1 Вратарски редови беа: Од Кореевците: Кореевиот син Меселимиј меѓу Асафовите синови;
2 а Меселимиевите синови: првенецот Захариј, вториот Једијаил, третиот Зевадиј, четвртиот Јатнил,
3 петтиот Ела, шестиот Јоанан, седмиот Елијоенај.
4 Синови Овид-Едомови: првенецот Семај, вториот Јозавад, третиот Јоах, четвртиот Сахар, а петтиот Натанаил,
5 шестиот Амил, седмиот Исахар, осмиот Феултај, зашто Го благослови Бог;
6 а на неговиот син Семај му се родија синови, кои беа главатари во семејството, зашто беа храбри луѓе.
7 Синови на Семај беа: Готни, Рафаил, Овид, Елзавад со своите браќа, храбри луѓе, Елиуј и Семахиј.
8 Сите тие беа од Овид-Едомовите синови, тие и нивните синови и нивните браќа, храбри луѓе, способни за служба; беа шеесет и два од Овид-Едом.
9 Меселимиеви синови и браќа, храбри луѓе, беа осумнаесет.
10 Осини синови од Мерариевите синови: главатарот Симриј, иако не беше првенец, неговиот татко го постави за главатар;
11 вториот Хелкиј, третиот Тевалиј, четвртиот Захариј; сите синови и браќа на Ос беа тринаесет.
12 Ова се вратарските редови. Главатари на овие јунаци беа, како и нивните браќа, чувари во служба на Господовиот Дом.
13 Фрлаа жрепки, најмалиот како и најголемиот, по семејствата за секоја врата.
14 Жрепката на исток му падна на Селимиј; неговиот син Захариј беше мудар советник. Кога ги фрлија жрепките, му падна жрепката на север,
15 на Овид-Едом на југ; а на неговите синови на ризницата;
16 на Суфим и Ос на запад со Салехетската Врата, на патот што води кон нагорницата; стражата беше до стража.
17 Од исток четири на ден, од југ четири на ден; а кај ризницата по двајца.
18 На храмската приградба, од запад, четворица на нагорништето, двајца кај приградбата.
19 Тоа се вратарските редови меѓу Кореевите и Мерариевите синови.
20 Левити, нивни браќа, беа: Ахиј над ризницата на Божјиот Дом и над ризницата на посветените работи.
21 Ладанови синови, Гирсоновци по Ладан, главатари на семејствата на Ладан Гирсоновецот, беа Ехиловците.
22 Ехиловците Зетам и брат му Јоил беа настојатели над ризницата на Господовиот Дом.
23 Од Амровците, од Исаровците, од Хевроновците и од Озиловците беа:
24 Севуил, син на Мојсеевиот син Гирсон, надгледник над сокровиштето.
25 Неговите браќа од Елиезер: Реавиј, син му, неговиот син Есаиј, неговиот син Јорам, неговиот син Зихриј, неговиот син Селомит.
26 Тој Селомит со своите браќа беше одговорен за сето сокровиште на посветените работи, кои ги посвети царот Давид со семејните главатари, со стотниците и со воените заповедници.
27 Посветија дел од воениот плен за да зајакне Господовиот Дом.
28 Сè што беа посветиле гледачот Самоил, Кисовиот син Саул, Нировиот син Авенир и Серуиниот син Јоав, сè посветено, беше под надгледништво на Селомит и на неговите браќа.
29 Исаровците Хенаниј и неговите синови беа над светските работи како надгледувачи и судии во Израел.
30 Хевроновците Асавиј и неговите браќа, илјада и седум стотини храбри луѓе, управуваа со Израел од оваа страна на Јордан кон запад во секоја Господова работа и во царската служба.
31 Главатар на Хевроновците беше Јериј. Во четириесеттата година на Давидовото царување ги побараа семејните родословија на Хевроновците, и се најдоа меѓу нив храбри луѓе во Галадскиот Јазир.
32 Неговите браќа, храбри луге, беа две илјади и седум стотини семејни главатари; цар Давид ги постави над Рувимовото и над Гадовото племе и над половината Манасиево племе за сите Божји дела и за царските дела.