Зборник на Миладиновци/ 373 песна
372 песна | 373 песна од Браќа Миладиновци |
374 песна |
на современ македонски правопис. |
„Куме ле, куме, кум Карафиле!
Учи си карај крштеничето,
Да не расфрљат црните очи;
Секое село се посестрими,
Секое село се по две, по три,
Нашето село се печестина,
Туку се чудит која да љубит.”
„И си го карам и си го учам,
Кога не слушат, што да му чинам,
Кога је убаф секој го љубит.”
Што ми је дошло лудоно младо,
Што му донесе љута ракиа,
Љута ракиа да се напиет,
Да не ми чинит големи зулум.
Сон ми го варит, и ми го кршит,
А немат лудо да ми заспиет.
Се зачудие кутри сељани,
От што ми чинит големи зулум,
Му донесое згодна вечера,
Болаки лудо да ми вечерат
Да ми вечерат, да ми заспиет;
Му донесое старана баба,
Чес да му чинит дан' ке заспиет;
Пак немат лудо да ми заспиет.
И му турие рујноно вино,
Дан' с' опијанит, да не заспиет;
Пак немат лудо да ми заспиет.
Му донесое малконо моме;
Колку му седна на коленото,
Му ја префрли десната р'ка
Десната р'ка на десно рамо,
В часот лудото ми је заспало;
Тивнале луѓе от тешки зулум.