„Леле Јуве, моме Јуве,
Ѓиди црна калуѓерко!
Не оди ли, не шета ли,
Не најде ли нигден вода,
Да измиеш бело лице,
Бело лице от пра'ове,
Црни очи от плачове?“
- „Синоќ ојдо', друшќи, на чешмата,
На чешмата самовилска;
Тамо најдо' две невести,
Две невести самовили,
Дека бањат машки деца.
На мене ми говоре'а:
„Ајде, Јуве мори, сос нас иди,
Сос нас иди, наша биди -
Да ни носеш алатите,
Да ни гледаш машки деца!“
-„Е', виека, две невести,
Две невести самовили!
Почекајте оште мау“ку,
Да помине ден Велигден, .
По Велигден, ден Ѓурѓовден,
Тогај вие да дојдите!"