Прејди на содржината

Псалми/ 19

Од Wikisource

18 Псалми
19 псалм
од н.п.
20
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

 1 За пејачкиот началник. Давидов псалм. Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце.
  2 Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува.
  3 Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.
  4 Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената. Таму, за сонцето Тој оптегнува шатор,
  5 кое излегува како младоженец од својата ложница, се радува како јунак кога ја претрчува патеката.
  6 Излегува од небесниот крај и обиколува до крајот; и ништо не се крие од неговата топлина.
  7 Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот;
  8 Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите;
  9 Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни;
10 Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита.
11 Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда.
12 Но, кој ги сознава своите погрешки? Очисти ме од тајните прегрешувања!
13 Запази го Својот слуга од гордоста, да не завладее со мене. Тогаш ќе бидам непорочен, чист од голем грев.
14 Зборовите на мојата уста и размислувањата на моето срце, нека бидат угодни пред Тебе, Господи, Тврдино моја и Избавителу мој.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse