Трето писмо од апостол Јован (вики-превод)
Второ писмо од апостол Јован (вики-превод) | Трето писмо од апостол Јован Библија (вики-превод) од н.п. |
Писмо од апостол Јуда (вики-превод) |
Глава 1
[уреди]
Авторство и поздрави
[уреди]1Од старешината Јован, до мојот драг пријател Гај, кого искрено го сакам.
2Драги пријателе, ти посакувам сѐ добро да ти оди, да бидеш телесно здрав, како што си духовно јак.
3Многу се израдував кога некои од христијаните дојдоа кај мене и ми потврдија дека ти си на страната на вистината и чекориш по вистинскиот пат.
4За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите деца чекорат по вистинскиот пат.
За помагањето меѓу христијаните.
[уреди]5Драги пријателе, добро правиш што се грижиш и за други христијани, особено за дојдените од други места. 6Тие пред сите нас во црквата раскажаа за твојата љубов. Добро ќе сториш ако ги испратиш на начин како што прилега пред Бог, 7бидејќи тие патуваат заради Исусовото име, а не примаат никаква помош од оние што не се христијани. 8Заради тоа треба да покажеме гостопримство спрема такви луѓе, за и ние да земеме учество во ширењето на вистината.
Осуда на Диотреф
[уреди]9Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не нѐ признава нас.
10Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи нѐ злобно и неправедно. И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!
11Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Угледај се на оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо дете, а оној што прави зло, покажува дека не Го познава Бога.
Признание за Димитри
[уреди]12За Димитри сите зборуваат добро. Тоа се потврдува со вистинската порака што тој ја проповеда. И ние имаме добро мислење за него, а ти знаеш дека ние сме искрени.
Поздрави
[уреди]13Сакам уште многу нешта да ти кажам, но не сакам вака со перо и мастило.
14Се надевам дека наскоро ќе те видам и лице в лице ќе си поразговараме.
15Божјиот мир нека биде со тебе!
Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги и ти оние што ни се пријатели, секого поименично.