Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ 304 песна

Од Wikisource
303 песна 304 песна

од Браќа Миладиновци
305 песна
на современ македонски правопис.


К'д се је чуло видело,
Нат село река да течит,
Крај река дрво бурово,
Бурово, тенко високо.
Тамо се бере соберот,
Момите оро играјат,
Стариците вино си пиат,
Ергени облок си чинат:
„Кој ке префрле дрвото
С триесет глави јаболки,
Сос триста оки железо,
Тоа ке земе Ирина,
Ирина мома шенлива.”
Наимна ерген не може,
Наимна женет не може,
Наимна 'довец, префрли,
Тој ке земе Ирина,
Ирина мома шенлива,
Викна Ирина да плачит:
Олеле, боже, до бога!
Што ми ј е било пишано,
'Довецо мома да земит,
Ергени баби да земат.”