Од борбата/ 7 песна

Од Wikisource
6 песна „7 песна“

од народното творештво
8 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947. Песната е од Лазарополе.

Не плачи, Малино моме, не жалај,
утре ке одам партизан,
на Караорман славен планина.
Ајде, Малино, ќ' одиме
на Караорман планина,;;
таму е нашта дружина.
 
Ја слези, Малино моме, подолу,
еј на подолното кладенче,
набери китка босилек,
подај ми да помирисам.
Ајде, Малино, к' одиме
на Караорман планина,
таму е нашта дружина.


Поврзано[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.