Зборник на Миладиновци/ 68 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Симон и негова невеста 68 песна

од Браќа Миладиновци
Сирота Јана
на современ македонски правопис


Имала мајка еднего сина
Еднего сина млади спаиа
Во понеделник го посвршила,
А во четворток го оженила,
А во петокот абер му дошол,
На војска д' одит ендек да копат.
Ке ја остаит млада нееста
Ем тељосана, ем каносана,
Ем каносана, нецеливана.
И ми станала млада нееста,
Та што ми влезе в мала градина,
Што ми набрала киска босиљок,
И му пор'чвит млада нееста:
„Егиди море младо спаифче,
Да си ја скриеш оваа киска,
Да си ја држиш девет години,
Да ја поглеаш киска босиљок.
Кога ке ми ти киска овенит,
Тога ке ти се пусто посврша;
Кога ке ти се киска изгорит,
Ја тога пусто ке се ом'жа.”
И си ја зеде младо спаифче
И си ја зеде киска босиљок,
Што си ја кладе в десна пазуа,
Што си ја чува девет години,
А на десета му је текнало,
Киска босиљок је поглеало;
Киска босиљок ми овенела
Ми овенела, ми загорела.
Ендек ми копат и с'лѕи ронит,
Дури ендекот го завадило.
Си го догледа верна дружина,
Си го опитвит младо спаифче,
„Егиди море младо спаифче,
Младо спаифче, верна дружина!
Што ти се тебе мошне нажали,
Та олку плачиш мошне умилно?
Али за мајка, али за татка?”
Тога ми зборвит младо спаифче:
„Егиди вие верна дружина!
Ни мајка жаља, ни татка плача,
Туку си плача млада нееста.
Мајка имаше еднего мене,
Во понеделник ме посвршила,
А во четворток ме оженила,
А во петокот абер ми дошол,
На војска д' ода ендек да копа.
Си ја остаиф млада нееста
Ем тељосана, ем каносана
Ем каносана, нецеливана.
Та што ми даде киска босиљок,
И ми нар'ча млада нееста –
Кога ке ми ти киска овенит,
Ја тога ке се пусто посврша;
Кога ке ми ти киска изгорит,
Ја тога ке се пусто ом'жа;
Киската сега ми овенала
Ми овенала и загорила;
Сега се м'жит моја нееста.”
Тога му зборвит верна дружина:
„Егиди море младо спаифче!
Коња јавна си дома одај си;
Мие за тебе риџа чиниме
Риџа чиниме завал да немат.°
Коња си јавна младо спаифче,
Коња си јавна дома да одит,
Пусти п'тишта и забораил,
А брза коња и паметвило.
Колку ми дошле во стреде гора,
Што си стретие младо нееста
Млада нееста со се сватои.
Тога им велит младо спаифче:
„Егиди вие китени сватoј!
Аљ изан имат млада нееста
Р'ка да бацит, дар да је дарва?”
Тога рекое млади сватои:
„Адет немаме р'ка да бацвит
Р'ка да бацват на п'тницине.”
Тога ми велит младо спаифче:
„Со арно изан да је даите,
Дане без изан р'ка ми бацит!”
Р'ка му баци, и си ја дарва
Си ја дарва бурма позлатена,
Што си ја тои прво прстенвал.
И си ја позна млада нееста
И си ја позна бурма златена,
И си го фарли дулак от глаа,
И што си слезе от брза коња: -
„Позастојте се бели сватои!
Д' овдека било, божје речено,
Оти ми дојде мојот господин,
Јас не је кабил со вас да идам!”
Тога ми зборвит младо спаифче:
„Егиди мори млада неесто,
Али је жива мојата сестра,
Аљ је м'жена, аљ је нем'жена?”
Тога му зборвит млада нееста:
„Ни је м'жена, ни је свршена.”
Toгa cи зборвит младо спаифче:
„Егиди море бели сватои!
Ајте пак назод дома да ојме,
Ја назод празни вас не ве пуштам,
Ке ви променам мојата сестра
Мојата сестра млада нееста,
Невеста мене, а сестра тебе.”
Дома и врати бели сватои,
Та што с' и држа три дни, три ноќе.
Си ја промена милата сестра
Си ја промена си ја испрати.