Псалми/ 28

Од Wikisource

27 Псалми
28 псалм
од н.п.
29
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Давидов псалм. Кон Тебе викам Господи, Карпо моја, не замолкнувај кон мене: да не би ако замолкнеш, бидам како оние што влегуваат во гроб.
  2 Послушај го мојот глас, кога викам кон Тебе, додека ми се кренати рацете кон Твоето Светилиште.
  3 Не погубувај ме со нечесните и со оние што прават беззаконие, кои зборуваат мирно со своите ближни, а во срцето им е злоба.
  4 Дај им според нивните дела и според нечесноста на нивните постапки! Плати им според делата на нивните раце, врати им според нивните заслуги!
  5 Зашто тие не внимаваат на Господовите дејства, ниту на делата на Неговите раце: нека ги разурне и повеќе нема да ги изгради!
  6 Благословен да е Господ, зашто го послуша гласот на моите молитви!
  7 Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам.
  8 Господ е сила на Својот народ, тврдина на спасението за Својот помазаник.
  9 Спаси го Својот народ и благослови го Своето наследство; паси ги и носи ги довека.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.