Прејди на содржината

Псалми/ 47

Од Wikisource

46 Псалми
47 псалм
од н.п.
48
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 За началникот на пејачите. За Кореевите синови. Псалм. Ракоплескајте сите народи, воскликнувајте Му на Бога со радосен глас.
  2 Зашто тоа е Господ - Сèвишен, страшен, Велик Цар на целата земја.
  3 Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе,
  4 ни го избра наследството - славата на Јакова, кого го возљуби.
  5 Бог влегува, со воскликнување, Господ - со трубни звуци.
  6 Пејте Му на Бога, пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му!
  7 Зашто Тој е Цар на целата земја, пејте Му на Бога песни фалбени!
  8 Бог царува над народите, Бог седи на Својот свет престол.
  9 Народните првенци се прибраа како народот на Авраамовиот Бог. Божји се сите властодржци на земјата, Тој е возвишен над сите нив.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse