Прејди на содржината

Псалми/ 9

Од Wikisource

8 Псалми
9 псалм
од н.п.
10
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 За пејачкиот началник, според напевот: „Умри за синот!” Давидов псалм. Ќе Те славам, Господи, со целото свое срце; ќе ги раскажувам сите Твои чудесни дела!
  2 Ќе се радувам и ќе се веселам во Тебе, ќе Му пеам на Твоето Име, Сèвишни!
  3 Моите непријатели се вратија назад, паднаа и загинаа пред Твоето лице.
  4 Зашто Ти ги заштити моето право и моето дело, Ти седна на престолот и пресуди праведно:
  5 ги изобличи народите, ги истреби нечесните, им го избриша името, за вечни векови.
  6 Непријателите исчезнаа - запустени засекогаш; Ти им ги разурна градовите - и споменот им го снема.
  7 Но Господ царува секогаш, го подготви Својот престол за судење.
  8 И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо.
  9 Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови.
10 Во Тебе се надеваат оние, кои го знаат Твоето Име, зашто не ги оставаш оние, кои Те барат Господи!
11 Пејте Му на Господа, Кој живее на Сион, разгласете ги Неговите дела меѓу народите;
12 зашто си спомнува за нив како одмаздникот за крв, и не го заборава викањето на бедните.
13 Смилуј ми се Господи: погледај на моето страдање од моите непријатели; Ти, Кој ме избавуваш од вратите на смртта;
14 за да ги навестувам сите Твои пофалби во вратите на Сионовата ќерка, за да се радувам поради Твојата спасителна помош.
15 Народите паднаа во јамата, што сами ја ископаа; стапицата што ја ставија тајно, ја фати нивната нога.
16 Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела.
17 Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.
18 Зашто бедниот нема да биде заборавен засекогаш; ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во неволја.
19 Стани, Господи, за да не се засили човекот; народите нека бидат осудени пред Тебе!
20 Господи, пушти страв на нив, нека познаат народите дека се луѓе.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse