Оваа земја,
сега што ја чекорам,
оваа земја,
која пролетен ветер ја буди,
оваа земја - не е моја земја[1],
оваа земја,
простете, е туѓа!
Рано тргам.
Фабричниот пат
го затнуваат,
кошули
без број.
Слеани сме со срце, со ум,
но земјава... не ја чувствувам за моја!
Над мојата земја
напролет
зраците
шумолат.
Грмат водопади
од сонце
над мојата
земја.
Го чувствуваш длабоко,
срцето во градите на земјата
и гледаш како скокум
безбројни цвеќиња растат.
Над мојата земја,
небото
Пирин
го потпира.
И мурите[2] в бура
илинденски приказни пејат.
Над Охрид лазурот е
толку простран и син,
а уште подолу
е светлиот брег на Егејот.
Сал ќе си спомнам,
и крвта ми надојдува
во срцето, кое
се топи од некаква нежност...
Земјо моја! Моја прекрасна земјо!...
Поена со крв,
потресена
во метежи.
По Беласица жичени мрежи...