тие министерства и совети, ќе продолжат со работа, доколку Извршниот совет инаку не определи.
        Државната арбитража при Владата на НРМ ќе продолжи со работа како Државна арбитража на Народна Република Македонија.
        За научно проучување развитокот и проблемите на стопанството во Републиката, за вршење на периодични анализи на стопанскиот развиток како и анализи за извршување на планот, за изработување на стопански планови, за разработување на поважни стопански прашања, како и за давање предлози од областа на стопанството, се основа Завод за стопанско планирање.

Член 8
[уреди]

        Претседателот на Народното собрание и еден секретар што Собранието ќе го определи, остануваат на должност до состанокот на новоизбраното Народно собрание.

Член 9
[уреди]

        Кога ќе ги заврши работите што со овој закон му се дадени Народното собрание ќе донесе одлука за своето распуштање.
        Извршниот совет ќе распише избори за Народното собрание според одредбите од член 29 на Уставниот закон.

ВТОР ДЕЛ
[уреди]
Член 10
[уреди]

        Додека не се донесат соодветни закони и други прописи, овластенијата на Президиумот на Народното собрание на НРМ, Владата на НРМ и нејзините органи, како и работите од нивната надлежност ќе ги вршат, согласно одредбите на овој закон, органите предвидени со Уставниот закон.

Член 11
[уреди]

        Овластенијата што со посебни закони и други прописи се дадени на Президиумот на Народното собрание на НРМ, Владата на НРМ и Претседателот на Владата односно Претседателството на Владата како и работите од нивната надлежност, се пренесуваат на Извршниот совет, доколку за одделни овластенија тоа не е во спротивност со одредбите на Уставниот закон, или за одделни работи со овој закон не е инаку определено.

Член 12
[уреди]

        Работите од укинатите министерства, совети и други органа на Владата на НРМ, доколку некои од тие работи според одредбите на Уставниот закон не спаѓаат во надлежност на Извршниот совет или за одделни работи со овој закон не е инаку определено, се пренесуваат во надлежност на следните републички органи:
        1) работите на Министерството на внатрешни работи се пренесуваат во надлежност на Државниот секретаријат за внатрешни работи;
        2) работите на Министерството на правосудието се пренесуваат во надлежност на Државниот секретаријат за правосудна управа, освен водењето на судската статистика од која кривичната се пренесува на Заводот за статистика и евиденција на НРМ а другата на Претседателот на Врховниот суд на Македонија;
        3) работите на Стопанскиот совет на Владата на НРМ, Советот за земјоделство и шумарство на Владата на НРМ, Советот за индустрија и градежништво на Владата на НРМ и Советот за промет со стоки на Владата на НРМ се пренесуваат во надлежност на Државниот секретаријат за работи на стопанството, освен работите на Главната управа за план која се укинува и чии работи се пренесуваат на Заводот за стопанско планирање;
        4) од работите на Министерството за финансии се пренесуваат на Државниот секретаријат за работи на буџетот и државната администрација: составувањето на нацрти за републичкиот буџет; контролата над извршувањето на републичкиот буџет; изработката на завршната сметка за извршувањето на републичкиот буџет; работите на расходната служба по републичкиот буџет; работите во врска со јавното правобранителство; контролата над употребата на дотациите од републичкиот буџет за самоуправните установи и општествените организации; работите за координација на постапката по оние ликвидации на установите и постапката при ликвидацијата на стопанските организации што се во тек; решавањето на финансиските прекршоци сторени во овие работи. Сите други работи се пренесуваат на Државниот секретаријат за работи на стопанството;
        5) работите на Советот за законодавство и изградба на народната власт на Владата на НРМ се пренесуваат во надлежност на Извршниот совет, освен работите во врска со систематизацијата, а кои се пренесуваат во надлежност на Државниот секретаријат за работи на буџетот и државната администрација;
        6) работите на Советот за просвета, наука и култура на Владата на НРМ се пренесуваат во надлежност на Советот за просвета;
        7) работите на Советот за народно здравје и социјална политика на Владата на НРМ се пренесуваат во надлежност на Советот за народно здравје и социјална заштита;
        8) работите на секретаријатот за персонална служба на Владата на НРМ се пренесуваат во надлежност на Државниот секретаријат за работи на буџетот и државната администрација;
        9) работите на Конисијата на Владата на НРМ установена на основа член 42 од Основната уредба за звањата и платите на службениците на државните органи се пренесуваат на посебен орган што ќе го основа Извршниот совет.

Член 13
[уреди]

        Сете општи овластенија дадени со републичките закони на одделни министри, совети и претседатели на совети на Владата на НРМ за донесување на прописи за извршување на законите, престануваат да важат со денот што Извршниот совет ќе го определи за почеток на работа на државните секретаријати и советите, а сите овластенија што со републичките закони и уредбите, наредбите и упатствата на Владата на НРМ им се дадени за регулирање на определени прашања, се пренесуваат на државните секретари и советите од оние државни секретаријати односно совети врз кои преминуваат работите на соодветните министерства односно совети, доколку по одредбите на Уставниот закон донесувањето на такви прописи не спаѓа во надлежност на Извршниот совет.

Член 14
[уреди]

        Правата и должностите што министерствата, советите и другите органи на Владата на НРМ, кои со овој закон се укинуваат, ги вршеа спрема определени државни установи во нивниот состав, преминуваат во соодветниот државен секретаријат односно совет, доколку Извршниот совет инаку не определи.
        Извршниот совет ќе определи кои републички државни органи во иднина ќе ги вршат спрема државните установи правата и должностите на државните органи што досега ги вршеа органите на Владата на НРМ кои со овој закон се укинуваат.

Член 15
[уреди]

        Извршниот совет, покрај службениците спомнати во член 71 точка 9 од Уставниот закон, назначува потсекретари и службеници со положба потсекретар, секретари на совети, старешини на самостојни управи, управни установи и други самостојни републички органи на управата, претседател и членови на Државната арбитража на НРМ и членови на Државната архива на НРМ.

Член 16
[уреди]

        Надлежноста што со законот за државните службеници на Народна Република Македонија е пропишана за членовите на Владата на НРМ во службеничките односи, се пренесува на државните секретари односно советите, а надлежностите на старешините на установите на Владата се пренесува врз старешините на самоуправните установи, управните установи и други самостојни органи на државната управа.
        Овластенијата што по Законот за државните службеници на Народна Република Македонија му се дадени на Претседателот на Владата на НРМ за давање согласност по решенијата за службеничките односи на државните службеници од прва врска (член 8 став 4 и член 10 став 2), за решавање по преместувањата на државните службеници (член 17 став 1), за одобрување на примањето на странски државјанин во државна служба (член 20 став 4) се пренесуваат на Извршниот совет.
        По службеничките односи за службениците на Народното собрание решава секретарот на Народното собрание. По службеничките односи за службениците на администрацијата на Извршниот совет што не ги назначува Извршниот совет, решава секретарот на Извршниот совет. За назначување на службеници од прва врска е потребна согласност на Извршниот совет. Против решението на секретарот на Народното собрание и секретарот на Извршниот совет за службеничките односи може да се започне само управен спор.

Член 17
[уреди]

        Извршниот совет, вршењето на одделни управни работи што по член 12 и 13 од овој закон се пренесуваат на него, може да го довери на своите одбори и комисии, а за давање согласност и за решавање по случаите наведени во член 16 став 2 и 3 може да овласти еден од своите потпретседатели.
        Извршниот совет одделни управни работи што по член 12 од овој закон се пренесуваат на него, може да ги стави во надлежност на други државни органи.

Член 18
[уреди]

        По жалбите против управните акти на државен секретаријат и совет или самостоен републички орган на управата донесени во прв степен во работи по кои не може да се води управен спор, како и по жалбите против управните акти што овие органи ги донесуваат во прв степен а за кои по одредбите на посебни закони или уредби е предвидено право на жалба, решава Извршниот совет, доколку со закон или уредба не е определен друг орган за решавање по жалбата.
        Против управните акти на одборите, комисиите и овластениот потпретседател на Извршниот совет донесени во прв и втор степен во работи по кои по закон не е исклучен управен спор може да се започне само управен спор.
        Против управните акти на Извршниот совет не може да се води управен спор.

ТРЕТ ДЕЛ
[уреди]
Член 19
[уреди]

        Се овластува Извршниот совет:
        1) до почетокот на работата на новоизбраното Народно собрание да може да уредува одделни прашања од надлежноста на републичките органи на власта, ако тоа го бара прилагодувањето на новиот уставен поредок и стопанскиот систем. Извршниот совет овие уредби ќе ги поднесе на потврда на новоизбраното Народно собрание, заедно со свој извештај за ползувањето на ова овластение;
        2) да подготвува законски предлози за ускладување на законите што постојат со Уставниот закон, како и во итни случаи додека Народното собрание не почне да работи со свои уредби да ги доведува законите што постојат во согласност со Уставниот закон, со обврска овие уредби да ги поднесе на потврда на Народното собрание;
        3) додека Народното собрание не почне да работа, да ги менува просечните стопи на акумулацијата и фондовите утврдени во Општествениот план на Народна Република Македонија за 1953 година;
        4) да донесува поблиски одредби за утврдување надлежноста на државните секретаријати, советите и другите републички органи на управата, како и да може да пренесува на народните одбори одделни работи што со републичките закони им се дадени во надлежност на републичките органи;
        5) да определи кои самостојни органи и комисии во состав на укинатите органи на Владата на НРМ се укинуваат и на кого преминуваат работите од нивната надлежност, а за оние самостојни органи на управата и комисии што остануваат да пропише кои републички органи спрема нив ќе ги вршат правата и должностите што му припаѓале на укинатиот орган на Владата;
        6) да може републичките управни установи да ги спојува и укинува, а правата и должностите што спрема тие установи им припаѓаат на државните органи да ги пренесува на други републички државни органи.

Член 20
[уреди]

        До распуштањето на Народното собрание народните пратеници ја примаат накнадата што досега ја примале.
        До одлука на Народното собрание, претседателот и членовите на Извршниот совет ќе примаат принадлежности според одлука на Извршниот совет.

Член 21
[уреди]

        Службениците на укинатите државни органи, што не ќе бидат преземени во новите државни органи, се ставаат на расположба на Извршниот совет.

Член 22
[уреди]

        Овој закон влегува во сила со денот на прогласувањето од Народното собрание.
        Во Скопје, 2 февруари 1953 година.

Народно собрание
на Народна Република Македонија

                             Секретар,                                         Претседател,
              Александар Мартиновски, с.р.          Димче Стојанов-Мире, с.р.

ПОЈАСНУВАЊЕ
[уреди]

        Бројот на редот во одделни членови во одделни Уставни закони, како и во точката 2 од Исправката на Амандманите на Уставот на Социјалистичка Република Македонија („последниот ред“) е според бројот на редот на страницата во „Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ и затоа, во повеќето случаи, не се совпаѓа.
        Во целиот текст на Уставот на Народна Република Македонија на местото на буквата „ѓ“ односно „Ѓ“ се употребува „гј“ односно „ГЈ“ и место буквата „ќ“ се потребува „к“.

ИЗВОРИ
[уреди]


        ₍₃₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 7/1946;
        ₍₄₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 23/1946;
        ₍₅₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 24/1946;
        ₍₆₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 1/1947;
        ₍₇₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 3/1953;
        ₍₈₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 29/1953;
        ₍₉₎„Службен весник на Народна Република Македонија“ број 10/1954;
      

НАПОМЕНА
[уреди]

        Wikisource не презема одговорност за евентуалните грешки во текстовите.
        Авторите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.