Зборник на Миладиновци/ 328 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
327 песна 328 песна

од Браќа Миладиновци
329 песна
на современ македонски правопис.


Море момиченце м'нанко,
В кр'стта си тврде т'нанко,
Не гледај доло и горе,
Но гледај Банка в очите,
За да те Банко испише
На турска бело хартиа.
Банко ште да т' проводи,
Да види татко и мама
Какво с'м либе залибил,
На тојзи пусти виљает;
Сн'га му т'нка висока,
Лице му бело, червено,
Вежди му черни гајтани,
Уста му чешка сребарна,
Очи му черни череши.