Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 413 песна

Од Wikisource
412 песна 413 песна

од Браќа Миладиновци
414 песна
на современ македонски правопис.


Кинисало моме на квечер на вода,
На квечер на вода на ни една доба;
И је сусретило една лудо младо,
Моме целивало и киска је зело,
Тешко не је падна дека је целива,
Потешко је падна, зашт је киска зеде.
„Как да појдам дома, на мајка да кажа!”
IIраво појде дома дури на давиа
„Кадиа, кадиа, суди как се судит;
Сум си кинисала на квечер на вода,
На квечер на вода на ни една доба,
И ме сусретило една лудо младо,
Младо ме целива и киска ми ѕеде.
Тешко не ми падна дека ме целива,
Потешко ми падна зашт' ми киска зеде.”
„И јас да те најдам на ни една доба,
И јас те целивам и киска ке зе'ам.”