Прејди на содржината

Рут (вики-превод)/ 4 глава

Од Wikisource

3 глава Рут
4 глава
од н.п.
нема
врати се кон Стариот Завет
Превод за Викиизвор.

1Се искачи Боаз до градската[1] порта и седна. Кога избавителот за кого Боаз зборуваше дојде, Боаз му рече: „Дојди, седи овде пријателе!“, а тој дојде и седна.

2Викна десетмина[2] старешини од градот и им рече: „Седете овде!“, и тие дојдоа и седнаа. 3Тогаш му рече на избавителот: „Наоми, онаа што се врати од Моавските области, го продава делот од земјата што му припаѓа на нашиот брат Елимелех. 4Јас си реков, да ти кажам, да ти предолжам пред сите овде присутни и пред овие старешини од мојот народ - купи го! Ако сакаш да ги избавуваш, избави ги! Но ако не сакаш, кажи ми за јас да знам, зашто нема кој друг освен ти и јас после тебе.“ И тој рече: „Ќе ги избавам!“

5Тогаш Боаз му рече: „Оној ден кога ќе ја купиш земјата од Наоми и од Моавката Рут, вдовицата на починатиот треба да ја прибереш, за да се сочува името[3] на починатиот, заедно со неговиот имот.“

6Тогаш избавителот рече: „Јас не можам да ја избавам, зашто така може да го доведам во опасност сопствениот[4] имот. Ти избави ја, наместо мене, зашто јас нема да можам.“

7Е сега, во Израел, во старо време, кога се избавувало, или се купувало и продавало, за да се заклучи работата, човек ја собувал сандалата и му ја давал на другиот човек. Така се заклучувале работите во Израел. 8Па му кажа избавителот на Боаз: „Ти купи ја!“, и ја собу сандалата.

9Тогаш Боаз објави пред старешините и пред сите луѓе кои тој ден беа присутни за да сведочат: „Јас од Наоми купувам сѐ што му припаѓа на Елимелех и сѐ што им припаѓа на Килион и Махлон. 10А Моавката Рут, вдовицата на Махлон ќе ја приберам кај себе како жена, за да се сочува името на починатиот, заедно со неговиот имот и да не исчезне името на починатиот меѓу неговите браќа и во градот[5]. Денеска вие сте ми сведоци.“

11Тогаш сите луѓе кои стоеја пред портата и старешините рекоа: „Ние сме ти сведоци. Нека ГОСПОД ја направи жената што доаѓа во твојот дом како Рахел и Леа, двете жени кои го подигнаа домот на Израел. Нека се здобиеш со високо место во Ефрат и нека се прочуе името твое во Витлеем. 12Со потомството што ќе ти го даде ГОСПОД преку таа млада жена, нека стане твоето семејство како семејството на Перес, кого Тамар му го роди на Јуда.“

13Така Боаз ја зеде Рут и му стана жена, па влезе кај неа. Даде ГОСПОД таа да зачне и роди син. 14Тогаш жените ѝ рекоа на Наоми: „Нека се слави ГОСПОД, Кој денеска не дозволи ти да останеш без избавител. Нека се прочуе името Негово низ Израел. 15Тој ќе ти го обнови животот и ќе те гледа на стари денови, зашто твојата снаа што го роди и која те сака, ти вреди повеќе од седум синови.“

16Тогаш го зеде Наоми детето, си го стави[6] во скутот и се грижеше за него. 17Жените што живееја таму си рекоа: „На Наоми ѝ се роди син.“ и му дадоа име Овед[7]. Тој е татко на Јишај, а тој татко на Давид.

18Значи оваа е семејната лоза на Перес:

Перес му е татко на Хесрон,
19Хесрон му е татко на Рам,
Рам му е татко на Аминадав,
20Аминадав му е татко на Нахшон,
Нахшон му е татко на Салма,
21Салмон му е татко на Боаз,
Боаз му е татко на Овед,
22Овед му е татко на Јишај
и Јишај му е татко на Давид.

Белешки

  1. Место за обавување на зделки и заклучување на сите законски и јавни работи.
  2. Собрание неоходно за заклучување на законски работи.
  3. Првородениот син на Рут ќе го сочува името на Махлон и ќе го наследи неговиот имот.
  4. Тој немал обезбедено сопствен наследник, па ако со Рут добиел само еден син, тој би го наследел и неговиот имот, но би го носел името на Махлон, на тој начин неговиот имот би преминал во семејството на Елимелех.
  5. Букв. пред градската порта.
  6. Веројатно симболизира посвојување.
  7. Овед значи слуга, а веројатно е скратена форма од слуга ГОСПОДОВ.


Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse