Повали се таја кучка ламја,
Повали се от длабоко море,
Во широконо Солунско поле
Да ми одит во Маркоите кули,
Да поголтнит Марко машко дете!
Ја дочула Ерина Самовила,
Самовила, Марко је посестрима,
Та ми ошла, Марко му казала.
Велит Марко младе Маркојце:
„Искапи ми мое машко дете,
Повиј ми го в сфилени пелени,
Повиј ми го во лулќи стребрени
И со повој позлатени;
Ќе го водам на шетање.
И влези си в долга коњушница,
Извади ми мојата сејсана,
Стегни ми ја со девет попраѕи.“
Си отиде млада Маркојца,
Си отиде в долга коњушница,
Ми изваде негоа сејсана,
Ја напраи, добро ја оружа
И му кладе белион шатор,
Бели шатор и остра сабја,
Остра сабја жолта боздогана.
Ф’скут му даде сфоје машко дете
С лулќи стребрени, повој позлатени.
И отиде Марко во гора зелена,
Во гора зелена, во темна клисура;
И си разви белана шатера,
Та си кладе свое машко дете.
Си поведе х’рти и загари;
Си поведе соколи, лахури,
Киниса Марко во гора зелена
Да си ваќат диви дихании.
Лов улоја, а дете си заборај,
Ми излегла ветерна ламиа
Од длабоко море во Солунско поле;
Му голтнала дете от шатора.
Тогај Марко текна за детето.
Ко’ отиде, дете да си видит,
Си ми најде саде празни крошни,
А дете? - никаде го немат!
Му велит Марко на х’рти и загари:
„Трчете вије во Солунско поле,
Да фтасате таа кучка ламја,
Да а фтасате, ноѕе да је подјадите,
подјадите очи извртите;
и ја сега бргу ќе ви фтасам!“
Ја фтасале во Солунско поле, -
х’ртите ноѕе је подјале,
Соколи и лахури очи и извртиле;
И ми стасал кралевиќе Марко,
Ми ја фтасал таја кучка ламја;
Си извајл своје врушко ноже,
Та распарал нејзино клето срце,
Та извајл своје машко дете.