Псалми/ 20

Од Wikisource

19 Псалми
20 псалм
од н.п.
21
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 За пејачки началник. Давидов псалм. Господ да те послуша во тежок ден, Името на Јакововиот Бог да те штити!
  2 Да ти испрати помош од Светилиштето, и да те поткрепува од Сион!
  3 Да си спомни за сите твои приноси, и да ја прими твојата паленица!
  4 Да ти даде според желбата на твоето срце, и да ги исполни сите твои намери!
  5 Ќе се радуваме за твоето спасение, во името на нашиот Бог ќе ги дигнеме знамињата. Господ да ги исполни сите твои молби!
  6 Сега знам дека Господ го избавува Својот помазаник, го слуша од Своето свето небо, со спасителна сила на Својата десница.
  7 Едни се фалат со бојните коли, други со коњите; но ние во Името на Господа, нашиот Бог!
  8 Тие се сопнуваат и паѓаат, а ние станавме и стоиме.
  9 Господи, подари му победа на царот, послушај нè во денот кога ќе Те повикаме.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.