Прејди на содржината

Прва книга за царевите/ 17 глава

Од Wikisource

16 глава Прва книга за царевите
17 глава
од н.п.
18 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Тесвиецот Илија, од Галадската Тесва, му рече на Ахава: „Живиот ми Господ, Израелевиот Бог, Кому Му служам, во овие години ќе нема ни роса ни дожд, освен по моја заповед.”
  2 Господовото слово му беше упатено вака:
  3 ”Оди оттука и тргни кон исток, и скриј се при потокот Херит, што е спроти Јордан.
  4 Ќе пиеш од потокот, а на гавраните им заповедав да те хранат таму.”
  5 Тој отиде и направи според Господовото слово, и се настани при потокот Херит, спроти Јордан.
  6 Гавраните му донесуваа леб наутро, а месо навечер; пиеше од потокот.
  7 Ама по некое време потокот пресуши, зашто немаше дожд во сета земја.
  8 Тогаш му дојде Господовото слово на Илија:
  9 ”Стани, оди во Сидонска Сарепта и остани таму. Еве, таму и наредив на една вдовица да те храни.”
10 Тој стана и тргна во Сарепта. Кога стигна до градската врата, некоја вдовица собираше дрва таму; тој и се обрати и рече: „Донеси ми малку вода во врчвата, да пијам!”
11 Кога тргна да донесе, тој викна по неа и и рече: „Донеси ми и малку леб во раката!”
12 Таа одговори: „Живиот ми Господ, твојот Бог, јас немам печен леб, немам освен грст брашно во сад и малку масло во врчва. И еве собирам дрва, па ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за сина си, за да го поделиме и да умреме.”
13 Но Илија и рече: „Не бој се. Оди и направи како што рече; само замеси ми првин колаче, па ми го донеси; а тогаш зготви си за себе и за сина си.
14 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Нема да снема брашно во садот, ниту ќе се испразни врчвата со масло, сè додека Господ не пушти да падне дожд на земјата.’”
15 Таа отиде и направи како што и рече Илија; и имаа јадење за многу денови, таа, тој и нејзиниот син.
16 Брашното од садот не се потроши и во врчвата не снема масло, според словото што Господ го рече преку својот слуга Илија.
17 По овие збиднувања се разболе синот на домаќинката, и неговата болест се влоши многу, така што во него не остана здив.
18 Тогаш таа му рече на Илија: „Што имам јас со тебе, Божји човеку? Зар дојде кај мене за да ме потсетиш на мојот грев и за да ми го усмртиш синот!”
19 Тој и рече: „Дај ми го својот син!” Тогаш го зеде од нејзината прегратка, го однесе во горната соба каде што живееше, и го положи во својата постела.
20 Тогаш извика кон Господа и рече: „Господи, Боже мој, зар навистина сакаш да ја натажиш вдовицата, која ме нагости, умртвувајќи и го синот?”
21 Потоа се испружи трипати над детето повикувајќи Го Господа: „Господи, Боже, направи да се врати во ова дете неговата душа!”
22 Господ ја послуша молбата на Илија, душата се врати во детето, и тоа оживе.
23 Илија го зеде, слезе од горната соба во куќата и и го даде на неговата мајка: и Илија рече: „Еве, твојот син е жив!”
24 Жената му рече: „Сега знам дека ти си Божји човек и дека Божјото слово во твојата уста е вистинито!”

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse