Зборник на Миладиновци/ 624 песна

Од Wikisource

623 песна 624 песна

од Браќа Миладиновци
625 песна
на современ македонски правопис.


Моме стои крај бел Дунав
И сос Дунав си зборуве:
„Еј ти Дунав, ти бел Дунав,
Как сум тенка, ем висока
Уште да беф црнојока,
Беф го зела царевото
Хазнатарче, праматарче;
Он на вечер книга гледе,
На пладнина хазна брое,
На киндиа на лов оде,
На вечера от лов иде.