Зборник на Миладиновци/ 499 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
498 песна 499 песна

од Браќа Миладиновци
500 песна
на современ македонски правопис.


Ветар ми веит гора се леит
Гора се леит, мома ми цвилит!
„Оф леле мајка ми студит!”
Мајка је ми ја дочула:
„Ела ми керко при мене!”
Си појде при мајка,
Како зиме при мраза.
Ветар ми веит, гора се леит,
Гора се леит, мома ми цвилит:
„Оф леле, татко ми студит!”
Татко је дочу:
„Ела ми, керко, при мене!”
Појде при татко,
Како зиме при мраза.
Ветер ми веит, гора се леит
Гора се леит, мома ми цвилит:
„Oф леле, брате, ми студит!”
,,Ела ми, сестро, при мене!”
Си појде при брата,
Како зима при мраза.
Ветер ми веит, гора се леит
Гора се леит, мома ми цвилит:
„Оф леле, лудо, ми студит!”
И ми ја дочу лудото:
„Ела ми, љубов, при мене!”
И си појде при лудо,
Како лето на бана.