Прва книга летописи/ 6 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

5 глава Прва книга летописи
6 глава
од н.п.
7 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј.
  2 Каатови синови: Амрам, Исар, Хеврон и Озил.
  3 Амрамови чеда: Арон, Мојсеј и Мирјама. Аронови синови: Надав и Авијуд, Елеазар и Итамар.
  4 На Елеазар му се роди Финес, на Финес му се роди Ависуј;
  5 на Ависуј му се роди Вукиј, на Вукиј му се роди Озиј,
  6 на Озиј му се роди Зерај, а на Зерај му се роди Марајот.
  7 На Марајота му се роди Амариј, на Амарија му се роди Ахитов;
  8 на Ахитова му се роди Садок; на Садока му се роди Ахимас;
  9 на Ахимаса му се роди Азариј, на Азарија му се роди Јоанан;
10 На Јоанана му се роди Азариј, кој беше свештеник во Храмот што го изгради Соломон во Ерусалим.
11 На Азарија му се роди Амариј; на Амарија му се роди Ахитов;
12 а на Ахитова му се роди Садок, на Садока му се роди Салум;
13 на Салума му се роди Хелкиј, на Хелкија му се роди Азариј;
14 на Азарија му се роди Јоседек.
15 Јоседек отиде кога Господ ги одведе на заточение Јуда и Ерусалим преку Навуходоносоровата рака.
16 Левиеви синови беа: Гирсон, Каат и Мерариј.
17 Еве ги имињата на Гирсоновите синови: Ловениј и Симеј.
18 Каатови синови беа: Амрам, Исар, Еврон и Озил.
19 Мерариеви синови: Молиј и Мусиј. Ова се родовите на Левиевците според своите татковци.
20 Од Гирсон: син му Левениј, неговиот син Јат, негов син Зима,
21 негов син Јоах, негов син Идо, негов син Зера, негов син Етрај.
22 Катови синови: син му Аминадав, неговиот син Кореј, негов син Асир,
23 негов син Елкана, негов син Евијасаф,
24 негов син Тахат, негов син Урил, негов син Озиј, негов син Саул.
25 Елканини синови: Амасај и Ахимот;
26 негов син Елкана, негов син Суфиј, негов син Махат;
27 негов син Елијав, негов син Јероам, негов син Елкана. Елканини синови:
28 Самоил, негов првенец, вториот Авиј.
29 Мерариеви синови: Молиј, неговиот син Симеј, негов син Уза,
30 негов син Симај, негов син Агиј, негов син Асаја.
31 Ова се оние кои ги постави Давид за да се грижат за пеење во Господовиот Дом кога Ковчегот го најде таму своето почивалиште;
32 оние кои служеа пред Престојувалиштето пред Шаторот на средбата, пеејќи, додека Соломон не го изгради Господовиот Дом во Ерусалим, и кои ја вршеа службата според пропишан редослед.
33 Еве ги оние кои ја вршеа службата и нивните синови: од Каатовите синови: пејачот Еман, синот на Јоел, син на Самоил,
34 син на Елкана, син на Јероам, син на Елил, син на Тоја,
35 син на Суфа, син на Елкана, син на Мат, син на Амасај,
36 син на Елкана, син на Јоил, син на Азариј, син на Софониј,
37 син на Тахат, син на Асир, син на Авијасаф, син на Кореј,
38 син на Исар, син на Каат, син на Левиј, синот Израелев.
39 Брат му Асаф стоеше од десната страна; Асаф му беше син на Варахиј, синот на Симеј,
40 син на Михаил, син на Васиј, син на Малхиј,
41 син на Етниј, син на Зера, син на Адај,
42 син на Етан, син на Зима, син на Симеј,
43 син на Јат, син на Гирсон, синот Левиев.
44 Мерариевите синови, нивните браќа, му стоеја од левата страна: Етан, синот на Кисиј, син на Авдиј, син на Малух,
45 син на Асавиј, син на Амасиј, син на Хелкиј;
46 син на Амасиј, син на Ваниј, син на Самир,
47 син на Молиј, син на Мусиј, син на Мерариј, синот Левиев.
48 Нивните браќа левити беа поставени за секаква служба во Шаторот на Божјиот Дом.
49 Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици и врз кадилниот жртвеник, извршувајќи ја сета работа во Светината над светините и вршејќи го обредот за очистување од сè над Израел, според сè што заповеда Божјиот слуга Мојсеј.
50 Ова се Ароновите синови: син му Елеазар, неговиот син Финес, негов син Ависуј,
51 негов син Вукиј, негов син Озиј, негов син Зерај,
52 негов син Мерајот, негов син Амариј, негов син Ахитов,
53 негов син Садок, негов син Ахимас.
54 Ова се нивните живеалишта според населбите во нивното подрачје: на Ароновите синови од Каатовото семејство - зашто ним им падна жрепката -
55 им го дадоа Хеврон во Јудејската Земја со пасиштата околу него.
56 Градското Поле и неговите села му ги дадоа на Ефрониевиот син Халев.
57 И така, им ги дадоа на Ароновите синови градовите - прибежишта Хеврон и Ливна со пасиштата, Јатир и Естемој со пасиштата,
58 Илон со пасиштата, Девир со пасиштата,
59 Асан со пасиштата и Вет-Семес со пасиштата.
60 Од Венијаминовото племе: Гаваја со пасиштата, Алемат со пасиштата и Анатот со пасиштата; и така тринаесет градови според нивните родови.
61 На другите Каатови синови според племенските родови им паднаа со жрепка десет градови од половината Манасиево племе.
62 На Гирсоновите синови според нивните родови им припаднаа тринаесет градови од Исахаровото племе, од Асировото племе, од Нефталимовото племе и од Манасиевото племе во Васан.
63 На Мерариевите синови според нивните родови им припаднаа со жрепка дванаесет градови од Рувимовото племе, од Гадовото племе и од Завулоновото племе.
64 Така Израелевите синови им ги дадоа на левитите тие градови со пасиштата.
65 Ги дадоа со жрепка, од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови, тие градови кои се спомнати по име.
66 На оние кои беа од родовите на Каатовите синови, та добија со жрепка градови од Ефремовите племиња,
67 им ги дадоа како градови - прибежишта Сихем со пасиштата во Ефремовата Гора и Гезер со пасиштата,
68 Јокмеам со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата,
69 Ејалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата.
70 Од половината Манасиево племе им ги дадоа на родовите на другите Каатови синови: Анир со пасиштата и Вилеам со пасиштата.
71 На Гирсоновите синови синови им ги дадоа од родовите на половината Манасиево племе Голан во Васан со пасиштата и Астарот со пасиштата.
72 Од Исахаровото племе Кедес со пасиштата, Даврат со пасиштата,
73 Рамот со пасиштата и Аним со пасиштата.
74 Од Асировото племе Масал со пасиштата, Авдон со пасиштата,
75 Хукок со пасиштата и Реов со пасиштата.
76 Од Нефталимовото племе Кедес во Галилеја со пасиштата, Амон со пасиштата и Киријатаим со пасиштата.
77 На другите Мерариеви синови им ги дадоа од Завулоновото племе Римон со пасиштата и Тавор со пасиштата.
78 Од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на источната страна на Јордан, им ги дадоа од Рувимовото племе Восор во пустината со пасиштата, Јасу со пасиштата,
79 Кедимот со пасиштата и Мифат со пасиштата.
80 Од Гадовото племе Рамот во Галад со пасиштата, Маханаим со пасиштата,
81 Есевон со пасиштата и Јазир со пасиштата.

Поврзано

Надворешни врски


PD-icon.svg Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
Nuvola apps important.svg
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.