Псалми/ 8

Од Wikisource

7 Псалми
8 псалм
од н.п.
9
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 На пејачкиот началник, со гетска свирка. Давидов псалм. Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја; Ти ја подигна Твојата Слава над небесата.
  2 Од устата на малите деца и на доилчињата, Си зацврсти сила заради Твоите непријатели, за да ги натераш да молкнат: врагот и одмаздникот.
  3 Кога ги гледам Твоите небеса, делото на Твоите прсти; месечината и ѕвездите што си ги поставил:
  4 Што е човекот за да си спомнуваш за него? Или човечкиот син за да го посетуваш?
  5 А Ти го направи само малку подолен од ангелите и го овенча со слава и чест.
  6 Го постави за господар над делата на Своите раце; сè му потчини под неговите нозе:
  7 сите овци и говеда, и полските ѕверови кон тоа;
  8 небесните птици и морските риби и сè што поминува по морските патишта.
  9 Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.