Зборник на Шапкарев/ Самовила и свекрва је

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

нема Самовила и свекрва је

од Кузман Шапкарев
Пројчо арамија, златно пиле и самовила
Песната е на современ македонски правопис. Песната е од Брчево, Струга.

Самовила оро вила,
оро вила на планина.
Сфекрва jе викум викат:
- Самовило, снао мила!
Пушчи оро, доjди дома
от' ти плачит м’шко дете!
- А, сфекрво, мајке-мила!
Ќе ти пушча овца с млеко,
да нацицат м’шко дете;
ќе ти пушча тифка роса,
да иск'пит м’шко дете;
ќе ти пушча тифки ветер,
да залељат м’шко дете.


Поврзано[уреди]