Зборник на Миладиновци/ 334 песна

Од Wikisource
333 песна 334 песна

од Браќа Миладиновци
335 песна
на современ македонски правопис.


Петрице, моме Петрице!
Деј гиди риба летнице,
Црвено от Охрит јаблко,
Преспанска т'нка јагуља,
Блибасансконо ноже,
Јуручка топла погача,
Битолско поле широко,
Тиквешка бела пченица,
Солунско суво грозјенце,
Воденска ширка црвена,
Негошко вино убаво!