Зборник на Миладиновци/ 505 песна

Од Wikisource
504 песна 505 песна

од Браќа Миладиновци
506 песна
на современ македонски правопис.


„Жаљај, Ѓурѓо, да жаљаме,
Како ке се разделиме,
Ти от мене, јас от тебе.
Ја вкачи се в одајата,
Та подај ми тамбурата,
Јас да свирам, ти да играш.
Ја седни ми на колено,
Да отпетљаш рет петлици,
Да ми видиш кошуљата
Неиспрана три години;
Кошуљата кир фатила.
Ја земи ја, испери ја.”
Му говоре калеш Ѓурѓа:
„Ојти лудо, лудо младо!
Немам вода да исперам.”
Изговоре лудо младо:
„Твојте очи, два кладенца,
Еден студен, други топол.”
Изговоре калеш Ѓурѓа:
„Ојти лудо, лудо младо!
Немам сапун да исперам.”
Изговоре лудо младо:
„Твојте р'це, два калупа,
Два калупа гирит сапун.”
Изговоре калеш Ѓурѓа:
,,Ојти лудо лудо младо!
Немам копан да исчукам.”
Изговоре лудо младо:
„Твојте ноѕе два копана,
Два копана за чукање.”