Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 388 песна

Од Wikisource
387 песна 388 песна

од Браќа Миладиновци
389 песна
на современ македонски правопис.


Бојо ле, Бoјо Бојано!
Дали си чула разбрала,
Што је дошло едно младо
Едно младо базирѓанче,
Кондисало стред селото,
Стред селото на бунарот,
Да продава чиста стока,
На децата чиста свита,
На момите ж'лто злато
Ж'лто злато и коприна.
Не је дете к'де годе,
Ток је белек на земјата,
К'де стсе, слонце грее,
Ка зборува, бисер блува,
Ка се смее, злато лее.
Ка си дочу бела Боја,
Та си стана, та си зеде
Леген, ибрик, раки сапун,
Та си изми бела лице,
Отвори си килерето.
Килерето, ковчеџето,
Си искара чисто рухо,
Се промени, се нареди,
Да си узе празна фурка
Празна фурка без к'деља,
Вретеното непредено;
Та киниса кротко, кротко,
Кротко, кротко на големо,
Та си појде на бунарот
На бунарот, крај чинарот.
Нито зема, нит купува,
Очи фрли в бездриѓанче,
Мошне и је в срце влегло.
Скоро, скоро, се поврна,
Та си појде дури дома,
На мајка си и говоре:
„Ти си врла магесница,
Ти врзи му п'тиштата,
Баздриѓанче тук' д' остане.”