Прејди на содржината

Псалми/ 6

Од Wikisource

5 Псалми
6 псалм
од н.п.
7
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

1 На пејачкиот началник, со осум-жичена свирка. Давидов псалм. Господи, не ме изобличувај во Својата лутина, ниту ме казнувај во Својот гнев.
  2 Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат.
  3 Исто и мојата душа е силно потресена; а Ти Господи до кога?
  4 Врати се, Господи, избави ми ја душата; спаси ме заради Твојата милост,
  5 зашто во смртта не спомнуваат за Тебе; кој ќе Те слави во Подземјето?
  6 Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло.
  7 Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.
  8 Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач.
  9 Господ ја чу мојата молба; Господ ја прими мојата молитва!
10 Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели; нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse