Борба се почна за слободата,
меѓу фашисти и партизани,
да изгониме наши душмани,
што поробија нашата земја
и измачија нашиот народ.
Од Караорман, Главна куманда,
глас се разнесе пo цела земја:
„Удрите, браќа, бите се славно
за слободната Македонија
и за нашата Југославија.
Тито е тука, веќе пристигна
И што е живо на нозе дигна.
Ќе победиме тие фашисти,
нашата земја ќе се очисти!“
Бивме се славно рамо до рамо
сo сите браќа Југословени.
Малцина бевме, многу гоневме,
и бевме слабо наоружани,
нo пак разбивме наши душмани.
Ни погинаа многу другари,
нo изгонивме cите фашисти
што поробија нашата земја
и ограбија нашиот народ.
Да ни живее омладината,
да ја уреди Републиката.